Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа
2Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа
3Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит
3Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
МакедонијаСобранието ја констатираше оставката на уставната судијка Дабовиќ-Анастасовска, ВМРО-ДПМНЕ со барање за договор за една анкетна за трагедиитеСобранието денеска во рамки на 72. седница ја констатираше оставката на уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска заклучно со 31 декември оваа година. Уставната судијка не ја образложи својата оставка пред пратениците, а, како што информираа од Уставниот суд, ја поднесе од здравствени и лични причини. На почетокот на седницата пратеникот и заменик-координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски побара од колегите пратеници од опозицијата да се постигне договор да има една анкетна комисија за несреќата во Коачни, но и за случаите Модуларна болница, Дурмо турс и Ласкарци. - Во првиот апел сакам да ги повикам сите пратенички групи да ја поддржат иницијативата, потпишана од над 75 пратеници за одржување на анкетна комисија за сите трагедија кои што се случува во Р. Македонија, бидејќи сметам дека тоа е особено важно, бидејќи Собранието како орган има должност и обврска спрема граѓаните да ги даде одговорите на сите трагедија кои што се случија, особено заради тоа што најголем дел од населението и практично се уште бара одговори или смета дека тие одговори кои што се дадени на некои претходно случени трагедии не ги опфаќаат сите виновници кои што треба да бидат најдени пред лицето на правдата, рече Стојаноски. Сметам дека треба да бидеме особено внимателни, додаде пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи за една од тие трагедија се води судски процес и тоа практично ќе значи дека ние како орган, како пратеници, треба да внимаваме и на нашиот дигнитет и соодветно на тоа да ги опфатиме сите оние трагедии кои што се случуваат за да им дадеме на граѓаните тоа што го бараат, а тоа е правда и конечен одговор на прашањето кој е виновен затоа што тоа репетитивно се случува во нашата држава. Исто така, Стојаноски побара да се смени терминот на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на правата на граѓаните, чиј претседател е Димитар Апасиев, и на која на дневен е претставката на родители и блиски на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Седницата е закажана на 9-ти декември, кога почнува пленарната седница на која на дневен ред е Предлог-Буџетот за 2026 година. Стојаноски образложи дека на седницата на Постојната анкетна комисија во тој случај би можеле да присуствуваат повеќе пратеници, но и Премиерот лично. - Сметаме дека е коректно сите заедно да се договориме за датум на кој што ќе можеме да бидеме присутни сите, сите оние коишто се повикани и Премиерот и на тој начин да им ги дадеме одговорите и на родителите и на подносителите на оваа иницијатива, рече Стојаноски. Координаторот на пратеничката група на Левица Борислав Крмов не одговори на барањето на Стојаноски, но реагираше до претседателот на Собранието Африм Гаши зошто дозволил да се обрати заменик координаторот Стојаноски, а не координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски. Пратениците од владејачката партија побараа ВМРО-ДПМНЕ да се ословува со целото име на партијата. Пратеникот Димитар Апасиев, претседател на Постојаната анкетна комисија за човекови права, рече дека веднаш откако до него стасала претставката за случајот во Кочани ја доставил до претседателот на Собранието Гаши и притоа изнесе податоци дека во минатиот состав вакви информации на опозицијата биле во кус рок ставани на дневен ред на Собранието. - Зошто за мојава информација, еве петти месец, ниту е проследена до пратеници, ниту јавноста знае, ниту ја има на е - Парламент, ниту ми е вратена на доработка..., рече Апасиев и праша дали ќе се постапи по оваа информација која ја има доставено како овластен предлагач. Претседателот на Собранието рече дека кога е доставена информацијата до него локалните избори веќе биле распишани. - Никој ништо не крие. Секоја информација како што е по Деловник ќе биде разгледана, а исто така ве молам кога се обраќаме до политичките партии да им се обратиме со нивното официјално име, рече Гаши. Собранието не го прифати барањето на Левица по итна постапка да се донесат измени на Изборниот законик. Пратеникот Амар Мециновиќ побара да се донесат овие измени за да се надмине проблемот со неможноста за рекламирање на една политичка партија. На седницата беше посочено дека веќе неколку недели се водат разговори за работна група за нов Изборен законик и дека овој предлог на Левица е беспредметен бидејќи во текстот се наведува дека е за избори кои веќе се завршени. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека беспредметно е носењето на измени на ваков Изборен законик и дека се разговара за работни групи. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, пак, рече дека секогаш е пракса Изборниот законик да се носи со консензус на партиите. При одлучувањето на пратениците дали предложените измени на Законот за средно образование ќе се носат по скратена постапка, Спасовски реагираше до Гаши дека дозволил за предлогот да се гласа без да биде образложен, по што Гаши, кој реагираше на некоректниот говор на координаторот на опозициската СДСМ, го поништи гласањето и побара предлагачите да го образложат законот. На дневен ред на седницата по скратена постапка ќе се најдат и измените на законите за градење и за финансиска поддршка на инвестиции, а тоа колку точки ќе има дневниот ред на 72. седница ќе се знае по паузата од еден час (до 13:00) што ја побараа пратениците на ДУИ. Заменик министерката за транспорт Калтрина Зекири Шаќири образложи дека со измените и дополнувањата на Законот за градење детално се регулира постапката при изградба на станбеноделовни градби и градби за колективно домување, кои би се изведувале на локалитети, односно подрачја на кои има техничка можност за приклучок на систем за дистрибуција на топлинска енергија, истите задолжително да се проектираат и изведуваат со целокупната машинска односно техничка инсталација за спроведување на топлинската енергија преку парно греење. Исто така се усогласува постапката за изградба на електроенергетски објекти согласно новиот Закон за енергетика, а се додава нов став (6) кој е во функција на допрецизирање на постапката за издавање на одобрение за градење на станбеноделовните градби и градбите за колективно домување. Со измените на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, по скратена постапка се интервенира во членот 28 од Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции и се одложува рокот за поднесување на барање за исплата на финансиска поддршка во 2025 година. За предложениот дневен ред на седницата има повеќе точки, меѓу кои и гласање за нов претседател на ДКСК.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКим Џонг-ун пристигна во Кина преку нов мост (ВИДЕО)Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во Кина преку новоизградениот мост меѓу двете соседни земји, изјави јужнокорејски владин претставник.Ким пристигна во Дандонг преку новиот мост на реката Јалу, кој ги поврзува Северна Кореја и Кина, изјави функционерот под услов на анонимност бидејќи не е овластен јавно да зборува за ова прашање. Кинескиот премиер Ли Ќијанг се сретна со Ким во пограничниот град, изјави друг јужнокорејски функционер запознаен со посетата, исто така под услов на анонимност. Посетата на Ким доаѓа еден ден пред годишнината од вмешаноста на Кина во Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година. Затоплување на односите Се очекува Ким да се врати во Северна Кореја по посетата во сабота, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Јужнокорејски функционер запознаен со посетата изјави за Ројтерс дека е малку веројатно Ким да го посети Пекинг пред состаноците на високо ниво на Кинеската комунистичка партија, кои започнуваат во понеделник. Кина и Северна Кореја овој месец, по долго одложување, го отворија Новиот мост на реката Јалу. Станува збор за објект долг три километри што претставува нивен најважен копнен граничен премин. Целта е да се оживее трговијата и економската размена по години на затегнати односи и нарушувања предизвикани од пандемијата. Посетата на Ким во овој момент се вклопува во сегашната фаза на поблиски економски врски и почести состаноци на високо ниво меѓу Кина и Северна Кореја, рече Лу Чао, експерт за односите меѓу Кина и Северна Кореја во Провинциската академија за општествени науки Лиаонинг, истражувачки институт на кинеската влада со седиште во Шенјанг. Се очекува мостот да го олесни транспортот на тешка опрема, суровини и енергија што ѝ се потребни на Северна Кореја за развој. Отворањето е најновиот знак за одмрзнување на односите меѓу Пекинг и Пјонгјанг, откако лидерите на двете земји се состанаа на два самити во изминатите 13 месеци.Тагови: Ким Џонг-ун Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИзборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа Мртва трка со само неколку проценти предност за партијата на Вучиќ, односно за Студентската листа, предвидуваат изборните анкети на ден пред изборите во Србија. Според „Нова српска политичка мисла“ , Студентската листа е во предност за 2 процента пред Вучиќ или 44,5 наспрема 42,7 проценти. ИПСОС , пак предвидува победа на Вучиќ со предност од 7,4 проценти пред Студентската листа или 47,4 наспрема 40 проценти. Вонредните парламентарни избори во Србија, кои ќе се одржат на 25 октомври, ќе бидат 15-ти парламентарни избори во таа земја од 1990 година, а воедно и јубилејни, десетти вонредни избори. Право на глас имаат околу шест и пол милиони гласачи, кои ќе изберат 250 претставници во српскиот Парламент. Според политичките проценки, ова се најважните парламентарни избори во Србија од падот на Слободан Милошевиќ во октомври 2000 година. Главната битка се води помеѓу две листи - онаа на Александар Вучиќ и студентската листа, која во моментов е негов најголем противник. Вучиќ се обидува со овие избори да ја врати премиерската функција и на тој начин да остане на власт, која ја држи од 2012 година. Ова се и првите избори на кои Вучиќ не е фаворит и на кои студентската листа има големи шанси за победа. Секако, конечната пресуда ќе ја дадат гласачите, а многу ќе биде познато веќе во недела навечер, по 20 часот, кога ќе бидат објавени првите резултати. Доколку по овие избори во Србија се формира нова влада, тоа ќе биде 21-ва влада по ред од 1990 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Црна хроникаЛишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ .Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г.(20) и К.Д.(23), И.Ш.(28), С.Т.(20) сите од Скопје, Р.Ш.(22) од с.Морани, скопско, А.В.(20) од с.Радишани, скопско, Љ.М.(59) од с.Ресава, кавадаречко, Н.Ј.(35) од с.Слупчане, Општина Липково, и А.А.(18) од Прилеп и Д.К.(18) од с.Тополчани, прилепско. Со активна мерка - забрана возило управувале Д.Ќ.(47) од Велес и М.Б.(30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook