СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар - додека граѓаните сѐ уште се трујат
2СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар - додека граѓаните сѐ уште се трујат
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
БалканСобранието на Косово и во 14-тиот обид не успеа да избере претседателСобранието на Косово не е конституирано ниту денеска, во 14-тиот обид, три месеци по парламентарните избори одржани на 9 февруари.Како што објави Радио Слободна Европа (РСЕ), како и на седниците од претходните неколку дена, претседавачот Авни Дехари повторно побара формирање комисија за надзор на тајното гласање за претседател на Парламентот, но предлогот не доби доволно гласови и седницата беше одложена. Продолжението на седницата е закажано за вторник, 13 мај. На денешната седница, пишува РСЕ, отсуството на пратениците било поизразено, бидејќи присутни биле 92 од 120 пратеници во Собранието на Косово. Ниту една партија не освои мнозинство за самостојно формирање на владата. Движењето Самоопределување победи, освојувајќи 48 пратенички места, 13 помалку од минималните 61 потребни за самостојно формирање на нова влада. Иако беа свикани десетици седници за конституирање на Собранието, политичките поделби континуирано го попречуваа тој процес, пишува РСЕ и наведува дека Самоопределување досега не успеа да обезбеди 61 глас потребен за избор на Аљбуљена Хаџиу на функцијата претседател на Собранието. Демократската партија на Косово (ДПК) и Алијансата за иднината на Косово (АБК) ја сметаат за „контроверзна личност“, додека Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) наведува дека нема да поддржи ниту еден кандидат на Самоопределување за претседател на Парламентот. Вршителот на должноста премиер на Косово и лидер на Самоопределување, Албин Курти повтори вчера дека партијата нема намера да предложи друг кандидат освен Хаџиу, наведувајќи дека е должност на сите парламентарни партии да го конституираат Собранието.Тагови: Косово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНов круг преговори меѓу Либан и Израел во РимВо Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.Тагови: Израел Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар - додека граѓаните сѐ уште се трујатПаче Тошковски, министер за внатрешни работи, најави „почести анализи“ на водата во Гостивар.Министер за полиција ќе ја проверува водата? Каде е министерот за здравство Клековски? И тој е на екскурзија како Мицкоски? Нема место на светот каде министер за полиција што до вчера се занимаваше со хиперхлорирање, денеска станува стручњак за анализи на вода. Што работеа досега? Зошто дури сега најавуваат анализи? Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што тоа го рече Мицкоски. Нема официјален документ. Нема потпис. Никој не сака да преземе одговорност. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вчера јавно потврди дека има бактерија. Повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање - водата не е за употреба, ниту за капење. Граѓаните сѐ уште ги мијат садовите и се капат со вода што содржи опасна бактерија. Сѐ ова се случува само за да се спаси лажната изјава на Мицкоски. Обвинителството мора веднаш да застане на страната на граѓаните и да покрене кривична одговорност против: • Христијан Мицкоски • Сашо Клековски • Паче Тошковски За свесно загрозување на здравјето на граѓаните на Гостивар. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Куманово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 03.08.2026 во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.П. (19) од Куманово, затоа што при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook