ЗабаваСоцијалните мрежи „горат“ поради нејзините квадрицепси (фото) – Оваа атрактивна убавица дроби лубеници со своите мускули Ренки Џовани е фитнес инструктор и жена која ја промовира љубовта спрема сопственото тело. Како што тврди, ги има најдебелите и најсилни нозе на Инстаграм, и умее, верувале или не, ‘ко од шега да здроби лубеница со своите бедра. Таа има стотици илјади обожаватели на социјалните мрежи кои ја нарекуваат кралица на квадрицепсите. Како што изјавила за британски Сан, нејзиниот живот од корен се променил откако го родила синот. View this post on Instagram A post shared by H E R ⚜️ E X C E L L E N C Y (@rahkigiovanni) Ренки живее во Мајами и ги користи социјалните мрежи за да ги охрабри девојките и жените да го прифатат своето тело такво какво што е. Иако редовно тренира, таа не изгледа како модел, туку напротив. Како што истакнува, таа не дозволила да ја дефинира туѓото мислење, туку си тера по свое. На училиште ѝ се потсмевале дека е „преголема“ и премногу мускулеста, па затоа пред осум години почнала да се бори за зајакнување на менталното и физичкото здравје. View this post on Instagram A post shared by H E R ⚜️ E X C E L L E N C Y (@rahkigiovanni) - Отсекогаш отстапував од стандардите за убавина, што во еден момент доведе до тоа да имам нарушување во исхраната. Почнав да тренирам во сала и доживеав просветлување. Наместо да се срамам од своето мускулесто тело и огромните бутови, сфатив дека треба да се гордеам со себе – изјави Ренки. Како што истакнала, кога почнала да се занимава со фитнес, сфатила дека нема никој како неа и токму таа разлика станала нејзин најсилен адут. Таа тренирала и по два часа дневно, а нејзината самодоверба растела од ден на ден. Дека ѝ оди навистина добро, покажува и фактот што само на Инстаграм има повеќе од 760.000 придружници, поради што станала многу баран личен тренер. Тренинзите ги одржува онлајн и преку нејзиниот канал на Јутуб. Како што објаснува, нејзините тренинзи не се за согорување масти и слабеење, туку тие се исклучително интензивни и се состојат од кревање полесни тегови, но со голем број повторувања со цел да добијат поголеми мускули, особено на нозете. Таа често нагласува дека сè се променило откако го родила синот. - Кога станав мајка, мојот свет се промени на начин на кој не можев ни да замислам. Одеднаш морав да се грижам и за друг живот, да гледам како моето дете расте и учи, да се снаоѓам низ предизвиците на мајчинството. Бидејќи имам син, постојано учам не само за тоа што значи да се биде мајка, туку и за себе како личност - искрена е таа. -Син ми ме научи на трпение. Никогаш порано не сум била трпелива личност, ниту можев да замислам дека некогаш во животот ќе имам толку трпение како што имам сега – заклучила таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРути: Сè уште не е јасно дали мирот е близуГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин. „Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин. Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори. „Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20