МакедонијаСобранието на Алијанса за Aлбанците на Таравари донесе резолуцијаВремето за правда, дејствување и промени е сега. Собранието на Алијанса за Aлбанците, чиј лидер е Арбен Таравари, денеска донесе резолуција со осум точки која ја прифатија сите присутни членови на седницата што се одржува во Гостивар. Во овој документ се наведува дека е дојдено времето за правда и дека веднаш се потребни дејствување и промени. Директен повод за ова резолуција е трагедијата во Кочани и во неа се истакнува неопходноста од институционална одговорност. Таа да послужи како пресвртница за градење на нова култура на одговорност, безбедност и владеење на правото во државата. Времето за правда, дејствување и промени е сега, стои во резолуцијата. - Потребно е целосна, независна и транспарентна истрага за трагедијата во Кочани, под раководство на надлежните институции, ослободени од какво било политичко влијание, со обврска редовно и јавно да ги информираат граѓаните за напредокот и наодите од истрагата, се наведува во документот. Собранието на АА бара повторно отворање на истрагите за претходните трагедии „Дурмо Турс“, „Беса Транс“ и „модуларната болница“ во Тетово, кои заедно однесоа животи на 135 граѓани и за кои сè уште не е утврдена институционална или индивидуална одговорност. Освен ова, како точка во документот се бара и дефинирање на одговорноста како индивидуална, така и институционална и адресирање на небрежноста, неспособноста и коруптивните практики. Највисокиот орган на партијата бара детална проверка на имотот и интересите на сите одговорни функционери и инспектори, за да се открие каков било конфликт на интереси или евентуални коруптивни врски со субјектите кои се испитуваат. Од партијата, чиј лидер е Таравари се препорачува вонреден надзор во сите високоризични објекти, особено во секторите угостителство, здравство, образование, спорт, транспорт и градежништво. - Потребна е итна реформа на казнената политика која гарантира правични, строги и применливи казни за сите оние кои со своите постапки или непостапување придонесуваат за појава на вакви трагедии, стои во резолуцијата на АА. Собранието на Алијанса за Албанците на денешната седница во Гостивар преку резолуцијата се нагласува дека трагедијата во Кочани не треба да се сведе на болна статистика.Тагови: Таравари Алијанса за Aлбанците Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗелена агенда: Од национални политики до локални економски можности Како националните зелени политики да се преточат во применливи локални мерки и можности за економски развој беше централното прашање на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“.Како националните зелени политики да се преточат во применливи локални мерки и можности за економски развој беше централното прашање на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, кој денес се одржа во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, во организација на Центарот за климатски промени. Настанот обедини претставници на националните институции, локалните власти, планските региони и граѓанските организации, со цел размена на искуства за спроведувањето на Зелената агенда и разгледување на потребната поддршка за општините. Програмата ги поврза институционалните перспективи со практичните предизвици во локалното планирање, финансирање и реализација на зелените мерки. Во рамките на првиот панел, „Од национални политики до локално дејствување“, дискусијата беше насочена кон националните приоритети, достапните алатки и ресурси и начините на кои институциите можат да им помогнат на општините. Беа разгледани и клучните наоди и препораки од Годишниот извештај од мониторингот на општините за спроведувањето на политиките поврзани со Зелената агенда за Западен Балкан. Вториот панел, „Локални зелени приоритети како основа за инвестиции и економски раст“, ја насочи дискусијата кон искуствата на општините и можностите за партнерства и меѓуопштинска соработка. Во фокусот беа поврзувањето на зелените мерки со подобри јавни услуги, поефикасно користење на ресурсите и создавање услови за одржливи инвестиции. Општините имаат непосредна улога во областите што го обликуваат секојдневието на граѓаните: енергетската ефикасност на јавните објекти, управувањето со отпадот, заштитата на водите, воздухот и зеленилото. За долгорочна примена на овие мерки, препораките од мониторингот ја нагласуваат потребата од нивно поврзување со редовните општински буџети, зајакнување на стручните капацитети и воспоставување функционални механизми за соработка и отчетност. Регионалниот форум се спроведе во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда на локално ниво“, спроведен од Центарот за климатски промени заедно со партнерските организации, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Во текот на проектот, соработката со општините, планските региони, националните институции и граѓанските организации беше насочена кон следење на зелените политики и создавање основа за нивна поефикасна примена, со видливи придобивки за граѓаните и локалните заедници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Во Брвеница денеска се спроведува гласањето на болни и немоќни лица Денес се спроведува гласањето на болни и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница., информира Државната изборна комисија. Вкупно 107 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница. Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово. Гласањeто денес започна во 7 часот утринава. Вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Брвеница ќе го набљудуваат вкупно 61 акредитиран набљудувач од кои 56 домашни и 5 меѓународни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОрмускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на минаЧетвртиот нафтен танкер во последните 24 часа налета на мина во Ормускиот Теснец, соопшти Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГГ), пренесуваат иранските медиуми.„Четврти танкер во рок од 24 часа експлодираше во Ормускиот теснец откако удри во поморска мина“, се наведува во извештајот објавен синоќа на каналот на „Прес ТВ“ (Press TV) на „Телеграм“. Иранската Револуционерна гарда претходно соопшти дека три нафтени танкери се запалиле и експлодирале додека се обидувале да користат, според тврдењата на Техеран, неовластени пловни патишта низ Ормускиот теснец. Во соопштение од Морнарицата на Револуционерната гарда се наведува дека еден од танкерите превезувал два милиона барели сурова нафта кога налетал на мина. The fourth oil tanker, traveling on a prohibited route in the Strait of Hormuz, has exploded. 🔹IRGC Navy: This afternoon, the fourth supertanker, despite warnings from the IRGC Navy against using the southern route of the Strait of Hormuz, suffered a powerful explosion after colliding with a mine and is currently on fire. 🔹This tanker, carrying over 2 million barrels of crude oil, also ignored radio warnings from the IRGC Navy and attempted to leave the strait via the prohibited southern route. 🔹This is the fourth oil tanker that has been on fire in the Strait of Hormuz since early this morning, due to American provocations. — Sprinter Press (@Sprinter_Press) October 31, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook