МакедонијаСобрани 10 000 потписи за кандидатурата за претседател на Арбен ТаравариШефот на изборниот штаб Башким Бакиу им се заблагодари на граѓаните за поддршката што ја дале за нивниот кандидат Таравари. Европскиот сојуз за промени вечерва објави дека Арбен Таравари, кој го предводи едното крило на Алијансата за Албанците и е нивен кандидат за претседател, ги собрал потребните 10 000 потписи потребни за кандидирање на изборите за Претседател на државата закажани за 24 април 2024. Шефот на изборниот штаб Башким Бакиу им се заблагодари на граѓаните за поддршката што ја дале за нивниот кандидат Таравари. -Овие се потписи на слобода без некоја должност. Ова е волјата, чистата волја на народот. Другата страна треба да разбере дека со сила не се држи власта дека со сила не се зема гласот. Почитувани граѓани 10.000 пати благодарност на секој граѓанин на РСМ, и на тие коишто се потпишаа, рече Бакиу. Таравари, пак, во Фејсбук статус исто така им се заблагодари на граѓаните. -Ви благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател! Целата оваа кампања нека биде наменета за Вас, напиша тој. Синоќа ДУИ објави дека нивниот кандидат Бујар Османи собрал 10 000 потписи за да се кандидира на изборите за претседател. Во подрачните канцеларии на ДИК и пред овластени нотари потписи собираа 11 кандидати кои сакаат да се кандидираат за Претседател на државата. Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
СветНетанјаху го навреди еден од своите најголеми сојузнициИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го привлече вниманието на јавноста откако даде серија провокативни коментари за Обединетото Кралство за време на едно интервју.Зборувајќи во порелаксиран формат, во студиски стил, Нетанјаху ја искористи можноста да даде саркастични коментари за британското општество, а истовремено се осврна и на главниот ривал на Израел, Иран. За време на разговорот, израелскиот премиер се осврна на демографската и политичката ситуација во Европа, јасно таргетирајќи го Лондон. Според него, ситуацијата е таква што: „Британија би можеле да ја наречете „Исламска Република Британија“. „Некој рече дека првата исламска република со нуклеарно оружје ќе биде Исламската Република Британија“, додаде Нетанјаху. Сепак, оваа остра забелешка за европските сојузници послужи првенствено како вовед во главната порака упатена до Иран. Продолжувајќи го својот саркастичен коментар за Велика Британија и нејзиниот нуклеарен арсенал, израелскиот премиер рече: „Загрижени сме дека ќе има уште една, знаете, во Иран“. Таквата реторика, иако изречена со навидум лежерен тон, претставува сериозна дипломатска провокација. Останува да се види како официјален Лондон ќе реагира на ваквото етикетирање на израелскиот премиер. JUST IN: 🇬🇧🇮🇱 Netanyahu is mocking Britain by calling it the Islamic Republic of Britain The UK provided him with major military support in the genocide in Gaza and the war with Iran. pic.twitter.com/UjWcpeoE9z — Megatron (@Megatron_ron) August 13, 2026 Тагови: Бенјамин Нетанјаху Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
БалканЗеленски: Нема да го признаеме Косово. Рама: Албанија е доволно зрела да го прифатиПосетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа жестоки реакции низ целиот Балкан. Зеленски се сретна за прв пат во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ, а потоа изјави дека Украина нема да ја признае независноста на Косово, што дополнително ја влоши ситуацијата во регионот. Одговорот од Косово дојде речиси веднаш. Голем сино-жолт транспарент со натпис „Слободна Украина“, кој беше поставен во 2022 година, беше отстранет од главниот пат во Приштина. Градоначалникот Перпарим Рама рече дека се сочувствува со „луѓето кои се соочуваат со војна, насилство и прогон“, но додаде дека „почитувањето мора да биде взаемно“. My dear friend Volodymyr Zelensky stood in Belgrade and said Ukraine has not changed its position and will not recognize Kosova. Within the hour, the loudest folk nationalists in Tirana and Pristina were already reaching for the geopolitical calculator: perhaps we should punish… — Edi Rama (@ediramaal) August 13, 2026 Албанскиот премиер Еди Рама исто така зборуваше за сè на „X“ денес. „Мојот драг пријател Володимир Зеленски беше во Белград и рече дека Украина не го променила својот став и нема да го признае Косово. Не помина ниту еден час, а најгласните националисти во Тирана и Приштина веќе посегнаа по геополитичкиот калкулатор: можеби треба да ја казниме Украина, да престанеме да навиваме за слободните и да тагуваме за оние што ги бомбардираат. Најнеодговорните меѓу нив нè нападнаа затоа што не се откажавме од Украина. Некои дури и навиваа за Русија! Каква штета е да се изгуби од вид едноставната вистина дека слободата не функционира по принципот на враќање на парите. Спротивставувањето на агресивната војна и застапувањето за праведен мир не е сметка што ќе ја искинете кога жртвата на варварска агресија ќе ве разочара. Тоа не е услуга заменета за контрауслуга, туку прашање за тоа кој сте и за што се залагате во овој хаотичен свет. „Албанија е доволно зрела да прифати две вистини“ За среќа, Албанија не е ситна личност која пресметува кој што на кого му должи, туку Европа на Балканот, која го покажува патот со својата вера во слободата, демократијата и мирот и со моќта на сопствениот пример. Украина може да биде, и да не е во право кога станува збор за Косово. Но, нејзиното право на слобода останува неоспорно, а борбата за тоа право значи борба за Европа и за нас самите. Овие две вистини можат совршено да се вклопат во истата реченица. Албанија е доволно зрела да ги прифати обете и ќе го стори тоа“, рече Рама. Извор: Индекс.хрТагови: Володимир Зеленски Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧетврт век од Охридскиот договор: Свечена седница во владата и пораки за иднината без тензииСо свечена седница во владата и пораки за стабилност, Македонија одбележува јубилејни 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Централната прослава продолжува вечерва на Камен мост со уметничко-музичка програма, токму таму е нашата Маја Стојановска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook