Социјалните мрежи се преплавени од снимки од папата, направени со вештачка интелигенција (ФОТО) - Канал 5

Социјалните мрежи се преплавени од снимки од папата, направени со вештачка интелигенција (ФОТО)

Фотографија на папата во вселенски костум создаден од вештачка интелигенција деновиве кружи на Интернет и ја виделе сите кои барем еднаш се логирале на некоја од социјалните мрежи.

Социјалните мрежи се преплавени од снимки од папата, направени со вештачка интелигенција (ФОТО)

Се чини дека фотографијата за која милиони луѓе не можеа да проценат дали е вистинска или лажна, ги инспирираше интернет корисниците од сите делови на светот, а многумина папата Франциско го облекоа во уште десетици стајлинзи со вештачка интелигенција.

Но, не застанаа тука. Вештачката интелигенција го стави папата во некои малку неверојатни ситуации. Мора да се признае дека фотографиите се урнебесни.

Додека сликите го забавуваат интернетот, експертите се загрижени.

Папата во вселенски костум ги загрижи експертите кои веруваат дека вештачката интелигенција може да создаде нешто многу полошо од безопасни интернет шеги. Во интервју за Си-Ен-Ен, експертот за технологија Шинејд Бовел објасни зошто нешто како слика на папата во голема пуфер јакна е закана.

„Мислам дека стана толку вирален не само затоа што на некои луѓе им беше смешно, туку затоа што повеќето луѓе не можеа да кажат дека е лажен. Знаеме со години дека сликите генерирани со вештачка интелигенција претставуваат закана за демократијата и општествата во светот каде што не може да се разликува вистинското од лажното“, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полски автобус се преврте на автопат во Унгарија – најмалку 12 загинати

Расфрлани куфери, искршени стакла и целосно уништен автобус во канал покрај автопатот. 

Полски автобус се преврте на автопат во Унгарија – најмалку 12 загинати

Ваква слика рано изутринава ги пречека унгарските спасувачки екипи на автопатот М3 во источна Унгарија, каде во тешка сообраќајна несреќа бројот на загинаати се искачи на најмалку 12, а десетици патници се повредени.

Несреќата се случила околу еден часот по полноќ, во близина на градот Мезекерестеш, источно од Будимпешта. Автобусот, кој се движел кон Ниреѓхаза, на прав дел од автопатот, од засега непознати причини, излетал од коловозот и се превртел во канал.

Според полските медиуми во автобусот имало 59 лица – 57 патници и двајца возачи, претежно аџии кои се враќале од БиХ.

Првичните сознанија на унгарската полиција укажуваат дека возачот најверојатно заспал зад воланот, по што е приведен.

На местото на стравичната несреќа биле испратени 14 амбулантни возила, а спасувачките екипи интервенирале кај десетици патници. Поради положбата во која завршил автобусот, спасувачите морале да влегуваат во превртеното возило преку отворите за вентилација и предното ветробранско стакло за да стигнат до повредените и да ги извлечат на безбедно.

– Први на местото на несреќата пристигнаа специјализираните спасувачки единици. Пожарникарите го обезбедија автобусот и местото на несреќата и го исклучија напојувањето на возилото. Веднаш потоа започна спасувањето на патниците преку отворите за вентилација и предното ветробранско стакло. Откако сите беа извлечени од автобусот, беше употребена и механизација за подигнување на возилото. Во интервенцијата учествуваа 32 спасувачи со 12 возила,- изјави – Давид Дојчак, Дирекција за заштита од катастрофи на Унгарија.

Уште рано изутринава за трагедијата се огласи и државниот врв на Унгарија и Полска. Унгарскиот премиер Петер Маѓар изрази сочувство до семејствата на загинатите, на повредените им посака брзо закрепнување, а на спасувачките екипи им се заблагодари за брзата интервенција.

Со порака на сочувство се огласи и полскиот претседател Карол Навроцки, кој соопшти дека со длабока болка ја примил веста за трагедијата и изрази сочувство до семејствата и најблиските на жртвите. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски, пак, потврди дека конзуларните служби се во постојан контакт со унгарските власти и работат на координација и утврдување на сите информации за настраданите.

Унгарската полиција продолжува да ги утврдува околностите под кои автобусот излетал од автопатот. Засега, можноста возачот да заспал зад воланот останува главен сомнеж за причината за трагедија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Законите за високо образование блокирани– Јаневска бара Бадентер да не се користи како политичка алатка

Политиката да ги тргне рацете од образованието – вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Законите за високо образование блокирани– Јаневска бара Бадентер да не се користи како политичка алатка

Политиката да ги тргне рацете од образованието – вели министерката за образование и наука Весна Јаневска откако законите за високо образование, научноистражувачка дејност и за квалитет во високото образование и науката, стигнаа до прво читање на собраниска расправа, но се блокирани од албанскиот опозициски блок без кои не може да се обезбеди бадентерово мнозинство.

-Бадентерот е уставна одредба но не треба да се злоупотребува како што имало случаи во минатото и постојано тврдам дека политиката треба да ги тргне рацете од образованието. Да, точно сум кажала дека лично сметам дека во овие три закони кои се предадени во Собранието, нема нешто што би можело да пречи за да бидат изгласани и со Бадентер како што е редот,- - Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Денеска од опозициската ДУИ реагираа на изјава на министерката во која зборувајќи за овие три закони, неодамна појасни дека се блокирани од како што рече, алатка за заштита на правата наречена Бадентер, но како што посочи, овие три закони се од мериторен карактер и не влегуваат во проблем во кој правата на малцинствата би биле загрозени. Од ДУИ побараа извинување од министерката и повлекување на изјавата дадена пред десет дена, бидејќи како што тврдат, таа бара селективна примена на Бадентерот.

-Изјавата на министерката за образование Весна Јаневска претставува директен напад врз еден од столбовите на Охридскиот договор. Јаневска го нарекува Бадентер „алатка“. Бара тој да не се применува таму каде што таа и Владата сметаат дека „не треба“. Уставот не ѝ дава такво право. / Уште попонижувачки е тоа што, во контекст на блокадата од албанските пратеници, министерката зборува за Албанците како за „мала заедница“,- ДУИ.

Јаневска ги негира обвинувањето на ДУИ дека ја нарекла албанската заедница во државава „мала„ и според неа, реакцијата е избрзана. Таа дополни дека очекува кон крајот на август да биде свикана собраниската седница на која ќе продолжи расправата за законите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест активни пожари – најкритично кај Македонски Брод, во Зелениково синоќа огнот стигнал до куќите

Бурна ноќ за противпожарните сили кои и во текот на денешниот ден се борат со шест активни пожари низ земјава од кои најголемиот се наоѓа на територијата на општина Македонски Брод, каде на планински и непристапен терен, гори нискостеблеста шума.

Шест активни пожари – најкритично кај Македонски Брод, во Зелениково синоќа огнот стигнал до куќите

На неколку локации се активирани и ер тракторите а според неофицијални податоци, се работи за подметнати пожари.

-На пожарот на територијата на Македонски Брод во атарот на селото Драгов Дол денеска ќе користиме специјална техника, односно непосредно до пожарот наместивме голем импровизиран базен од кој што хеликоптерот ќе полни вода. // Пожарот кој повеќе денови се одвива на територијата на Студеничани во атарот на селото Рамни Габер е се уште активен, тој не ја зголемува својата динамика но се движи по тешко и на делови тотално непристапен терен, поради тоа, во текот на денот најверојатно ќе делуваме со ер-тракторите,- - Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.

Ангелов очекува до крајот на денот пожарите на територијата на општина Македонски Брод и Крушево да бидат изгаснати, но како што вели, голема е опасноста во меѓувреме да се појават и други пожари. Панични ноќни часови доживеаа и жителите на селото Зелениково во близина на Скопје, каде пожарот веќе се доближил до нивните куќи. Жителите со навремена реакција успеале да направат делумна заштита на неколку места, прскајќи со вода и сечејќи критични грмушки и дрвја. Како што изјави Ангелов, се работи за намерно подметнат пожар а МВР трага по сторителот.

-Интервениравме навремено со возило на општина Зелениково пристигнавме на лице место. Дополнително ги повикавме и доброволното противпожарно друштво Зелениково и со заеднички сили и нивна помош успеавме да го спречиме да не се рашири до најблиските куќи,- -Коста Маневски, градоначалник на општина Зелениково.

Освен учеството на редовните противпожарни сили, ангажирани се и доброволните пожарникарски друштва, поради кои, како што потенцира Ангелов, пожарите бргу се ставаат под контрола. Сепак, тој од терен повторно апелираше на внимателност од страна на граѓаните за како што вели, да се спречи трагедија, која може да биде и од национални размери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер