Собранието ја утврди потребата за носење на пакетот закони за намалување на платите на функционерите - Канал 5

Собранието ја утврди потребата за носење на пакетот закони за намалување на платите на функционерите

Собранието денеска во рамки на 89. пленарна седница ја утврди потребата за носење на пакетот закони со кои се нивелираат платите на избраните и именуваните лица. 

Собранието ја утврди потребата за носење на пакетот закони за намалување на платите на функционерите

Со овие закони се предвидува платите на овие лица да им се намалат до 13.000 денари. Станува збор за измени на Законот за пратениците, на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, на Законот за платите на јавните обвинители, на Законот за платите на судиите, на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија и на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија. По одржување на матичните собраниски комисии, се очекува седницата да продолжи во 18:30 часот.

Со овие закони, како што образложи предлагачот - пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, се воспоставуваат реални висини на платите. Стојаноски објасни дека со овие предложени решенија се врши интервенција во коефициентите и дека ова законско решение е во согласност со Уставот и не може да биде обжалено пред Уставниот суд.

- Со овие предложени решенија се врши интервенција во коефициентите, со што се обезбедува национално користење на средствата од Буџетот на Република Македонија. Ова законско решение е во согласност со Уставот и е единствено законско решение коешто може да влезе во уставната рамка и потоа да не биде обжалено на Уставниот суд. Со овие измени одредени позиции се намалуваат коишто се во следниов правец: за пратениците и функционерите во извршната власт ги намалуваме коефициентите со што директно го кратиме буџетскиот товар, за судиите и јавните обвинители предвидуваме усогласување на коефициентите со цел нивните плати да бидат во корелација со реалните економски можности на државата, додека за градоначалниците предлагаме нова скала на коефициенти, зависно од бројот на жители во општините. Доколку овие измени денеска бидат усвоени во Собранието, платите ќе се нивелираат со што значи на сите овие функционери коишто се под овие шест закони, платата ќе се намали од 10 до 13.000 денари - рече Стојаноски.

Собранието не го усвои Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предлага минималната плата да се зголеми на 600 евра, поднесен од пратениците од опозицијата. Опозициските пратеници посочија дека минималната плата не е само бројка, туку, како што рекоа, прашање дали едно семејство ќе може да ја плати сметката за струја, дали ќе има доволно храна до крјаот на месецот. Потенцираа дека „покачувањето на минималната плата значи инвестиција во нашиот најголем капитал - работниците“, бидејќи инвестициите во работниците, како што рекоа, се инвестиција во економијата, затоа што нема економија без задоволен работник.

Пратениците од власта истакнаа дека покачување на сите плати ќе има и народот ќе живее подобро, и покрај тоа што, како што потенцираа, треба да се вратат сите долгови и се што испокрадела претходната власт. Тие посочија дека СДСМ додека беа на власт беа отпуштени од работа 200 илјади лица и оти нивните министри не исплатиле плати на работници во разни институции. Потенцираа дека не се против зголемување на платите но, како што посочија, тоа да произлезе од разговор помеѓу сите засегнати и да има одржливо решение.

Изгласана беше потребата по скратена постапка да се донесат и Предлог на законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево-Охрид, Предлог на законот за изменување на Законот за ветеринарно здравство и Предлог на законот за изменување на Законот за идентификација и регистрација на животните. Собранието донесе одлуки за објавување јавни огласи за состави на неколку институции - Одлуката за објавување јавен оглас за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија, Одлуката за објавување јавен оглас за именување директор и заменик на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата и Одлуката за објавување јавен оглас за именување на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.

Пратениците гласаа за именување на Никола Затуроски за претседател на Регулаторната комисија за домување, а Љубиша Јовановски, Зоранчо Димитров и Насер Жарки за членови на Комисијата.

Собранието ги усвои и Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2026 година и Предлог на одлуката за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавен е повикот за „24 часа стрип цртање 2026 “

На 28 и 29 ноември 2026 година ќе се одржи меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип. 

Објавен е повикот  за „24  часа стрип цртање 2026 “

Станува збор за традиционален предизвик во кој автори, аматери и професионалци имаат задача да создадат оригинален стрип во рок од 24 последователни часа на зададена тема. Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена.

Техниката и должината на стрипот се по сопствен избор на авторите. Иако традиционалниот концепт предвидува 24 страници, постигнувањето на оваа бројка не е задолжително – примарната цел на акцијата е масовното учество, стручната размена и поддршката на креативниот процес.

Освен две локации за цртање во живо во Скопје , овозможено е и отворено онлајн учество, со кое заинтересираните можат да творат од дома и да ги испратат своите дела електронски.

Томе Трајков, стрип-работник од Велес. Трајков изрази големо задоволство што регионалните партнери позитивно одговориле на неговиот предлог од пред неколку години , овозможувајќи им на домашните автори простор за рамноправна соработка и афирмација.

Инаку клучни информации и пријавување има на наменскиот сајт ttps://www.24satnocrtanjestripa.com/

Време на одржување: Од 28 ноември (сабота) во 12:00 ч. до 29 ноември (недела) во 12:00 ч.

Темата е тајна и ќе биде соопштена на почетокот на настанот (28.11.2026 во 12:00 ч.).

За истакнување е податокот дека Годинешното графичко решение е на уметницата Гаја Смилевска од Скопје

Пријавување е најдоцна до 25 ноември) кога треба е да се испратат основните податоци на учесниците. По завршување на маратонот, готовите страници се препраќаат на истата адреса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер