Собранието ја донесе Одлуката за прераспределба на 12,5 милијарди денари буџетски средства - Канал 5

Собранието ја донесе Одлуката за прераспределба на 12,5 милијарди денари буџетски средства

 Собранието попладнево, со 60 гласа „за“ и девет против, ја донесе Одлуката за прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

Собранието ја донесе Одлуката за прераспределба на 12,5 милијарди денари буџетски средства

Како што рече претходно заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, со Одлуката се врши алокација на 12,5 милијарди денари во рамки на веќе утврдената буџетска рамка, односно во рамки на утврдениот буџетски дефицит за 2025 година од четири проценти.

-Со Одлуката се врши реалокација на планираните средства меѓу буџетските корисници. Целта е соодветна реалокација со цел финансирање на приоритетните потреби на буџетските корисници во функција на уште поуспешна реализација на Буџетот за 2025 година. Со предложената одлука се обезбедуваат потребните финансиски средства за трансфери кон ПИОМ и Фондот за здравствено осигурување за законски обврски поврзани со исплатата на пензиите, придонеси за задолжително здравствено осигурување на лица кои немаат по ниту еден основ здравствено осигурување и за исплата на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство. Исто така, во делот на социјалната сфера се обезбедуваат средства за поврат на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во заштитните друштва, за исплата на социјални надоместоци на најранливите категории лица, истакна заменик-министерот.

Дополнително, рече, во областа на транспортот се планираат и средства за навремен трансфер кон ЈПДП за изградба на инфраструктурата - Коридор 8, делница Тетово - Гостивар - Бокојчани и проектот за автопат Требеништа - Струга - Ќафасан, како и Коридорот 10д, делница на автопатот Прилеп - Битола, како и средства за целосна исплата за изработка на подготвителна техничка документација за изградба на брза железница долж Коридорот 10 и за нормално функционирање на целокупниот железнички систем во државата.

-Со одлуката ќе се обезбедат и дополнителни средства за изработка на урбанистички планови и за плаќање контрибуција кон Меѓународната поморска организација. Се обезбедуваат и средства за трошоци во арбитражни постапки, лиценци, реконструкција на згради на владини органи и финансирање на слични тековни расходи, информира Јанкуловски.

Расправата ја почна пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска, според која, „со оглед на тоа што е денеска тема на собраниската дискусија, земјава потфрла во секој поглед од економски аспект“. Таа конкретно праша зошто има намалување во Програмата „инфраструктурни проекти од општините“.

-Излегува на виделина се она што го зборуваше опозицијата. Скоро два месеца алармиравме дека има слаба реализација на капиталните расходи за 2025 година. И веќе, за среќа, власта успеа да го надмине прагот од 50 проценти на реализација, па денес влегува во некоја бројка од скоро 51 процент. Но, преку оваа Предлог-одлука може да се види кои буџетски корисници немаат сработено ништо, единствено немаме одговор - зошто тоа не го сработиле. Евидентно е дека има намалување на капитални расходи и зголемување на непродуктивните трошоци, нагласи Лукаревска, оценувајќи дека цените во земјава и натаму галопираат, кошничките не го дадоа ефектот, а нема, како што рече, ниту развој, ниту раст.

Јанкуловски на ова одговори дека реалокацијата на средства е нешто сосема вообичаено што се прави на крајот од секоја година.

-Најверојатно бевте испровоцирани од денешната прес-конференција на министерката за финансии, за растот на БДП во третиот квартал од 3,8 проценти и не знам зошто тоа барем не го спомнавте во вашата дискусија. Знаете со каков раст ги оставивте буџетот и државата. Бидете убедени дека со близу 4 отсто ќе ја завршиме годината. И УЈП денеска соопшти дека даноците во јануари - ноември 2025 во споредба со лани се зголемиле од 120 на 128 милијарди денари или за 7,8 милијарди, а и социјалните придонеси исто, нагласи заменик-министерот.

Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ укажа дека претходната власт, на СДСМ, за разлика од сегашната, реалоцирала средства за ликвидност на претпријатија како ЕЛЕМ, но потоа се увидело каде завршиле тие средства, додека според Фатмир Битиќи и Јованка Тренчевска од СДСМ, зимата допрва доаѓа „и оваа Влада си игра држава, без да води грижа за граѓаните“. За збор се јави и Љупчо Пренџов кој и се обрати на Тренчевска, обвинувајќи ја дека навредува, манипулира и ги искривува фактите.

По 74. седница чиј дневен ред е исцрпен, Собранието попладнево, како што најави потпретседателот Антонијо Милошоски, продолжи со работа по 72. седница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фридрих Мерц е во сериозни проблеми

Само 10% од Германците изјавиле дека се задоволни од работата на канцеларот Фридрих Мерц – што претставува најниска бројка во последните речиси 30 години – според анкетата „Deutschlandtrend“, за што известува порталот „Interia“.

Фридрих Мерц е во сериозни проблеми

На почетокот на септември, 13% од испитаниците ја оценувале работата на Мерц позитивно. Оваа нова бројка го означува најниското ниво во текот на целиот негов мандат како канцелар.

Доколку изборите за Бундестагот се одржеле на преминот од септември кон октомври, блокот CDU/CSU би можел да смета на 20% од гласовите. Тоа е за еден процентен поен помалку отколку на почетокот на септември.

Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) доби најголема поддршка во анкетата, со 27%; нејзиниот рејтинг остана непроменет во текот на месецот. Зелените би освоиле 16%, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) 13%, а партијата „Левица“ (Die Linke) 11%. Со 4% од гласовите, Слободната демократска партија (FDP) не би го достигнала изборниот праг од пет проценти.

Што се однесува до членовите на владата, министерот за одбрана Борис Писториус (SPD) доби значително подобри оценки од канцеларот: 50% од учесниците во анкетата биле задоволни или многу задоволни од неговата работа. Работата на министерот за надворешни работи Јохан Вадефул позитивно ја оцениле 34% од испитаниците, додека работата на министерот за внатрешни работи Александар Добринд добила позитивна оценка од 27%. Околу 20% од испитаниците биле задоволни од работата на вицеканцеларот и министер за финансии Ларс Клингбајл, додека приближно еден од шест испитаници бил задоволен од работата на министерката за труд Бербел Бас. И двајцата се членови на „SPD“.

Анкетата била спроведена кон крајот на септември од страна на институтот „Infratest dimap“. Истражувањето било спроведено преку телефон и интернет, користејќи репрезентативен примерок од 1.303 гласачи со право на глас.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Американскиот претседател Доналд Трамп го прашал „Грок“ – чет-бот со вештачка интелигенција во сопственост на Илон Маск – како народот на Венецуела би реагирал на апсењето на тогашниот претседател Николас Мадуро.

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот на Мадуро.

Во декември 2025 година, Трамп се сретнал приватно со Маск во Овалната соба, каде што со часови го испрашувал „Грок“ за својот мандат и политичкото наследство. „Тајм“ ја заснова оваа информација на изјава од официјално лице кое присуствувало на средбата.

Едно од прашањата што Трамп му ги поставил на чет-ботот било како би реагирале Венецуелците доколку САД го уапсат Мадуро. Официјалното лице цитирано од списанието вели дека „Грок“ го опишал Мадуро како „репресивен и крајно непопуларен диктатор“ и проценил дека многумина во Венецуела навистина би можеле да го прослават неговиот пад.

Операција во Каракас

Еден месец подоцна, Трамп наредил операција за апсење на Мадуро. Американските сили го привеле него и неговата сопруга, Силија Флорес, за време на воена операција во Каракас на 3 јануари, а потоа ги префрлиле во Соединетите Држави.

Мадуро бил однесен во Њујорк, каде што се соочува со федерални обвиненија за трговија со дрога – обвинувања што тој ги негира. Кога некои Венецуелци навистина го прославиле апсењето, Трамп – според официјалното лице – заклучил дека „Грок“ е „генијален“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови израелски напади врз Газа: Убиени тројца Палестинци, меѓу повредените има и дете

Тројца Палестинци загинаа, а четворица други беа повредени – меѓу кои и едно дете – во израелски напади низ Појасот Газа во петок.

Нови израелски напади врз Газа: Убиени тројца Палестинци, меѓу повредените има и дете

Нападите се случија и покрај прекинот на огнот што е на сила од 10 октомври минатата година.

Напади во централниот дел на Газа

Во последниот напад, израелско беспилотно летало погоди двор на семејна куќа во бегалскиот камп Нусеират. Медицински извори ја потврдија смртта на Ибрахим Абу Уваимер, чие тело беше пренесено во болницата „Ал-Авда“.

Претходно, Ахмед ал-Рамлави загина во напад врз шатор поставен на покривот на куќа западно од градот Газа. Во друг напад во близина на крстосницата „Ансар“, југозападно од градот, загина Ибрахим Мунир ал-Масри, а беше ранет уште еден Палестинец.

Ескалација на југот од Појасот Газа

Три лица – меѓу кои девојче и постара жена – беа ранети од оган на израелската војска во областа Ал-Маваси и во близина на населбата „Хамад Сити“, северозападно од Кан Јунис. Сведоци изјавија дека израелски воени возила отвориле оган врз станбени области и шатори во кои биле сместени раселени лица на северот, истокот и југот од Кан Јунис. Според нив, израелски воени бродови исто така пукале кон крајбрежјето на истиот град.

Рушења и гранатирање

Локални извори објавија дека израелската армија срушила голем број куќи и згради во населбата Ал-Туфа, источно од градот Газа. Израелски воени авиони изведоа најмалку два напади врз напуштени згради во населбите Ал-Туфа и Шуџаија, но во тие напади немаше жртви. Во централниот дел на Газа, израелската артилерија ги гранатираше источните делови на Деир ал-Балах и бегалскиот камп Ал-Магази, а областа беше изложена и на пешадиски оган.

Податоци за жртвите

Според податоците на Министерството за здравство во Газа, 1.439 Палестинци се убиени, а 5.052 се ранети при израелските прекршувања на договорот за прекин на огнот. Од 8 октомври 2023 година, Израел има убиено повеќе од 74.000 Палестинци и рането повеќе од 175.000 во Појасот Газа. Уништени се околу 90 отсто од инфраструктурата во енклавата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер