3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
БалканСобранието на Црна Гора усвои Резолуција за Јасеновац, Дахау и МаутхаузенСобранието на Црна Гора денеска со гласовите на парламентарното мнозинство усвои Резолуција за геноцидот во Јасеновац, со која 22 април се прогласува за ден на сеќавање на жртвите од овој логор во Втората светска војна.Резолуцијата беше поддржана од пратениците на Нова српска демократија (НОВА) на Андрија Мандиќ, Демократската народна партија (ДНП) на Милан Кнежевиќ, Движењето Европа сега (ПЕС) на премиерот Милојко Спајиќ и Демократите на потпретседателот на владата Алекса Бечиќ. На предлог на Мандиќ и Кнежевиќ, резолуцијата ги осудува и злосторствата извршени во Дахау и Маутхаузен. Од 42 пратеници што гласаа, 41 ја поддржа резолуцијата, а еден беше против. Опозицијата, во знак на протест, ја напушти салата пред гласањето. Образложувајќи го предлогот за резолуција за Јасеновац, претседателот на Собранието на Црна Гора и лидер на Нова српска демократија Андрија Мандиќ изјави дека предлагачите повикуваат на „сеќавање и на човечкото во сите луѓе“, дека предлогот „не е упатен против никого, туку има за цел да укаже дека злото е зло, без оглед на тоа кој го направил“. - Резолуцијата не е на штета на никого, а може да биде од корист за сите граѓани. Црна Гора ќе стане првата држава на планетата која ќе го осуди геноцидот во Јасеновац и тоа „ќе им служи на чест“ на оние кои можеби нема да гласаат за резолуцијата, а јас ги повикувам да бидат дел од големата историја на Црна Гора, рече Мандиќ. Тој смета дека резолуцијата „не ја навредува државата, ниту Хрватска, ниту Австрија, ниту Германија“. Мандиќ соопшти дека резолуцијата е резултат на договорот внатре во Црна Гора и дека при донесувањето на тој документ „немаше мешање од надвор“, одговарајќи на оцените на дел од опозицијата дека предлогот потекнува од претседателот на Србија Александар Вучиќ и оние сили кои сакаат да ја успорат европската перспектива на Црна Гора. Со резолуцијата, 22 април се прогласува за „Ден на сеќавање на геноцидот во Јасеновац“ и „се осудува секое негирање на геноцидот“ во тој логор од Втората светска војна. Документот прогласува „единствена осуда на сите злосторства на територијата на Црна Гора и поранешна Југославија“ и „потврдува принципиелен став дека одговорноста за злосторствата може да биде исклучиво индивидуална“. Поддршката за резолуцијата дојде и од Движењето Европа сега на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, чии пратеници оценија дека усвоениот документ „не може да биде насочен против денешна Хрватска, ниту против хрватскиот народ“. Против резолуцијата беше опозицијата, која како знак на протест ја напушти салата пред гласањето, сметајќи дека таа е резултат на „политичка трговија“ внатре во владејачкото мнозинство, дека ќе ги наруши односите со Хрватска која би можела да ја успори европската перспектива на Црна Гора. Пратениците од опозицијата оценија дека резолуцијата е „претстава за домашната јавност и бирачите“ на владејачкото мнозинство, дека „не е во државен интерес“ на Црна Гора, дека со неа „се манипулира со националните чувства“ и изразија загриженост дека ќе влијае негативно на односите со Хрватска и нејзината поддршка за европскиот пат на Црна Гора. Пратеникот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Иван Вуковиќ изјави дека резолуцијата за геноцидот во Јасеновац не е во државен интерес на Црна Гора, дека не придонесува за културата на сеќавање, бидејќи осудата и карактерот на злосторството во тој логор од Втората светска војна „се неспорни“. - Кој е државниот интерес да усвоиме резолуција за Јасеновац, кога во Црна Гора никој не негира што се случило во Јасеновац, рече Вуковиќ. Тој смета дека резолуцијата е „манипулација“ и резултат на „лоши компромиси внатре во владејачкото мнозинство“ и во тој контекст рече дека тој потег е политички одговор на поддршката на Црна Гора за Резолуцијата за Сребреница во Обединетите нации. Дел од власта во Црна Гора, претставена од Движењето Европа сега (ПЕС) на премиерот Милојко Спајиќ, ја поддржа Резолуцијата за Сребреница, додека просрпските партии на Мандиќ и Кнежевиќ како одговор ја иницираа дебатата за Јасеновац. Поддршка за таа резолуција најави и ПЕС на Спајиќ. Најавата за можноста за усвојување на резолуцијата во Јасеновац предизвика остра реакција кај официјален Загреб, кој претходно испрати протестна нота до Подгорица и предупреди дека нејзиното усвојување може да ја забави амбицијата на Црна Гора да биде примена во ЕУ. Пратеникот на Хрватската граѓанска иницијатива (ХГИ) Адријан Вуксановиќ рече дека Јасеновац е „темната страна на историјата“ и дека Хрватска „на правилен начин го одбележува она што се случи во Јасеновац“. - Ќе биде добро Србија да тргне по тој пат, некој од црковното и државното раководство да оди во Сребреница, Вуковар и други места на егзекуција, истакна Вуксановиќ. Според него, резолуцијата не е предложена од Црна Гора, туку од оние кои му се сервилни на Александар Вучиќ. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36