Собранието ќе ја одржи 83. седница, на гласање новите состави на ДИК и КСЗД и измените на Кривичниот законик - Канал 5

Собранието ќе ја одржи 83. седница, на гласање новите состави на ДИК и КСЗД и измените на Кривичниот законик

За седумчлениот нов состав на ДИК пријавени беа вкупно 16 кандидати. На седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на 21 јануари беа утврдени кандидатите за новиот состав. 

Собранието ќе ја одржи 83. седница, на гласање новите состави на ДИК и КСЗД и измените на Кривичниот законик

Собранието денеска ќе ја одржи 83-та пленарна седница, на чиј дневен ред се новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) и изборот на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), Дополнетиот предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање и Предлог на законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова–КфВ по Договорот за заем за финансирање на проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и објекти за ученици/студенти со попречености во Македонија, фаза 2, по скратена постапка.

За седумчлениот нов состав на ДИК пријавени беа вкупно 16 кандидати. На седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на 21 јануари беа утврдени кандидатите за новиот состав. За претседател на ДИК од СДСМ е предложен Бојан Маричиќ, дипломиран правник и магистер по меѓународно и европско право и современи европски студии од Скопје, додека за потпретседател од Движењето Беса, која е дел од коалицијата БРЕДИ, е предложен Абдуш Демири, дипломиран економист и магистер по економски науки финансии од село Непроштено - Теарце. За членови на Комисијата се предложени Александар Даштевски, дипломиран правник од Скопје, Ангелчо Ристов, дипломиран правник и магистер по административно право и јавна администрација од Делчево, и Светлана Карапетрова, дипломиран економист и магистер по економија, финасии, сметководство и ревизија од Тетово од ВМРО-ДПМНЕ, Борис Кондарко, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје од СДСМ и Дитмире Шеху, дипломиран правник од Гостивар од ДУИ.

За нови членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата беа утврдено Лимко Бејзароски, дипломиран политиколог и доктор по историски науки од Пласница, Наташа Амдију, дипломиран правник и магистер по правни науки од Берово и Џихан Ахмед, дипломиран правник и магистер по правни науки од Скопје. За членови на КСЗД се пријавени вкупно 14 кандидати.

Државната изборна комисија е составена од седум члена (претседател, потпретседател и пет други члена). Членови на ДИК може да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во земјата, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија. Комисијата е составена од седум члена, кои ги избира и ги разрешува Собранието. Членовите на Комисијата се избираат со мандат од пет години, со право на уште еден последователен избор. При изборот треба да се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество. За член на Комисијата може да биде избрано лице кое е државјанин на Република Македонија, да има VII/1 степен на образование и минимум седум години работно искуство од областа на човековите права, од кои пет во областа на еднаквост и недискриминација и да не е носител на функција во политичка партија.

За Дополнетиот предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од девет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, беа поднесени 14 амандмани од кои беа прифатени два амандмани, по еден од опозицијата и власта, додека 11 беа одбиени. Еден амандман беше повлечен од собраниските служби. Целта на Дополнетиот предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик е отстранување на слабостите во постојните одредби од Кривичниот законик и постапување во согласност со решението на Уставниот суд од 12 февруари 2025 година објавено во „Службен весник на Република Македонија“ број 58/25. Tенденцијата на предложените законски измени и дополнувања, како што се наведува, е унапредување на одредбите за законските битија и заострување на казнената политика преку зголемување на постојните пропишани казни за кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластувањето од член 353, И злосторничко здружување од член 394.

- На овој начин би се отстраниле лоцираните слабости во постојните одредби на овие кривични дела, особено во заострувањето на казнената политика во насока на повторно остварување на нејзината превентивна и репресивна функција. Воедно, со овој пристап ќе се постапи во согласност со забелешките во извештајот на Европската комисија за 2023 година и повторно ќе се воспостави реална и добра правна рамка за зајакнување на борбата против високата корупција.

Со Предлог измените и дополнувањата на Кривичниот законик за што е користена компаративна анализа подготвена во Собранието, се воведува и ново кривично дело - инкриминирање на злоупотребата на туѓа снимка, фотографија, аудиозаписи или списи со сексуално експлицитна содржина.

- Поаѓајќи од злоупотребите на приватноста и утврдените правни празнини во постојните одредби на Кривичниот законик при нивното спроведување во практиката, недвосмислено се наметна потребата за воведување ново кривично дело, односно инкриминирање на злоупотребата на туѓа снимка, фотографија, аудиозаписи или списи со сексуално експлицитна содржина. Со тоа предложеното кривично дело во законското битие како објект на заштита ја има приватноста, а елементот на дејство на извршување претставува сторителот на трето лице да му направи достапна видео или друга снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина, без согласност на лицето на кое тој спис се однесува, односно без согласност на лицето што е прикажано на снимката, фотографијата или чиј глас е снимен на аудиозаписот, се вели во предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Со предлог-законот е опфатена и одредбата за проширената конфискација, т.е. членот 98-а, во насока на проширување на опфатот на кривични дела за кои би можела таа да се примени. Исто така, се врши и доусогласување со Истанбулската конвенција преку редефинирање на кривичното дело телесна повреда од член 130 на Кривичниот законик со отстранување на гонењето по предлог во случаи кога делото е сторено при вршење родово базирано насилство, насилство врз жена или семејно насилство или од омраза или спрема лице кое е посебно ранливо поради неговата возраст, тешките телесни или душевни пречки или бременост, со што овој облик на делото ќе се гони по службена должност.

- Поради лоцираните слабости во практиката, а со цел нивно надминување, се предлага и вградување два нови облика кај кривичното дело трговија со дете заради надминување на состојбите со питањето. Покрај овие предлог-измени и дополнувања, предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик содржи и измени, кои се итни, а имаат карактер на техничко појаснување и подобрување на одредени одредби, и тоа кај куќниот затвор, условната осуда со заштитен надзор и проширената конфискација. Од наведеното јасно произлегува дека предлог-законот и во него содржаните законски решенија се неопходни како правни механизми за да се отстранат идни евентуални штетните последици од донесените законски измени на Кривичниот законик во септември 2023 година, а воедно и за исполнување на европските и меѓународните стандарди воопшто, се посочува во образложението.

Предлог-законот содржи и одредби за хармонизирање на кривичните дела против безбедноста во сообраќајот и одземањето предмети со пакетот предлог-закони поврзани со проектот „Безбеден град“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ со реакција: Што дематира Ќуркчиев?

Еве ги документите за тендерот 1,6 милиони евра и фирмата поврзана со Никола Ќуркчиев.

СДСМ со реакција: Што дематира Ќуркчиев?

Фирма поврзана со еден од луѓето во таканаречената Платформа на Мицкоски за поделба на СДСМ добила тендер од државно претпријатие во вредност од 1,6 милиони евра, обелодени претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Потоа Никола Ќуркчиев излезе со демант.

Еве ги документите.

Претседателот Филипче многу јасно кажа и докуметните со кои располагаме и сега дел од нив јавно ги објавуваме тоа го потврдуваат: фирма што ја претставува и со која соработува поранешниот секретар на СДСМ, Никола Ќуркчиев, добила тендер од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на 17 јуни 2026 година.

Што демантира Ќуркчиев? Се е јасно како ден!

Ако за нив СДСМ вреди 1,6 милиони евра нашата порака е јасна: СДСМ не е на продажба, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата сега ги објави фотографиите на хулиганите кои направија хаос на финалето на Купот- цела Швајцарија во потера

Како дел од јавната потрага по осомничени лица во врска со финалето на Купот на Швајцарија во 2025 година, објавени се незаматени фотографии од две лица.

Полицијата сега ги објави фотографиите на хулиганите кои направија хаос на финалето на Купот- цела Швајцарија во потера

Постои основано сомнение дека двете лица запалиле ракети и петарди за време на финалето на Купот во 2025 година помеѓу ФК Базел и ФК Бил, со што ја загрозиле јавната безбедност. Бернската кантонска полиција апелира до сите во Швајцарија што имаат информации за идентитетот на осомничените да се јават.

Фотографии од две засега неидентификувани лица без маски за лице сега се објавени на веб-страницата на Бернската кантонска полиција. Постои основано сомнение дека овие хулигани запалиле ракети и петарди во толпа за време на финалето на Купот на 1 јуни 2025 година, со што ги изложиле луѓето во нивна близина на ризик од сериозни повреди.

И покрај интензивната потрага и првите две фази од јавниот апел за информации што го започна Јавното обвинителство на Берн-Мителанд, двете лица сè уште не се идентификувани. Ова се жалби објавени на 7 и 10 септември 2026 година.

Како дел од јавната потрага, утврдени се идентитетите на две од четирите барани лица. Надлежното обвинителство затоа нареди објавување на фотографии без замаглување на лицата на двајцата преостанати неидентификувани осомничени.

Фотографиите ќе бидат достапни на веб-страницата на полицијата на Бернскиот кантон до понатамошно известување.

Доколку бараните лица се појават или бидат идентификувани врз основа на добиените информации, фотографиите ќе бидат отстранети по спроведување на соодветна истрага, според веб-страницата на полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Снуп Дог настапи на ерманска „свадба на векот“, снимката е хит (ВИДЕО)

Видеата од Снуп Дог од ерменска свадба во Калифорнија привлекоа внимание на социјалните мрежи. 

Снуп Дог настапи на ерманска „свадба на векот“, снимката е хит (ВИДЕО)

Познатиот 54-годишен рапер беше музичко изненадување на прославата на Вахе Чагласијан и неговата сопруга Кристина, а одржа и приватен настап пред собраните гости.

Според најавите од прославата, двојката се венчала на 13 септември, а прославата се одржала во областа Беверли Хилс. Гостите го снимале настапот на Снуп во текот на вечерта, па на социјалните мрежи наскоро се појавија неколку видеа од свадбата.

Пееше пред младенците и гостите

Снуп изведе некои од своите најпознати песни за публиката. Репертоарот вклучуваше „Nuthin' but a 'G' Thang“, која ја сними со Др. Дре, како и „Young, Wild & Free“, неговата соработка со Виз Калифа.

Снимките ги прикажуваат младенците и нивните гости по настапот пред сцената, додека Снуп беше придружуван од Сами Флеш на диџејската маса.

Диџејот се пофали

По свадбата, диџејот се пофали со нивниот заеднички настап и објави неколку снимки од вечерта.

„Само почит за жива легенда. Чест ми е што повторно ја делам сцената“, напиша тој, нарекувајќи ја прославата „ерменска свадба на векот“.

Снуп се дружеше и со младенците по настапот. Во едно од видеата може да се види како ги прегрнува и им честита, завршувајќи го своето гостување на прославата.

Приватните настапи на светските ѕвезди на свадбите повремено привлекуваат големо внимание од јавноста, особено кога снимките завршуваат на социјалните мрежи. Меѓу изведувачите кои претходно настапувале на вакви прослави беа Џастин Бибер, Ријана и Бијонсе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер