Собрани над 160 тони мртви риби од крајбрежјето кај грчкиот град Волос - Канал 5

Собрани над 160 тони мртви риби од крајбрежјето кај грчкиот град Волос

Според податоците од периферијата, објавени од грчките медиуми, во акцијата на чистење на заливот кај Волос интервенираат четири брода и седум рибарски чамци.

Собрани над 160 тони мртви риби од крајбрежјето кај грчкиот град Волос

За два дена, над 160 тони мртви риби биле отстранети од крајбрежјето кај грчкиот град Волос и со помош на чамците изнајмени од периферијата Тесалија, интензивно продолжува чистењето на плажите, додека обвинителката од Врховниот суд на Грција нареди спроведување итна истрага, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од периферијата, објавени од грчките медиуми, во акцијата на чистење на заливот кај Волос интервенираат четири брода и седум рибарски чамци.

За случајот со големиот број угинати риби, обвинителката на Врховниот суд на Грција Георгиа Аделини наредила спроведување на итна прелиминарна истрага со цел да се истражи, меѓу другото, дали и од која причина била отворена браната што води до тунелот, кој е единствениот излез за водите од целата рамнина во регионот на Лариса и езерото Карла до заливот Пагаситикос, каде и што се појавија мртвите риби.

Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека појавата на милиони мртви риби од езерото Карла, „според експертите, не претставува опасност за јавното здравје и не е нов“, а се должи на „илјадниците тони вода од Карла и околните места кои секојдневно преку потокот Ксирија се излеваат во заливот Пагаситикос и повлекуваат илјадници слатководни риби, кои штом ќе дојдат во контакт со морската вода, умираат“./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На папата Лав XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан

На Папата Лав 14 му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан .

На папата Лав  XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан

71-годишниот папа бил подложен на 90-минутна операција во вторникот во болницата „Џемели“ во Рим, каде му бил дијагностициран аденокарцином на белите дробови.

„Операцијата беше успешна и немаше никакви компликации“, соопшти Ватикан. „По операцијата, папата се разбуди нормално и се врати по краток период на набљудување во својата соба“, додаде Ватикан. Грутката првпат била откриена за време на она што Ватикан го опиша како „рутински проверки“.

Се очекува папата да остане во болница околу една недела. Претходно, големи толпи чекаа со часови пред болницата на папата.Тие го поздравуваа со радосни поздрави и му посакуваа добро здравје додека поминуваше. Во своето соопштение, Ватикан соопшти дека целиот долен лобус на десниот белодроб на папата бил отстранет „за да се осигури дека постапката е успешна “. Извор од Ватикан изјави за новинската агенција „Франс прес“ дека се спроведуваат дополнителни тестови за да се види дали има некакви знаци дека ракот се проширил.

Папата во неделата ја објави веста за својата операција на светот, зборувајќи од балконот на плоштадот „Свети Петар“ .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема промена кај цените на горивата

Нема промена на цените на бензините и дизелот. Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 останува 98,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава по 100,50 денари, а дизелот по 97 денари за литар.

Нема промена кај цените на горивата

Единствено поскапува мазутот, за 2,14 денари и сега чини 51,74 денари за килограм. Во актуелните цени на горивата се вклучени владините мерки за намалено ДДВ на дизелот од 18 на 10%, како и намалената акциза за бензините и дизелот за 4 денари по литар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

Министерството за внатрешни работи распиша потерница по 23-годишната Ива Михаилова, по барање на Основниот суд во Кочани..

МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од кривичниот законик, објави МВР, откако Михаилова пред три дена побегна во Бугарија и беше утврдено дека таа нелегално ја напуштила земјава..

Претходно, судот во Кочани и одреди 30-дневен притвор на Михаилова, која е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици..

Иако таа и нејзиниот адвокат за бугарските медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, од МВР соопштија дека на ниту еден граничен премин не е евидентиран нивни излез од Македонија, ниту влез во Бугарија..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер