Собранието ќе ја одржи 68. седница, на дневен ред и Предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори - Канал 5

Собранието ќе ја одржи 68. седница, на дневен ред и Предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори

 Собранието денеска ќе ја одржи 68. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото е Предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори. 

Собранието ќе ја одржи 68. седница, на дневен ред и Предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Предлог-декларацијата ја поднесе претседателот на Собранието, Африм Гаши и координаторите на сите пратенички групи.

Во Предлог-декларацијата се наведува дека во пресрет на изборите што ќе се одржат на 19-ти октомври, Собранието го изразува своето натпартиско единство за одржување на фер, слободни и демократски избори.

Се посочува дека Собранието се залага за доследно почитување на уставното право, граѓанинот да го оствари своето избирачко право непосредно, на слободни избори со тајно гласање, а најостро го осудува семејното и групното гласање, како можност за манипулирање со гласовите на граѓаните и влијание врз изборните резултати.

Покрај декларацијата, на пленарната седница, ќе се најдат и пратеничките прашања од опозицијата. Од страна на Собранието побарано е од Владата на седниците за пратенички прашања да присуствуваат министрите за да можат да одговорат. Како што истакна претседателот на Собранието Гаши на овонеделниот брифинг со медиумите, за ова разговарал и со премиерот Христијан Мицкоски кој се согласил со барањето посочувајќи дека тој како премиер со неговото присуство на седниците дава пример дека треба да присуствуваат и министрите.

На оваа собраниска седница се и Предлог на закон за изменување на Законот за употреба на знаковниот јазик, Предлог на закон за изменување на Законот за социјална сигурност за старите лица, Предлог на закон за изменување на Законот за инвалидски организации, како и Предлог на закон за изменување на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци, сите во второ читање.

Пратениците ќе расправат и по Предлогот на закон за изменување на Законот за обележување, уредување и одржување на гробиштата и гробовите на борците погребани на територија на Република Македонија и во странство, како и на припадниците на странските армии од поранешните војни на територија на Република Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна, Предлог на закон за изменување на Законот за правата на прогонуваните и затворaните лица за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност и на членовите на нивните семејства, Предлог на закон за изменување на Законот за правата на носителите на „Партизанска споменица 1941“, на лицата одликувани со Орден на народен херој и на борците од Шпанската националноослободителна и револуционерна војна од 1936 до 1939 година, сите во второ читање.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог на закон за изменување на Законот за семејството, Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, Предлог на закон за изменување на Законот за вработување на инвалидни лица, во второ читање.

Народните избраници на оваа седница ќе раправаат и за Дополнетио предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците.

Со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, кој е во второ читање, се овој Предлог на закон се предвидува можност за примена на новите технологи (систем за детектирање преку технички средства и уреди за снимање) кои можат да бидат добра алатка за брзо и ефикасно детектирање на сообраќајните прекршоци и спроведување на процесот на санкционирање на истите.

Со него се предвидува можност за изрекување на негативните поени заедно со глобата покрај можноста за изрекување на

негативни поени како замена за изречена глоба. - Од искуствата на другите европски држави во областа на сообраќајот негативните поени во најголем број случаи се изрекуваат заедно со изречената глоба, па поради тоа се придвидува ваквата можност која дополнително ќе биде разработена во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и во некои други области доколку е потребно, велат предлагачите.

Се регулираат и висините на глобите за физичките лица како сторители на прекршоци во областа на безбедноста на

сообраќајот, бидејќи, од досегашната пракса и примена на Законот, а особено поради зголемениот број на сообраќајни прекршоци со потешки последици, констатирано било дека сегашните глоби не се соодветни за ваков вид прекршоци, поради што се дава можност тие да бидат повисоки (трикратен износ од износот предвиден за прекшроците од

полесен вид).

Исто така, со предложените измени и дополнувања, се менува членот 28 кој се однесува на санкцијата „престанок на важење на возачка дозвола“. -Со оглед на тоа што овој член од Законот во моменов е неприменлив во еден дел (негативни поени), а во останатиот дел беше нецелосно уреден, со предложените одредби целосно се уредува. Имено, оваа санкција е предвидена и во случаи на кумулирање на повеќе од две санкции „забрана на управување со моторно возило“. Во овој член од Предлогот на законот се предвидени и роковите за изречената забрана, како и начинот на кој ќе се врши доставата на известувањата и одлуките на судот помеѓу сторителот на прекршокот, Министерството за внатрешени работи и судовите пред кои ќе се води постапката, се вели во образложението на предлог законот.

Како што меѓудругото, предвидуваат измените и дополнувањата, Судот ќе изрече прекршочна санкција престанок на важење на возачка дозвола за сторен сообраќаен прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило, доколку возачот во последните четири години има најмалку две правосилни прекршочни санкции – забрана за управување со моторно возило од истата категорија, сметано од денот на правосилноста на одлуката за првата прекршочна санкција. Сторителот на кој му е изречена прекршочна санкција престанок на важење на возачка дозвола од определена категорија не може да отпочне со постапка за полагање на возачки испит за истата категорија, пред истекот на 12 месеци од денот на престанокот на важењето на возачката дозвола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар.

Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема.

Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец.

Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин

Денеска, заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“.

Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин

На панел-дискусијата „Градење на компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, говорев за поврзаноста меѓу европската конкурентност, иновациите, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан.

Европа ја црпи својата сила од способноста различноста да ја претвори во соработка, а соработката во заедничко дејствување.

Конкурентноста денес не може да се сведе само на капиталот, големината на пазарите или цената на работната сила, туку сè повеќе зависи од капацитетот да се поврзат знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето и тие врски да се претворат во иновации, продуктивност и одржлив раст.

Западен Балкан не е надвор од Европа, туку е дел од нејзината историја, инфраструктура и безбедносна архитектура, при што Европа и Западниот Балкан ги опишав како „систем на поврзани садови“, во којшто случувањата во еден дел неизбежно влијаат врз другиот.

Прашањето не е само како Западниот Балкан подобро да се поврзе со Европа, туку дали Европа може да си дозволи да остане недоволно поврзана со регион што се наоѓа на пресекот на нејзините стратешки правци, енергетски коридори, пазари и човечки потенцијал, објави на ФБ претседателката Гордана Сиљановска- Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)

Клементин Вон, 22-годишната ќерка на супермоделот Клаудија Шифер и режисерот Метју Вон, ќе го има својот прв настап на престижниот париски бал Le Bal des Débutantes на крајот од месецот.

Ќерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)

Настанот, кој ги собира младите жени од некои од највлијателните семејства во светот, ќе се одржи на 28 ноември и се смета за еден од најексклузивните социјални настани во годината. Меѓу дебитантките оваа година ќе биде Олимпија Баез-Херера, внука на познатата модна дизајнерка Каролина Херера, пишува Hello!.

Клементин има необична сличност со својата позната мајка, од која ја наследила својата препознатлива руса коса, а е заинтересирана за слични области - студира уметност и мода. Клаудија Шифер претходно откри дека двете нејзини ќерки, Клементин и 15-годишната Космина, обожаваат да ѕиркаат во нејзиниот плакар и да позајмуваат облека.

„Уживам гледајќи ги како составуваат модни комбинации. За генерацијата на моите ќерки, споделувањето облека, размената и носењето парчиња од втора рака е нешто сосема природно“, изјави Шифер за „Гардијан“ во 2023 година.

Што е „Le Bal des Débutantes“?

„Le Bal des Débutantes“ е традиционален париски бал чии почетоци датираат од 1957 година. Првично беше замислен како можност за млади жени од угледни семејства да се претстават во општеството и да се запознаат со потенцијални сопруги. Но, во 1997 година, Офели Ренуар го модернизира концептот и го претвори во гламурозен настан што ги слави младите жени, нивните семејства и нивните достигнувања.

Балот е од затворен тип и ги собира членовите на кралските и аристократските семејства и ќерките на влијателни луѓе од светот на бизнисот, уметноста и модата. Посебна карактеристика на настанот се луксузните фустани создадени од познати светски дизајнери за дебитантките, додека на балот ги придружуваат одбрани кавалиери.

Настанот има и хуманитарна цел. Семејствата учеснички собираат средства за добротворни организации со донации, а оваа година парите се наменети за истражување на срцеви заболувања и за Детската болница „Марија Фарери“.

Овогодинешниот бал ќе се одржи во луксузниот хотел „Шангри-Ла Париз“, поранешната палата на принцот Роланд Бонапарта, од која се нуди поглед на Ајфеловата кула.

Кои се другите дебитантки?

Заедно со Клементина, посебно внимание привлекува 21-годишната Олимпија Баез-Херера, внука на Каролина Херера, која на балот ќе носи фустан со потписот на нејзината баба. Меѓу гостите се австриската надвојвотка Зита, која ќе носи креација од Франк Сорбие, и Викторија де Ноај де Муши де Пуа, потомок на француски благороднички и кралски семејства, која го избра дизајнерот Гуо Пеи.

На листата се наоѓаат и близначките Ешли и Брејси Астон, членка на кувајтското владејачко семејство Шајма Ал Сабах и Џулиет Липман, ќерка на коосновачот на издавачката куќа „Република рекордс“, која ќе носи фустан од Оскар де ла Рента.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер