МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка
1МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка
2Министерот за култура и туризам Зоран Љутков: Фактите од ребалансот на Буџетот се јасни и проверливи
БалканСобранието на Косово не е конституирано ни по 22-от обидКонститутивната седница на Собранието на Косово повторно беше прекината откако ниту по 22-от обид пратениците не ја избраа комисијата за избор на претседател и пет потпретседатели на парламентот, јави Бета.Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Српската листа и коалицијата Алијанса за иднината на Косово и НИСМА ниту во денешното продолжение на седницата не предложија членови на изборната комисија, по што претседавачот Авни Дехари го стави на гласање предлогот за формирање на комисија. За предлогот гласаа 54 од 109 присутни пратеници, а еден беше против. Со оглед на тоа што не беше обезбеден потребниот број гласови за формирање на комисијата, претседавачот ја прекина седницата и најави продолжение за четврток, 29 мај во 11 часот.Тагови: Косово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаМФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банкаМинистерството за финансии изврши трансфер на нови 148,6 милиони денари или 2,4 милиони евра кон Развојната банка, средствата наменети за поддршка на инвестиции во домашните компании.Со последниот трансфер од централниот буџет кон Развојната банка вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,5 милијарди денари или 235,8 милиони евра. Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра. Средствата што ги обезбеди Владата и се пласираат кон домашите компани по поволни услови се во насока на реализација на приватни инвестиции, коишто ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМинистерот за култура и туризам Зоран Љутков: Фактите од ребалансот на Буџетот се јасни и проверливиМинистерот за култура и туризам Зоран Љутков реагира на изнесените тврдења во дискусијата на седницата на Комисијата за ребалансот на Буџетот, оценувајќи дека тие не кореспондираат со официјалните буџетски документи.„Во политиката постојат различни толкувања, но фактите не се прашање на толкување. Во официјалниот ребаланс не постојат тврдењата дека средствата за кадровско зајакнување и инспекцискиот надзор се пренаменуваат за канцелариска опрема, ниту, пак, дека се намалуваат средствата за Агенцијата за филм или за капиталните инвестиции“, истакнува министерот Љутков. Тој нагласува дека со ребалансот се обезбедуваат 61 милион денари за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, како и дополнителни 200 милиони денари за капитални инвестиции. „Критиката е легитимна и неопходна во демократско општество, но таа треба да се темели на факти. Особено кога станува збор за буџетски документи, неопходно е внимателно и точно читање на официјалните податоци“, наведува министерот. Љутков потсетува дека пред две недели на прес-конференција биле презентирани резултатите од работата на Министерството за култура и туризам, кои, како што посочува, се поткрепени со конкретни бројки. Според него, по преземањето на Министерството во 2024 година бил наследен долг од 273 милиони денари по основа на плати, а со ребалансот биле обезбедени средства за негово сервисирање, како и дополнителни 150 милиони денари за капитални инвестиции и програмски активности. Министерот ги издвојува и следниве резултати од работењето: буџетот за програмските активности е зголемен за 40 %; капиталните инвестиции се зголемени за 110 %; буџетот за филмската дејност е зголемен за 87 %; националните установи добија значително поголема финансиска поддршка и ги зголемија сопствените приходи за над 150 %; воведени се реформи во финансирањето, транспарентни процедури и јасни критериуми; програмата за култура за 2025 година е реализирана со 98%. „Ова не се политички квалификации, туку официјални податоци и бројки. За разлика од политичките конструкции, фактите остануваат проверливи и достапни за јавноста“, нагласува Љутков. Воедно, министерот потсетува и на периодот на претходното раководење со Министерството, наведувајќи дека тогаш над 500 милиони денари биле потрошени за проекти чија јавна вредност, според него, и денес е предмет на сериозни прашања. „Буџетот не се чита по сеќавање, ниту според партиски потреби. Фактите имаат една особина – остануваат факти, без оглед на тоа колку некому политички не му одговараат“, порачува министерот Љутков.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Џебот на граѓаните најважен, бараме итен спас на ЕУ милионите во присуство на Марта Кос!Денешното утро е клучен момент за иднината на Македонија. За само неколку часа во државава пристигнува еврокомесарката Марта Кос, во денови кога судбината на парите од Европската Унија наменети за македонските граѓани виси на конец поради политичка неодговорност и партиски пазарења. Либерално-демократската партија излегува со јасен, конкретен и итен предлог до Собранието: бараме уште денес, на консензуален начин, пратениците итно да ги усвојат измените на Изборниот законик, но само во делот на техничките барања и препораките предложени од ОБСЕ и ОДИХР. Не смееме да дозволиме ниту едно евро предвидено за Македонија да биде блокирано поради внатрешни политички калкулации. ЛДП инсистира ниту евро од сиромашниот македонски граѓанин да не биде доведено во прашање поради политичката неспособност за изнаоѓање компромис. Не смеат политичките и партиските интереси да бидат пред и над џебот на Македонецот или на било кој граѓанин во државата, кој и без тоа плаќа огромни давачки, а има најниски плати и стандард во регионот. Владеачкото мнозинство и Владата веднаш да престанат да играат политички игри и да провоцираат блокада на носењето на измените на изборниот закон во делот на измените кои се чисто технички. Бараме уште денес, преку Министерството за правда, во Собранието да се поднесат овие измени на изборните правила кои се побарани од Европската Унија, тие веднаш да се стават на гласање и да се усвојат со консензус пред да замине комесарката Марта Кос. ЕУ преку еврокомесарката мора да се врати во Брисел со сознание дека политичарите во Македонија реално работат за македонскиот народ и граѓани. Но, должни сме пред јавноста да ја кажеме и целата, брутална вистина, тргајќи ги настрана евтините политички соопштенија. ЛДП јавно предупредува: само со донесувањето на Изборниот законик, Македонија НЕМА да успее да ја повлече целата транша од парите од Планот за раст! Овие технички измени спасуваат само еден поединечен износ од околу 4 милиони евра дефиниран за оваа изборна реформа, со што ја тргаме вината од себе пред Брисел. Но, огромната сума од над 70 милиони евра сепак ќе остане замрзната во Брисел сè додека паралелно не се реши и правосудниот пакет. Европската комисија функционира по строг принцип на условеност во клучниот кластер „Темели“ (Fundamentals). Ако паднеме на најважниот испит – правосудството – не можеме да ја минеме годината само затоа што сме донеле технички измени во изборните правила. Затоа, бараме итни гаранции од нашата влада дека ќе се однесува максимално одговорно и за другите клучни реформи – вклучително и четирите закони за правосудството кои бараат двотретинско мнозинство – за да не се изгуби ниту еден единствен цент од парите предвидени од Реформската агенда. Што се однесува до суштинските политички измени во изборниот модел, ЛДП бара дијалогот меѓу партиите да продолжи веднаш по заминувањето на комесарката, со цел да донесеме правила кои ќе значат поголема правичност, отвореност, рамноправност и над сè – сувереност на народот. ЛДП не се откажува од своите црвени линии, кои се воедно и црвени линии на 1,5 милион граѓани во државата: една изборна единица и отворени листи. Ќе продолжиме цврсто да инсистираме на нашите логични и корисни предлози, но во моментов, во овие неколку часа на одлука, не прифаќаме да се ставаат прсти во плиткиот џеб на нашите сограѓани кои живеат во Македонија. Никаков изговор од никого за негласање на овој предлог за техничките измени нема да биде прифатен од жителите на Македонија, затоа што секое кочење во овој момент директно придонесува за нивната сиромаштија. Време е за одговорност пред сопствениот народ!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДаниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд10:27Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43