Софија ги потврди позициите за Македонија и во владината стратегија до 2030 година - Канал 5

Софија ги потврди позициите за Македонија и во владината стратегија до 2030 година

По 100 дена на функцијата, Румен Радев ја впиша бугарската позиција за македонските евроинтеграции и во владината стратегија до крајот на неговиот мандат. 

Софија ги потврди позициите за Македонија и во владината стратегија до 2030 година

Во документот со задачи за исполнување до 2030 година, има дел насловен „активна, принципиелна и национално одговорна билатерална дипломатија“, кадешто за земјава пишува: Добрососедски односи со Македонија, обврзани со спроведувањето на преземените обврски и вистинската заштита на правата на Бугарите во Македонија. Рок: мај 2030 година.

После издвоениот дел за Македонија, во документот стои дека се за зајакнување на односите со земјите-кандидатки од Западен Балкан (Србија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина) и дека Бугарија го поддржува проширувањето како алатка за стабилност во сопствениот регион.

Од друга страна, македонската димпломатија бара излез од ќор-сокакот со бугарското вето. Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во неколку наврати изјави дека се води активен дијалог со европските институции и со Бугарија, но се уште немаат најдено прифатливо решение за сите страни.

-Разговараме за повеќе решенија, за коишто, да, ќе потврдам дека едно од потенцијалните решенија за кои сме дискутирале е и моделот на уставни измени со одложна примена, но сеуште не сме стигнати до фаза да имаме решение кое е прифатливо за сите страни. За нас што клучно – предвлидливоста и сигурноста дека нема да бидеме условувани за прашања поврзани со историја, идентитет, јазик, култура. - Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи

Дека постои димпломатска офанзива има потврда уште пред еден месец од евроамбасадорот Рокас, кој првпат кажа дека се преговара „под радарот“. Претседателката Сиљановска Давкова во гостување на Канал 5 пак изрази надеж дека клучниот момент за евроинтеграциите е 30 септември кога се очекува ЕУ да го соопшти планот за проширувањето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени 11 возачи за безобѕирно управување со возило, малолетник возел без дозвола

Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување со возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник.

Уапсени 11 возачи за безобѕирно управување со возило, малолетник возел без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник. Додека, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување со возило. Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му нареди на Пентагон да ги намали заедничките воени вежби со Јужна Кореја оти тој има добар однос со Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера нареди значително намалување на претстојните заеднички воени вежби со Јужна Кореја, повикувајќи се на својот „многу добар однос“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Трамп му нареди на Пентагон да ги намали заедничките воени вежби со Јужна Кореја оти тој има добар однос со Ким

Трамп исто така навести дека годишните вежби со јужнокорејските сили би можеле на крајот целосно да се укинат.

„Не сум задоволен од фактот што САД одамна се согласија да учествуваат во заеднички воени вежби со Јужна Кореја“, напиша Трамп на својата платформа трут соушал.

„Овие вежби не само што се скапи, при што голем дел од трошоците ги покриваат САД, туку испраќаат и сигнал што е целосно несоодветен и непријателски кон земја која, во текот на целиот мандат на Доналд Трамп како претседател, не претставуваше закана и се однесуваше со почит“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Во тек се завршните активности на кружен тек на Северен Булевар

Се асфалтира на вкупна површина од 5300 метри квадратни!

Јанчев: Во тек се завршните активности на кружен тек на Северен Булевар

Продолжуваме со реализација на значајни инфраструктурни проекти кои носат подобра сообраќајна поврзаност, поголема безбедност и поквалитетна урбана средина.

Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили создаваме подобри услови за движење и секојдневно функционирање на граѓаните.

Продолжуваме со работа и инвестиции во инфраструктурата – за модерна, функционална и уредна општина!, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер