3Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот
МакедонијаСобраниска делегација на 23. Есенски состанок на ПС на ОБСЕ во ТурцијаСобраниска делегација во состав Моника Зајкова, Мимоза Муса и Ели Панова учествува на 23. Есенски состанок на Парламентарното собрание на ОБСЕ што од неделата се одржува во Истанбул. Парламентарната конференција, како што денеска соопшти собраниската прес-служба, била отворена со засилени апели за ревитализирање на мултилатерализмот преку дијалог и соработка. Првата сесија била фокусирана кон премостување на перспективите и зајакнување на дијалогот, медијацијата и довербата во ерата на неизвесност. На оваа сесија се обратила пратеничката Зајкова, која истакнала дека меѓународниот пејзаж е обележан со длабока сложеност затоа што конфликтите продолжуваат, а геополитичките тензии се заоструваат. Во време кога дезинформациите се шират и довербата на граѓаните во институциите се намалува потребна е поголема посветеност кон дијалогот, соработката и споделената одговорност. Затоа е потребно да се имаат предвид основачките принципи на ОБСЕ дека безбедноста е неделива, односно дека сите зависиме едни од други, посочила Зајкова. Според неа, дијалогот е најважната алатка за зачувување на мирот, а преку отворени канали на комуникација може да се отфрли стравот и да се исправат дезинформациите. Посочила дека без разлика дали неизвесностите доаѓаат од геополитички, економски, технолошки или еколошки предизвици, секогаш бараат обновен дух на солидарност и одговорност, а премостувањето на перспективите не значи елиминирање на разликите, туку создавање простор за нивно разбирање и управување со можност за трансформирање во мир. На конференцијата учествуваат околу 200 пратеници, претставувајќи 53 земји учеснички на ОБСЕ, како и неколку парламентарци од медитеранските партнери за соработка. Говорниците повикале на праведен мир во Украина, нагласувајќи дека сите преговори мора да го вклучат Киев на масата, како и пат кон долгорочен мир на Блискиот Исток врз основа на признавање на две држави, стои во соопштението од прес-службата на Собранието. Претседателот на ПС на ОБСЕ, Пере Жоан Понс (Шпанија), истакнал дека Европа повторно гледа во бездната на војната, што се гледа преку Украина и Газа и нагласил дека Собранието ќе продолжи со ангажманот во Јужен Кавказ, работејќи со сите политички сили за да помогне во зајакнувањето на демократијата и дијалогот. Тој ја нагласил и важноста на економската и еколошката димензија на безбедноста, истакнувајќи ја особено работата на ПС по прашањето на климатските промени. Генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Х. Синирлиоглу, истакнал дека ОБСЕ има инклузивност, легитимитет, искуство и историска меморија да покаже дека дијалогот и соработката се сè уште можни и потребни, особено во најтемните времиња. Тагови: Истанбул Собраниска делегација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ФудбалЛШ: Реал убедлив против ПСВ, Арсенал и Сите без победи на домашен теренКралевите од Мадрид беа најубедливи на стартот на 5 коло во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Реал со резулатски пресврт го матираа ПСВ со убедливи 5-1.„Експлозија“ на Реал на полувремето, фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа ПСВ со 5:1 во петтото коло од Лигата на шампионите. Фудбалерите на Манчестер Сити и Наполи одиграа нерешено 2:2 во возбудлив натпревар од 5. коло на Лигата на шампионите. Гостите од Неапол двапати поведоа, но не успеаја да ги освојат сите три бода. Cherki equalized for Manchester City. https://t.co/UXHRSCkNF5 — Nirel (@Nirel01) November 24, 2026 Арсенал и Борусија Дортмунд исто така одиграа без победник, 1:1. Лондонскиот тим поведе во 10-тата минута. Виктор Ѓекереш ја затресе мрежата по асистенција на Нони Мадуеке, носејќи му на Арсенал предност од 1:0. Дортмунд возврати во продолжението од натпреварот. Во 55-тата минута, Максимилијан Бајер ја искористи асистенцијата на Жилиен Гаду и го постави конечниот резултат 1:1. Лига на шампиони, 5. коло вторник Бодо/Глимт - ЛАСК 1:0 (0:0) Халмарсен 90+2 Галатасарај - Астон Вила 1:0 (0:0) Ѓул 77 Арсенал - Борусија Дортмунд 1:1 (1:0) Џокерес 10 - Бејер 55 Комо - АЕК 1:0 (0:0) Мила 57 Феенорд - Порто 0:1 (0:1) Таргалин 2. аг Манчестер Сити - Наполи 2:2 (0:0) Буади 67, Шерки 86 - Хојлунд 55, Ланг 76 РБ Лајпциг - Ленс 2:1 (2:0) Раум 6, Нуса 9 - Удол 58 Реал Мадрид - ПСВ 5:1 (0:1) Валверде 50, Белингем 60, Мбапе 64, 84, Винисиус 87 - Перишиќ 32.п Слован - Бетис 0:2 (0:1) Хернандез 43, 57 среда 18:45 Сабах - Барселона 18:45 Славија - Виљареал 21:00 Атлетико Мадрид - Викинг 21:00 Клуб Бриж - Ливерпул 21:00 Интер - Штутгарт 21:00 Лил - Баерн 21:00 ПСЖ - Рома 21:00 Шахтјор - Фенербахче 21:00 Спортинг - Манчестер ЈунајтедТагови: Лигата на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаНБРМ: Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“ – фирмите можат неограничено да ги користат новите приливи.Во насока на натамошно проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од денес, 25 ноември, правните лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во Банката, доколку средствата се пренесени од платежни сметки на клиенти отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека фирмите ќе можат без ограничување на износот да ги користат дополнително примените средства врз оваа основа. Потсетуваме дека и физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Оваа можност се однесува на новите приливи врз сите основи, вклучувајќи ги и новите приливи од плати, пензии и социјални трансфери, коишто доаѓаат од институции или фирми коишто имаат сметки во други банки и даватели на платежни услуги. Во таа смисла, клиентите на Банката немаат потреба од отворање платежна сметка во друга банка, бидејќи ќе може да располагаат со пристигнатите приливи врз овие основи во целосен износ, со користење електронско или мобилно банкарство, користење платежна картичка или подигање готовина преку отворените шалтери на Банката. Продолжуваат со работа филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица, Тетово и Прилеп, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“, каде што клиентите можат да подигнуваат готовина во рамките на утврдените ограничувања и да вршат уплати за комунални услуги, отплата на кредити и други потреби. Клиентите можат да ги користат и услугите на електронското и мобилното банкарство, при што важат лимитите до 15.000 денари неделно за клиентите со платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите без платежни картички. Лимитите се однесуваат збирно на сите сметки на клиентот и на сите канали за плаќање и повлекување средства. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за олеснување на пристапот на клиентите до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен БалканПретседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула Фон Дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со лидерите на шесте земји од Западен Балкан.На средбата се поканети претставници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ. Главни теми ќе бидат забрзувањето на европската интеграција, реформите и регионалната безбедност.ќе се разговара за постепено вклучување на регионот во единствениот европски пазар.Планот за раст предвидува до шест милијарди евра помош за реформи и инвестиции.Посебен акцент ќе биде ставен на владеењето на правото и борбата против корупцијата. На дневен ред ќе бидат и одбраната, сајбер-безбедноста и справувањето со странското влијание. Брисел ќе инсистира на усогласување на надворешните политики на земјите од регионот со политиката на ЕУ.Тагови: ЕУ - Западен Балкан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook