Собраниската седница одложена за еден час, Левица бара одговори за патните трошоци и кирии ... - Канал 5

Собраниската седница одложена за еден час, Левица бара одговори за патните трошоци и кирии ...

 По барање на пратеничката група на „Левица“   денешното продолжение на 49. собраниска седница е одложено за еден час.

Собраниската седница одложена за еден час, Левица бара одговори за патните трошоци и кирии ...

Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев побара пауза од еден час бидејќи, како што рече, се уште не добиле одговор на доставеното барање на пратеничката Јована Мојсоска во јануари во кое се бараат исплатените патни трошоци и кирии за 2024 за сите пратеници.

-Процедуралната е врз основа на член 62 став 1 алинеја 10 од Деловникот согласно Закон за пратеници, согласно Деловникот на СДобранието, службите на Собранието и генералниот секретар не смеат да ги игнорираат барањата на пратениците. Службите на Собранието и генералниот секретар од јануари игнорираат барање на пратеничката Мојсоска со кое што се бараат исплатените патни трошоци и кирии за 2024 за пратениците поименично. Изгледа не се сфаќа сериозноста на ова дека ова не и прави штета на Мојсоска, не ми прави мене, не и прави штета на Левица, ама со ова се уништува законски поставен механизам кој е поставен со цел да му овозможи на еден пратеник да ја врши својата пратеничка функција. Службите и генералниот секретар имаат законска обврска да одговараат на пратеничките барања и со тоа да им овозможат да си ја вршат пратеничката функција. шШо се прави со оваа игнорирање на пратеничко барање? Се отвора врата, се отвора простор во иднина на ниту еден пратеник од опозиција да не му се одговори на пратеничко барање и така да се саботира неговото извршување на неговата пратеничка функција. Ова е лошо и за власта, затоа што денеска сте власт а утре ќе бидете опозиција и со ова јавно добро се уништува за партиски интереси, истакна Јанчев.

Како што најави Јанчев, се додека не и се одговори на пратеничката Мојсоска, на секоја седница ќе бараат пауза.

-Согласно член 67 став барам да му се наложи на генералниот секретар и на службите на Собранието да си ја завршат деловничката и законската обврска и да одговараат на првичното поставено барање и побара пауза од еден час. Најави дека ќе бараат по еден час пауза на секоја седница се додека не добијат одговор на барањето, рече Јанчев.

Гаши му одговори на Јанчев. Потенцира дека во законскиот рок пратеничката добила одговор, но потоа побарала подетални информации за кои како што рече спикерот, ќе им бидат доставени побараните информации откако ќе бидат изработени.

-Ќе добиете еден час пауза, но само да ви кажам дека сум известен јас како претседател и генералната секретарка и работиме на случајот. Знаете дека во законскиот рок ви беше одговорено. Вие баравте подетални информации. Информациите се изработуваат и ќе ви бидат доставени. Нема никаков проблем. Никој од ништо не бега, ниту се плаши, ниту се крие. Ќе ги добиете. Не разбирам зошто барате пауза, кога сакаме да работиме. Но, го почитувам вашето барање и ќе ви дадеме еден час пауза, рече Гаши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали судскиот процес за трагедијата во Пулс ќе има епилог во догледно време?

Дејан Јованов Деко, сопственикот на дискотеката Пулс иако доби нов притвор за друго кривично дело но тоа нема да го забрза судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, сметаат дел од правниците. 

Дали судскиот процес за трагедијата во Пулс ќе има епилог во догледно време?

Откако за него обвинителството отвори нова истрага за давање поткуп судот вп петокот му определи нови 30 дена. Адвокатот Владимир Туфекџиќ смета дека тоа нема да влијае за побрзо и праведно решение а оправдани ќе останат реакциите на семејствата на загинатите. Според него проблемот е во како што вели погрешната поставеност на теоријата на случај со вака поднесеното обвинение, но вели дека постои начин процесот да се направи поефикасен и дел од постапките да завршат порано.

-Упатно би било обвинетите министри од пред 10-15 години и уште неколкумина потполно “залутани” лица во овој судски предмет да побараат од судот измена на редоследот на изведувањето на доказите на одбраната за да се изведат нивните неколку предложени докази и со тоа да заврши доказната постапка за нив. Со ова доказната постапка спрема овие неколкумина обвинети би била исцрпена и обвинителството со оглед дека е исцрпена доказната постапка, ќе може да го преиспита обвинението спрема овие обвинети, а судот во раздвоена постапка би можел да донесе одлука,вели Туфекџиќ.

Околу новата истрага за Јованов и притворот реагираше и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев. „Отворање вештачки нова истрага само за да се изигра законот е злоупотреба на правото! На рокот обвинителите требало да мислат кога за пожарот обвинија кого стигнаа“, пишува Калајџиев.

Во исто време, семејствата на загинатите во Кочани од последниот 50 по ред Марш за ангелите побраа побрзо судење, одговорност и одговори од институциите. Тие бараат судските рочишта да се закажуваат почесто, со повеќе од десет рочишта месечно, а секое одлагање да биде јавно образложено. Не бараат како што велат, пресуда од улица, туку процес во кој ќе се утврди кој сноси одговорност за трагедијата во која загинаа 63 лица.

-Ние родителите и семејствата бараме интензивно судење со над 10 рочишта месечно. Бараме расправите да се закажуваат редовно а секое одлагање, јасно и јавно да се образложи. Нашите насилно убиени деца нема да се вратат, но правдата за нив веќе доцни. Секое тактизирање и купување време само ја продлабочува нашата болка. Одговорноста мора да се утврди веднаш. – Александар Наунов – Татко на загинатата Надица

Следно рочиште за случајот е закажано за 8 октомври а за до крајот на годината се закажани уште 14 рочишта. Минатата недела постапката за овој предмет влезе во нова фаза со изведување на докази на одбраната на обвинетите со најавени 244 сведоци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта

На целосно слепо лице му била намалена помошта за туѓа нега, бидејќи стручната комисија оценила дека му е потребна помош во помал обем и му закажала нова контрола по 12 месеци. 

Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта

Комисијата за заштита од диксриминацја утврдила директна дискриминација дека станува збор за целосно слепо лице и дека неговата документација утврдила дека таа состојба е трајна и непроменлива.

Според Комисијата, не произлегувало ниту медицинско ниту фактичко образложение за различниот третман. На стручната комисија ѝ е препорачано повторно да ја процени потребата од помош и нега, со почитување на законските одредби за целосно слепите лица, но и да преиспита дали воопшто има основа за нови контролни прегледи.

Од комисијата за заштита од дискриминација апелираат кај луѓето со трајни инвалидитет да не се бара прегледи, бидејќи нивната здравствена состојба не е променлива, тие прават дополнителни трошоци и малтретирање.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

На 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско.

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер