Софија е бизарна ѕвезда на Инстаграм: Ги зголемила усните и заработува огромни пари

Софија Липс е од Обединетото Кралство, која потрошила повеќе од 5000 фунти на пластични операции, и како што вели, не планира да престане. Таа е родена како маж, а крајната цел и е да стане убава млада жена.

До сега имала бројни зафати на усните, образите, брадата, како и операција за подигнување на веѓите и усните, две операции на носот и ботокс. Како што истакнува, сака целосна трансформација, од глава до пети, и спремна е да оди во крајност за да го постигне изгледот од соништата.

„Феминизирањето на лицето е една од поголемите постапки што ги планирав додека бев транс, така што операциите ми овозможија да го добијам она што го посакував подолго време“, изјавила Софија.

Да се добие сонуваниот изглед не е евтино, но Софија смислила необичен начин на заработка.

😘😘

A post shared by Sofia.lips 💋 (@sofia.lips) on

Таа месечно заработува и повеќе 5.500 фунти, споделувајќи ги нејзините провокативни фотографии на Инстаграм.

Најпрво почнала да работи како деловна придружба, а потоа сфатила дека може дополнително да заработи со оваа необична постапка, така што мажите сами се нуделе да ñ платат.

Таа истакнува дека ваквиот пристап í носи голема сума на пари, како и пораки во кои мажите и се заблагодаруваат што им зела сè.

За една недела 14 664 решенија за изолација и 27 прекршочни пријави за угостители

Споредено со претходниот месец, како што информира, се забележува намалување на прекршувањата на ковид протколите кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести.

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести во ноември инспекторите имаат изречено осум прекршочни пријави, 16 платни налози, 30 решенија и донесени се 39858 решенија за изолација на заболени лица од коронавирусот и лица кои биле во контакт со заболено лице, информира на денешната прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Таа денеска ги презентираше податоците од спроведените контроли во периодот од 16 заклучно со 22 ноември. Во посочениот период инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршиле вкупно 96 надзори од кои 72 се по однос на здравствените протоколи и во изминатите седум дена ДСЗИ издаде вкупно 14664 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на Ковид и лица кои биле во контакт со позитивно лице. Овие инспектори, како што информира Филиповска-Грашкоска, донесоа и 11 решенија за констатирани неправилности врз основа на спроведените надзори.

– Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатата недела изврши 3463 контроли и 553 надзори поврзани со материјалните закони и со здравствените протоколи за работа на угостителските објекти. Притоа поднесени се 27 прекршочни пријави, од кои две прекршочни пријави се поднесени против угостителски објекти по еден во Тетово и во Гостивар. Овие угостителски објекти не ги почитувале протоколите, односно истите работеле по 21 часот, поради што им е изречена забрана за работа и соодветна глоба. Дополнително, пазарните инспектори изрекоа 52 решенија и 25 прекршочни платни налози по останатите материјални закони по кои постапуваат, соопшти Филиповска-Грашкоска.

Во истиот период Инспекторатот за транспорт извршил 57 надзори, при што се изречени 10 прекршочни пријави, три решенија и четири прекршочни платни налози за прекршување на материјалните закони, односно од извршените надзори по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести не се констатирани прекршувања.

– Државниот инспекторат за труд, пак, во истиот овој период спроведе 519 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на протоколите во насока на заштита на здравјето на вработените. При овие надзори од страна на трудовите инспектори изречени се 27 решенија и еден прекршочен платен налог кои пред се се однесуваат на утврдени неправилности од областа на работните односи, посочи Филиповска-Грашкоска.

Агенцијата за лекови и медицински помагала извршила 26 надзори во различни аптеки на територијата на целата држава и не се констатирани прекршувања на законските одредби или отстапувања од протоколите.

Агенцијата за храна и ветеринарство, пак, во периодот од 16 до 22 ноември спроведе 386 надзори при што издадени се седум решенија и 22 едукации најчесто поради констатирани неправилности кои се однесуваат на неизвршени здравствени прегледи, неспроведување општи хигиенски мерки, неправилно складирање и чување на производи и неправилно означување на производите.

– Како инспекциски служби правиме максимални напори да ги минимизираме можностите за ширење на коронавирусот во големи и средни производствени капацитети, трговски објекти, кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна, банки, пошти, аптеки и во сите други правни лица кои извршуваат било каква дејност. Инспекциските служби ќе бидат на терен постојано насекаде низ земјата и навремено и неселктивно ќе го следат почитувањето на сите акти кои Владата ги носи, рече Филиповска-Грашкоска.

Таа нагласи дека и покрај зголемениот број на контроли во месец ноември сепак се детектирани помал број на прекршувања на протоколите со што се потврдува дека зголемените надлежности на инспекциските служби го даваат својот резултат при почитувањето на овие протколи.

Споредено со претходниот месец, како што информира, се забележува намалување на прекршувањата на ковид протколите кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести.

– За споредба во октомври кога инспекторите немаа надлежности да забрануваат вршење на дејност поради непочитување на ковид протколите од вкупно извршени 6963 надзори и 6123 контроли беа изречени 37 кривични пријави против угостителски објекти кои не ги почитувале протколите, а во месец ноември по донесување на измените на законот констатирани се неправилности кај пет угостителски објекти, појасни Филиповска-Грашкоска.

Соопшти дека по скоро еден месец од стапувањето во сила на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести од страна на инспекторите од шесте инспекциски служби се извршени 10274 контроли и 5149 надзори. /МИА

Почна откупот на тутунот во Тутунскиот комбинат Прилеп

Од денеска законски почнува откупот на тутунот од годинешта реколта. Дел од откупните центри, поточно две компании ги отворија пунктовите а останатите тоа треба да го сторат најдоцна до 1ви декември. 

Годинешната реколта ќе тежи 23 илјади тони, доколку има вишок и тој ќе биде откупен уверува министерот за земјоделство Аријанит Хоџа.

Квалитетот на тутунот е сличен на оној од лани, а најголем дел и годинава е произведен во Пелагонија. Парите се обезбедени, па надлежните очекуваат откупот да се одвива без проблеми.

Со оглед на ситуацијата со пандемијата, надлежните апелираат тутунарите да се придржуваат до мерките за заштита од корона-вирус, за да не се случи поради невнимание да се затворат откупните центри.

Бајден: САД ќе го предводат светот, нема да се повлекуваат од него

Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден го претстави дипломатскиот и националниот тим за безбедност со што и формално почна да го превзема претседателството.

Тој изјави дека Соединетите американски држави се подготвени да го водат светот а не да се повлекуваат од него со што јасно стави до знаење дека ќе има промена во досегашните начела на неговиот претходник Доналд Трамп кои гласеа “Америка на прво место”.

-Тимот го рефлектира фактот дека Америка се враќа, спремна да го води светот а не да бега од него. Повторно да седне на чело на масата, спремни да ги конфронтираме нашите противници и да не ги одбиваме нашите сојузници, истакна Џо Бајден.

Освен Блинкен кој беше именуван за државен секретар, Бајден го номинираше поранешниот државен секретар Џон Кери како специјален пратеник за климатски промени. Тие уште еднаш ги повторија своите црвсти ставови за спротиставување на глобалното затоплување и повторното пристапување кон Парискиот договор, кој администрацијата на Трамп го напушти.

-Заеднички успех значи собирање на најдоброто од американската генијалност,креативност и дипломатија од умствена моќ до алтернативни извори на енергија користејќи ги сите алатки кои ни се на располагање за да стигнеме онаму каде што треба да одиме. Никој не треба да се сомнева во детерминацијата на претседателот и потпретседателот,вели Џон Кери.

Со ова полека се става крај на неизвесноста за тоа кој го освојува претседателството, иако Трамп неколку пати изјави дека победата ќе ја бара преку судовите. Бајден кажа дека сеуште нема разговарано со се уште актулениот претседател, но неговата администрација полека го започнува преносот на власта и уште еднаш посочи дека пред нив претстои напорна работа за да се справат со корона вирусот и уништените релации со повеќе земји поради начинот на работа на неговиот претходник.

притисни ентер