Собраниската комисија утре ќе расправа дали ќе му го одземе мандатот на Груевски

Малку е веројатно дека собранието ќе му го одземе пратеничкиот мандат на поранешниот Премиер Никола Груевски.

Ова доаѓа по информацијата дека најново формираната пратеничка група на 8-те пратеници нема да гласаат за одземање на мандатот, по што е речиси невозможно да се достигне потребното двотретинско мнозинство потребно за ваков чекор.

Се додека Груевски има пратенички имунитет тој не може да биде уапсен и спроведен во затвор. За одземање на оваа пратеничка привилегија се потребни само 61 пратеник. Со симнат имунитет, само е прашање на време кога тој ќе почне со издржување на казната сметаат познавачите...

За професорот Темелко Ристовски пак, единствена шанса екс премиерот да избегне затворската казна е да му остане пратеничкиот имунитет кои сега го ужива...

Груевски денес го прими решението во кое пишува дека сепак во четврток ќе мора да оди во затвор.

Тој сега има можност да се жали во Кривичниот совет, а додека трае оваа постапка тој нема да мора да се јави во затворот Шутка, а доколку и оваа негова жалба биде одбиена Советот ќе одреди нов датум за почеток на издржување на казната.

Според ова многу малку е веројатно дека поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ во четврток ќе оди во затвор.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер