Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законските измени за укинување на техничката влада - Канал 5

Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законските измени за укинување на техничката влада

Со 67 гласа „за”, 13 „против“ и ниту еден воздржан Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија

Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законските измени за укинување на техничката влада

Со 67 гласа „за”, 13 „против“ и ниту еден воздржан Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура.

Со ова законско решение се создаваат услови за елиминирање на објективните причини поради кои беше воспоставен моделот на преодна, односно техничка влада.

Предложеното законско решение, со одложната примена, како што се вели во образложението од предлагачот - Владата, има цел да обезбеди стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес на граѓаните преку целосно и доследно заокружување на почнатите реформи.

- Заради потребата од рационално и одговорно користење на јавните финансии, зајакнување на институционалната стабилност и обезбедување целосен демократски легитимитет на Владата како носител на извршната власт избрана од Собранието, со овој предлог-закон се воспоставува јасна и применлива правна рамка, која ќе ги гарантира фер и транспарентните избори преку институциите основани со Уставот и законите и ќе ги елиминира привремените решенија воспоставени со политички договори во минатото - се вели во образложението на предлог-законот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

На 01.09.2026 во 15:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Х.А.(28) од Радовиш, Д.П.(22) од с.Злеово, радовишко и Ј.П.(26) од село Подареш, радовишко.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

При претрес во домот на Х.А, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана, за која во службен разговор изјавил дека во неговиот дом претходно ја однеле Д.П. и Ј.П.. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветин подари Виолински клуч на Карерас со порака „музиката и уметноста ќе го спасат светот“

Светски познатиот тенор Хозе Карерас, сношти, доби уметничка слика „Виолински клуч со три рози“ од македонскиот уметник сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин.

Цветин подари Виолински клуч на Карерас со порака „музиката и уметноста ќе го спасат светот“

По завршување на настапот во рамки на концертот „José Carreras with Macedonian All-Stars“, Цветин се сретна со Каререс, при што подарувајќи му ја сликата, порача „музиката и уметноста ќе го спасат светот“.

Карерас и Цветин разговарале за своите животни кариери и за актуелните случувања во светот. На листата светски музичари – уметници, освен Карерас, вакви уметнички слики добиле и францускиот пејач и композитор Шарл Азнавур, оперскиот сопран Радмила Бакочевиќ, диригентот Зубин Мехта, џез музичарите Би Би Кинг и Реј Чарлс, македонските оперски певици Милка Ефтимова, Весна Илкова Гиновска, како и македонскиот оперски пејач Борис Трајанов и македонскиот класичен пијанист Симон Трпчевски.

Карерас настапи на концерт во Македонија по повод 35 години независност на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Нови клупи и корпи за отпадоци на кејот на Вардар

На барање на Општина Карпош, Град Скопје деновиве постави клупи  и корпи за отпадоци долж пешачката патека на кејот на реката Вардар, во делот на локалната самоуправа, на потегот од хотелот „Александар Палас“ до „Железниот мост“, во населбата Влае.

Општина Карпош: Нови клупи и корпи за отпадоци на кејот на Вардар

Со оваа акција, се подигнува степенот на квалитетот и квантитетот на урбаната опрема и урбаната инфраструктура на територијата на локалната самоуправа, во една од најзначајните и најфрекфентните рекреативни зони во градот. Оваа иницијатива претставува пример за одличната меѓуинституционална соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје, кои до сега соработувале во повеќе ситуации. Во оваа пригода апелираме до сите граѓани, на совесно и одговорно однесување и чување на урбаната опрема и урбаните реквизити, како наше заедничко урбано и јавно добро.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер