Народната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноември
1Народната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноември
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
Веб ТВСобранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 годинаFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ЕкономијаНародната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноемвриПрвата аукција за продажба на „Алта банка“ АД Битола ќе се одржи на 30 ноември.На продажба се понудени 372.742 обични акции, односно 95,336 отсто од вкупниот број акции на Банката, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај, соопшти Народната банка. Почетната цена е просечната берзанска цена на акциите од последните 6 месеци, односно 3.777 денари по акција, а ќе се продаваат по моделот „се или ништо“, што значи мора да се купи целиот пакет акции вреден 22,3 милиони евра. Ако акциите не бидат продадени на првата аукција на 30-ти, следните ќе се одржат на 1, 2, 3, 4 и 7 декември, а секоја наредна аукција ќе биде со попуст од 10 отсто во однос на претходната... Заинтересираните инвеститори имаат рок до четврток, 19 ноември да достават барање до Народната банка за претходна согласност, а треба да достават и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите, посочија од НБРМ.Гувернерот Славески, неодамна на прес-конференција изјави дека постојат шест заинтересирани банки, од кои две домашни. По инфорамцијата за закжаната аукција, од опозициската СДСМ обвинија дека Мицкоски и Славески планираат да ја продадат Aлта банка двојно пниско, само, како што велат, за да ги прикријат сметките и трансакциите. -Aлта банка оди на берзанска продажба. Ако нема купувач, цената ќе паѓа. Мицкоски и Славески планираат да ја дадат обезвреднето само за да ги прикријат сметките и трансакциите. По модел, прво никој да не се јави и на крај да се продаде за џабе. Ниту една сериозна банка не сака да купи банка со вакво портфолио, велат од СДСМ. Од владејачката партија, пак со критики до СДСМ дека откако не успеале со ширење на паника и хистерија дека банката ќе пропадне и граѓаните ќе останат без пари, сега според нив опозициската партија тргнала со личен напад кон Мицкоски. - Филипче се сокри на Бихаќка откако се откри вистината за Алта банка. Со месеци говореа за Давор Мацура и Алта банка, а на крајот се испостави дека тие биле првите што дозволиле да купи акции од Македонија, истиот овој за кој говореа дека е криминалец и дека поседувал сомнителен капитал, изјави Манасиевски. Во меѓувреме, државниот обвинител Ненад Савески прашан околу постапувањето на обвинителството за кривичните пријави кои ги поднесоа гувернерот Славески и опозицискиот СДСМ за случајот со Алта банка, повтори дека обвинителството постапува доколку утврди постоење на кривично-правен настан во овој случај, но во моментов како што рече, не може да соопшти повеќе инфоирмации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШумската полиција се засилува: Доделени уверенија на 81 полицаец и еден заменик-командирНа свеченост во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беа доделени уверенија за завршена шестмесечна обука на 81 шумски полицаец и на еден заменик-командир.Министерот Серафимовски посочи дека засилувањето на Шумската полиција со нови човечки ресурси доаѓа на почетокот на грејната сезона, кога се очекува поголем притисок врз шумите. Тој истакна дека со вклучувањето на новите полицајци, Шумската полиција ќе може да спроведува повеќе контроли за да ја спречи бесправната сеча и да открива случаи на превоз и продажба на дрва од незаконско потекло. „Законот треба да важи подеднакво за секого, без оглед на името или функцијата. Држете се до фактите и постапувајте во рамките на своите законски овластувања. Ја имате целосната моја поддршка во борбата против криминалот со нашето шумско богатство“, им порача министерот Серафимовски на новите припадници на Шумската полиција, соопштуваат од МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Петрова немала информации дека ДАНС ѝ вршел притисок на МихаиловаЗа бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова останува мистерија од каде доаѓале информациите за наводни притисоци врз Ива Михаилова од страна на бугарската државна агенција за национална безбедност - ДАНС. Откако опозициската партија „Да, Бугарија“, се закани дека за случајот со обвинувањата за притисоци врз Михаилова ќе го информираат и Брисел, Петрова-Чамова изјави дека досега немало индиции за какви и да се притисоци врз михаилова –Како што можев да видам од изјавата на Ива Михаилова, таа самата тврди дека не била изложена на притисоци, па затоа за мене е мистерија од каде се појавија ваков тип на информации, до кои европски институции ќе пристигнат и што ќе им одговорат не сум многу сигурна, но досега немам видено таков случај,- -изјави Велислава Петрова-Чамова, министерка за надворешни работи на Бугарија. На Михаилова, која има и македонско и бугарско државјанство, во судот во Кочани и се суди за сообраќајна несреќа лани во која животот го загуби 33-годишниот Бесим Дурмиши од Скопје. Судењето се одвива во нејзино отсуство откако таа на 11 октомври под досега нерасчистени околности побегна од државата. Според адвокатот Драган Пешевски, одлуката на Михаилова да побегне во Бугарија, во време кгоа против неа се води активна судска постапка без пресуда, е неодговорна и нелогична. –. Така да, сметам дека оваа одлука, посебно по она што го слушаме во јавноста за притисоци од службите од соседната држава, сметам дека брзо и се одби од глава оваа одлука,- изјави адвокат Драган Пешевски. За потсетување, јутјуберот Станислав Цанов вчера објави аудиоснимки на кои наводно Михаилова тврди дека за време на лекувањето во Софија и бил поставен услов од вработен во ДАНС –да гостува кај новинарот Мартин Кабровски, кој добил однапред подготвени прашања, во спротивно ќе останела без средства за нејзиното лекување. Михаилова и самата се огласи на социјалните мрежи, отфрлајќи ги обвинувањата дека некој во Бугарија и вршел каков било притисок. Пристисок врз михаилова демантираше и бугарската државна агенција за национална безбедност -данс. Следно рочиште за судскиот процес против Михаилова во кочанскиот суд е најавено за 27 ноември. Тагови: ива михаилова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter