Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
МакедонијаСобранието изгласа Декларација за фер, слободни и демократски избориСобранието попладнево со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите и за градоначалници на општините и на Градот Скопје.Декларацијата беше поднесена од претседателот на Собранието, Африм Гаши и координаторите на сите пратенички групи. Во неа, Собранието изразува натпартиско единство за одржување на фер, слободни и демократски избори што заедно со владеењето на правото и почитувањето на човековите права и основни слободи се основните столбови на демократското општество, а се залага за доследно почитување на уставното начело, граѓанинот своето избирачко право да го оствари непосредно, на слободни избори со тајно гласање, а најостро го осудува семејното и групното гласање, како можност за манипулирање со гласовите на граѓаните и влијание врз изборните резултати. Собранието, исто така, ја потврдува својата заложба за општество со еднакви можности за учество во политичките процеси, во кое секој граѓанин преку развој на демократските процеси и институции има еднаква можност да учествува во одлучувањето, дава целосна поддршка на Државната изборна комисија и на другите органи и институции за организирање и спроведување на фер, слободни и демократски избори преку обезбедување услови за слободно изразување на волјата на граѓаните, без страв, притисок, дискриминација, закани или манипулации, како и целосна поддршка за обезбедување независно и ефикасно набљудување на целиот изборен процес, од страна на домашни и странски организации, здруженија и медиуми, согласно закон, правилата за набљудување на изборите на Државната изборна комисија и меѓународните стандарди. Се укажува на потребата од фер и демократска изборна кампања, при што го нагласува значењето на политичката толеранција и почитта меѓу различните политички и идеолошки опции на учесниците во изборниот процес и во таа насока особено го осудува говорот на омраза, насилството и дискриминацијата, се укажува на значењето на медиумите и на медиумското претставување на учесниците во изборната кампања за промовирање на нивните кандидати, политики и ставови. Во оваа насока ја нагласува потребата од обезбедувањето фер пристап до медиумите на сите учесници во кампањата, а најостро ги осудува кампањите што шират дезинформации и невистини, со цел да се дискредитира некоја личност, институција, политичка партија или организација. Собраниската декларација осудува и секаков облик на изборна корупција, злоупотреба за партиски цели на државни ресурси и институции, поткуп и уцени и какво било друго однесување на учесниците со кое може да се доведе во прашање почитувањето на демократските вредности и стандарди во целиот изборен процес. Претседателот на Собранието Африм Гаши пред пратениците порача дека со Декларацијата Парламентот испраќа силна и јасна порака за обединување над партиските разлики за изразување на силната волја да гарантираат слободни, фер и демократски избори. - Оваа декларација која посакувам да ја усвоиме едногласно не е само формален чин, туку е израз за определбата на Собранието, на сите партии, и на сите пратеници, на нашите граѓани да им обезбедат еднакви и рамноправни услови за слободно да ги изберат своите претставници во општините и главниот град. Сакаме избори каде политичкиот натпревар ќе се одвива без инциденти и конфликти, без притисоци и страв, без омаловажување и навреди, туку во здрава демократска средина. Сакаме волјата на граѓаните да биде изразена јасно, слободно и чесно бидејќи само на овој начин изборите ќе иамат цеосен легитимитет. Само на овој начин волјата на граѓаните целосно ќе се одрази во однос на тоа кој ќе ги претставува во следните четири години, рече Гаши. Според него, Собранието во овој важен момент испраќа јасна порака – ние сме обединети за да прикажеме многу повисока политичка култура што сакаме да ја видиме во предизборната кампања и сакаме таа да биде исполнета со идеи, програми и визии, а не со поделби, навреди, или говор на омраза. - Оваа декларација да биде водилка за сите нас, партиите, институциите, медиумите и пред сè за нашите граѓаните за изборите на 19 октомври бидат пример за консолидирана и зрела демократија. Имаме обврска да покажеме дека нашата демократија созрева и дека см, е способни да се натправруваме без страв и насилство, порача Гаши. Скендер Реџепи од опозицискиот Европски фронт, кој се јави прв за збор, рече дека нема да ја поддржи декларацијата, оценувајќи дека е само празен лист што нема никакво значење во практичниот живот затоа што точките што ги содржи немаат никаква врска со реалноста, наведувајќи меѓу останатото дека „има луѓе кои ќе изгубат на изборите кои сценираат меѓуверски инциденти меѓу Албанците“. - Ако молчиме за ова како мислиме дека ќе имаме фер и демократски избори. На јавноста треба да и биде јасно дека со оваа одлука Собранието има потреба за изборна кампања и во таа насока ги осудува говорот на омраза, но во последните денови имам јавен повик за насилство, дискриминација дури и војна со Албанците, рече Реџепи, оценувајќи дека нема осуда од институциите. Му реплицираше Аднан Азизи од Влен наведувајќи дека институциите имаат точни информации, како што рече, за бегалецот, кој се наоѓа на црната листа, како и за тоа дека имаше обиди за дестабилизација и обид од сомнителни групи да запалат верски објекти. – Овие информации ги има и државата. Не биди измамник говорејќи во име на Албанците и верниците, рече Азизи. Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ, исто така во реплика на Реџепи посочи оти очекувал декларацијата да биде акламативно усвоена за да се поддржи изборниот процес каков треба да биде. - Потпишана е од сите координатори и го гледаме кандидатот за градоначалник на град Скопје со различно мислење од Европски фронт. Се прашувам Блерим Реџепи ли е во право кога го потпиша ова во име на Европски фронт или Скендер Реџепи кој наоѓа замерки и кој имаше говор за 20 октомври, ден после избори кога ќе треба да ги каже причините зошто изгубил, рече Мицевски. Координаторот на Европски фронт Блерим Беџети, пак, наведе дека ја потпишуваат декларацијата за да дадат шанса на процесот за фер и демократски избори, но, посочи, не декларативно, тоа треба да биде и во практика. Меѓу останатото, побара обвинителот да каже „кои се тие луѓе ангажирани од соседна држава да запалат џамија во Тетово“. За време не дебатата пратениците од албанскиот блок разменуваа недолични зборови. На ваквите излагања реагираше Фатмир Битиќи од СДСМ кој побара 10-минутна пауза, како што рече, за да се врати достоинството на Собранието. Посочи дека точката се однесува за одржување на фер и демократски избори и оти „неколку дена пред почетокот на кампањата не е во ред да се дебатира со ваков речник“. Халил Снопче од Алијанса за Албанците рече дека ќе гласа за декларацијата, но оцени дека „изборите ќе бидат антидемократски затоа што, како што рече, имаме привилегирани граѓани со право глас кои имаат импакт во одредување на бројот на советници и дискриминирани граѓани кои немаат импакт“. Поддршка во име на ЗНАМ изнесе пратеничката од оваа партија и потпретседателка на Собранието Весна Бендевска. Таа критикуваше дека во расправата никој од пратениците не говорел за точките од декларација и порача дека фер и демократски избори се оние кои ќе резултираат со резултат во согласност со слободната волја на граѓаните. Тагови: собраие Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
АвтомобилизамСубару со нов пристап кон европскиот пазар: Од 2028. остануваат само електричните автомобили Субару се збогува со боксер автомобилите во Европа. Од 2028 година ќе продаваат само електрични автомобили. Субару ќе ги повлече сите модели со мотори со внатрешно согорување од европската гама до крајот на 2027 година. Брендот, кој со децении се карактеризираше со боксер мотори и погон на сите тркала, треба да им понуди на европските клиенти исклучиво електрични автомобили од 2028 година. Одлуката ја потврди германското претставништво на Субару за списанието Auto Motor und Sport. Промената ги вклучува и бензинските и хибридните модели, па така Outback, Impreza, Crosstrek и Forester во нивните сегашни верзии постепено ќе исчезнат од понудата. Нивното место ќе го заземат електричните модели развиени во соработка со Тојота. Прв што ќе си замине е бензинскиот Outback Повлекувањето започнува со Outback, чија сегашна верзија со 2,5-литарски атмосферски боксер мотор од 169 КС треба да ја напушти европската понуда подоцна оваа година. Во 2027 година, Impreza, Crosstrek и Forester ќе следат со дволитарски e-Boxer хибриден погон со 136 КС. Ова ќе го остави Subaru во Европа без дизајнот на моторот што стана еден од неговите заштитени знаци. Сепак, ова не е глобално збогување со boxer: брендот продолжува да развива вакви погони за други пазари, меѓу другите во комбинација со целосен хибриден систем. Европските регулативи ги зголемуваат трошоците Како причини за промената, Subaru ги наведува европските ограничувања за просечните емисии на CO₂ и барањата за безбедносни системи и системи за помош на возачот. Прилагодувањето кон тие правила ја отежнува хомологацијата и продажбата за помалите марки на автомобили. За Subaru, кој продава релативно малку автомобили во Европа, инвестирањето во адаптирање на постојните бензински модели станува сè потешко да се оправда. Затоа тие ќе се фокусираат на електричната понуда. Три електрични модели ја преземаат понудата Според сегашниот план, европската понуда од 2028 година ќе се состои од Solterra, Uncharted и E-Outback. Сите три модели се технички поврзани со автомобилите на Тојота: Solterra со bZ4X, Uncharted со C-HR+ и E-Outback со bZ4X Touring. Subaru официјално го најави електричното трио во јули 2025 година, тогаш како проширување на гамата на постојните модели со боксер мотори. Особено го истакна подобрениот погон на сите четири тркала, подолгиот досег и побрзото полнење. Интересно е што името Outback ќе остане во Европа дури и откако бензинскиот модел ќе исчезне.Тагови: Субару Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо Србија е уапсена градоначалничка на Вучиќ- пред два дена одбила да поднесе оставка Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ.Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ, објави Индекс, а пренесува агенцијата Анадолу. Сите тројца беа уапсени денес по наредба на Основното јавно обвинителство во Смедерево. Полицијата им нареди притвор до 48 часа, по што треба да бидат испрашани. Неофицијално, апсењата се поврзани со градската депонија Според неофицијални информации од локалните медиуми, апсењата се поврзани со проблемите на градската депонија. Засега не е познато за кои кривични дела се осомничени, ниту што конкретно било спорно во работењето на депонијата. Српските медиуми објавуваат дека апсењата се извршени по наредба на обвинителството, но подетално официјално објаснување за причината за апсењето сè уште не е објавено. Која е уапсената градоначалничка? Јасмина Војиновиќ (55) е членка на Српската напредна партија (СНС), предводена од Александар Вучиќ. Таа стана градоначалник на Смедерево во 2023 година, а претходно имаше неколку позиции во градската администрација. Од март 2023 година, таа е претседател на градскиот одбор на СНС во Смедерево. Пред нејзината политичка кариера, работеше како наставничка во основно училиште. По изборите, таа одби да поднесе оставка Војиновиќ се најде во центарот на вниманието по парламентарните избори во Србија на 25 октомври, на кои СНС ја изгуби власта на државно ниво. По изборите, група локални опозициски активисти влегоа во нејзината канцеларија и побараа нејзина оставка, тврдејќи дека по изборниот пораз на СНС, таа повеќе нема политички легитимитет. Градоначалничката одби да поднесе оставка, а Вучиќ потоа јавно ја поддржа. Денешното апсење досега е поврзано со проблемите околу градската депонија, а не со постизборните настани.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштолДенеска кратко по 13 часот, во близина на улицата Бежановска во Краков, маж пукал во полицајци, кои одговориле со предупредувачки истрели и го совладале напаѓачот. Во инцидентот нема повредени, јавува Радио Краков. Како што објави полицијата во Краков, полицајците добиле пријава за маж кој се движел низ улицата Бежановска носејќи предмет што личел на огнено оружје. За време на полициската интервенција, мажот почнал да пука кон полицајците. Тие одговориле со предупредувачки истрели, по што напаѓачот го фрлил предметот од кој пукал. Потоа полицајците го совладале и го уапсиле. Осомничен е дека користел пиштол за стартување Според првичните информации, уапсениот најверојатно користел пиштол за стартување, односно оружје што произведува звучен ефект на истрел. Сепак, полицијата нагласува дека точниот вид оружје ќе се утврди по детален преглед. Во инцидентот нема повредени. Полициските екипи се уште се на местото на настанот и ги утврдуваат сите околности на пукањето. Инцидентот се случил пет дена по терористичкиот напад Инцидентот се случил само пет дена по терористичкиот напад во Краков, што дополнително ги зголеми загриженостите за безбедносната состојба во градот. Сепак, во моментов нема информации што укажуваат на поврзаност помеѓу двата настани. Во терористичкиот напад што се случи на 7 ноември на Главниот плоштад во Краков, 24-годишен маж со автомобил влетал на плоштадот, а потоа почнал да пука кон минувачите. Во нападот загинале шест лица, а 15 биле повредени. Напаѓачот потоа се обидел да избега, но бил ранет и уапсен по размена на оган со полицијата. Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter