Собранието го изгласа Азир Алиу за нов министер за здравство - Канал 5

Собранието го изгласа Азир Алиу за нов министер за здравство

Со 65 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан, Собранието попладнево го изгласа Азир Алиу за нов министер за здравство на местото на Арберн Таравари кој неодамна даде оставка од министерската функција.

Собранието го изгласа Азир Алиу за нов министер за здравство

Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето со здравствениот систем.

-Доктор Алиу е доктор по информатички науки. Професор, човек, кој со години се занимава со управување со системи, податоци и дигитални решенија. Во време кога некои држави со еден клик добиваат дијагноза, ние се уште трчаме. Време е тоа да се промени. И токму затоа веруваме дека неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето со здравствениот систем. Дали ќе биде лесно? Не. Нема да биде. Но дали е можно? Да. Затоа што веќе покажавме дека може. Поминаа помалку од една година, а веќе се чувствува разликата. Започнавме со скрининг програми, ги намаливме листите на чекање, воведовме нови лекови на позитивната листа, а паралелно работиме на законски измени што ќе донесат системски ред. Истовремено, се изготвуваат и инфраструктурни проекти, изградба и обнова на здравствени установи, но и дигитализација која ќе спречи злоупотреби. Ќе овозможи секој пациент да има евиденција, услуга и пристап до системот. Во овој процес доктор Алиу ќе има силна поддршка од мене како претседател на Владата, но и силна лична одговорност. Очекувањата од него се големи, а времето не ни е сојузник, рече премиерот Мицкоски.

Азир Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки кој моментно ја извршува функцијата редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024 година, а, согласно доставената биографија, бил и на други високи и одговорни позиции.

Алиу е дел од Алијансата за Албанците која остана во Вреди по оставката од 15 мај, годинава на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.

Проја со блитва

Блитвата ѝ дава на пројата не само убав вкус, туку и прекрасен изглед.

Проја со блитва

Состојки:

4 јајца

100 грама крем сирење

150 мл масло

150 мл млеко

150 мл минерална вода

1 чаша (200 мл) пченкарно брашно

1 чаша бело брашно

1 чаша пченкарен гриз (пaлента)

1 прашок за пециво

сол

300-400 грама бланширана блитва

150 грама рендано сирење

Подготовка:

Изблендирајте ги јајцата со крем сирењето со миксер, додадете го маслото, млекото и минералната вода и на крај сувите состојки и солта. Соединете сè, потоа додадете ги блитвата и сирењето и измешајте. Истурете ја смесата во плех за печење со димензии 20x30 см обложен со хартија за печење. Печете на 180° 30-40 минути додека пројата не ја добие бојата како на сликата. Исечете ја малку изладената проја во посакуваните форми и консумирајте ја. Чаша млеко или јогурт ќе биде убава со оваа проја..

Сервирање:

Лесен ручек или вечера без месо. Пројата е подеднакво вкусна топла или ладна. Значи, можеме да ја носиме на работа или на патување.

Наместо крем сирење, можете да користите урда, а наместо блитва, спанаќ.

Голем пожар синоќа зафати неколку куќи во скопско Злокуќани

Голем пожар се случи синоќа во Злокуќани во општина Карпош, на улицата „Скупи“, при што беа зафатени неколку куќи.

Голем пожар синоќа зафати неколку куќи во скопско Злокуќани

Нема сериозно повредени во пожарот, освен неколкумина кои вдишиле чад.

На местото на опожарените домови е Здравко Димитров.

Здравко повели со информациите колку куќи беа зафатени од пожарот ?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Во мај 469 одобренија за градење од кои 255 за високоградба, планирани 1 037 станови

Во  мај годинава се издадени  469  одобренија за градење, што е за  80.4  проценти повеќе во однос на мај лани, објави Државниот завод за статистика.

Во мај 469 одобренија за градење од кои 255 за високоградба, планирани 1 037 станови

Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 146, по што следуваат Скопскиот, 86, Вардарскиот, 84, Југоисточниот, 67, Југозападниот, 32, Пелагонискиот, 26, Источниот регон, 22. Во Североисточниот регион има најмалку одбреија, шест.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 868 401 000 денари, што е за 34,1 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Најголем број од издадените одобренија, 255 (54,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 110 (23,5 проценти) се за реконструкција, а 104 (22,2 проценти) за нискоградба. На 232 (49,5 проценти) инвеститори се физички лица, а на 237(50,5 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 037 станови со вкупна корисна површина од 90 813 метри квадратни. Од вкупниот број станови, во Скопскиот регон се 441, во Полошкиот 295, во Југоисточниот и во Вардарскиот по 120, во Југозападниот 39, ..

притисни ентер