Собири против блокадите закажани за денеска во над 100 градови низ Србија - Канал 5

Собири против блокадите закажани за денеска во над 100 градови низ Србија

Граѓаните кои се против блокадите ќе се соберат во повеќе од 100 градови низ Србија попладнево за мирно да демонстрираат дека сакаат да се врати нормалниот живот во државата .

Собири против блокадите закажани за денеска во над 100 градови низ Србија

Граѓаните кои се против блокадите ќе се соберат во повеќе од 100 градови низ Србија попладнево за мирно да демонстрираат дека сакаат да се врати нормалниот живот во државата обвинувајќи ги блокадерите дека тоа го оневозможуваат веќе десет месеци.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе биде со граѓаните на тој собир организиран од граѓаните против блокадите.

-Ќе учествувам...Таму нема да има полиција. И никој нема да ги нападне, изјави вчера Вучиќ.

Овие мирни собири, како што рече лидерот на СНС и советник на Вучиќ за регионални прашања, Милош Вучевиќ, се одговор на граѓаните на Србија на се што се случи во изминатите месеци.

-Ова ни дава надеж за спас на државата. Луѓето само рекоа дека се борат против блокадите, дека сакаат да се вратат безбедноста и стабилноста. Луѓето сакаат да ја видат државата како функционира нормално, да биде онаква каква што треба да биде. Ние само сакаме да кажеме, вратете го нормалниот живот - изјави Вучевиќ.

Собирите против блокадите почнаа пред две недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Командантот на сојузничките сили на НАТО за Европа Гринкевич во посета на Македонија

Со показни вежби за борбена готовност во касарната „Илинден„ беше пречекан Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа – генералот Алексус Гринкевич, под чија команда се наоѓаат над 80% од македонските сили во НАТО.

Командантот на сојузничките сили на НАТО за Европа Гринкевич во посета на Македонија

Освен високата оценка за македонската армија, Гринкевич го истакна и како што рече лидерството на државава меѓу сојузниците во клучните цели на Алијансата, особено во делот на исполнувањето на обврската за издвојување на 5% од БДП-то за одбрана до 2035-та.

-Македонија е верен и ценет сојузник на НАТО. Македонија веќе во 2025 година издвои приближно 4 проценти од својот БДП за одбрана или трошоци поврзани со одбраната. Вашата посветеност на воената мобилност на Коридорите 8 и 10 е апсолутно неопходна за алијансата.// Сега не е време за комфорност, сите сојузници мора да сторат повеќе, зголемувањето на инвестициите во одбраната и зголемувањето на производството се клучни за постигнување на нашите договорени цели,- - генерал Алексус Гринкевич, врховен командант на НАТО во Европа.

Македонската армија денес е добро опремена и високо обучена според НАТО стандардите, а лесната пешадиска батаљонска група како и борбените елементи за специјални операции веќе се НАТО сертифицирани, изјави генерал мајорот Сашко Лафчиски.

-Во изминатиот период се зајакнавме со оклопните возила JLTV и Stryker, артилериските орудија Боран а деновиве пристигна и првата пратка од ПВО системите Мистрал 3. Во наредниот период очекуваме да пристигнат останатите Stryker возила како и друга нова опрема, вклучително и првите хеликоптери. // Активно учествуваме во НАТО активностите за одвраќање и одбрана со преку 180 наши припадници долж Источното крило на Алијансата а истовремено придонесуваме и кон стабилноста на Западен Балкан преку учеството во мисијата КФОР во Косово и мисијата Алтеа во БиХ,- -генерал мајор Сашко Лафчиски, началник на генералштабот на армијата.

Гринкевич најави дека доминантна тема на самитот на НАТО во Анкара следната недела, ќе биде напредокот на сојузниците кон остварување на стратешкиот концепт за рестартирање на Алијансата, според кој се бара од европските сојузници да преземат поголема одговорност за сопствената одбрана и безбедност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поплавени и недостапни гробишта во Бутел – граѓаните се жалат на кал, вода и запуштени канали

Или со гумени чизми или скокање од камен на камен преку вировите и калта за да се стигне до гробното место на починатите на гробиштата во Бутел. 

Поплавени и недостапни гробишта во Бутел – граѓаните се жалат на кал, вода и запуштени канали

Крсте Велков две години доаѓа по оваа калива и поплавена патека на вечното почивалиште на неговата сопруга. Откако бил направена улицата “Александар Урдаревски“ и целиот канал покрај патот бил оставен неуреден и запуштен.

Велков реагирал до АД БУТЕЛ, општина Бутел и Град Скопје, но засега во разговорите сите објасниле дека немаат директна надлежност. Проблемот стои, а многу често водата стигнува и до самите сандаци на покојните. Водата е нон стоп присутна и ги опколува гробните места без разлика дали врне дожд или не, вели Велков.

Од АД БУТЕЛ за Канал 5 објанија дека проблемот го знаат но дека не е во нивна надлежност а водата често ја испумпуваат, но дека таа нон стоп е тука и мора итно да се уреди каналот. Од јавното претпријатие Улица и патишта обајснуваат дека чистењето на каналот се одвива според годишна програма и овој канал бил во план да се реализира во текот на наредниот период. Екипите работеле на чистење на коритото на Вардар и на други канали. Екипи веќе излегле на терен на оваа улица, велат од претпријатиетот за канал 5. Тие аплерираат граѓните да не ги корстита каналите за фрлање на отпад и шут.

- „Екипи излегоа на терен и заклучија дека веднаш ќе постапат за да може да има проток на отпадните води до реакта Серава. Во текот на утрешниот ден ќе започне расчистувње на вегетацијата која исто така ја попречува видливоста на дел од сообраќајниците“. извор ЈП „Улица и патишта“

Велков вели дека на живите утеха им се почивалиштата на нивните блиски, и се надева дека до почивиалиштата ќе достоинствен пристап.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Истрагата за запленетата марихуана во Србија се уште е во тек

Речиси пет месеци откако 5 тони марихуана од Македонија беа запленети во Србија истрагата е без конечен епилог. Српската полиција уапси четири лица а се уште трага по организаторот на групата Александар Миајајловиќ. 

Истрагата за запленетата марихуана во Србија се уште е во тек

Министерот Ивица Дачиќ не открива детали за случајот ниту пак до каде е потрагата на осомничениот организатор.

-Јас не можам ништо да кажам. Мислам дека е тоа еден голем успех што го постигнавме, во последните две и пол години мислам дека 18 тони дрога се запленети во Србија. Ова е една од најголемите заплени што се случила во Коњух, ама не беша само таа имаше уште неколку на таа линија и се трагаше за тие осомничени и организаторот но тоа е се во рацете на обвинителството,- изјава – Ивица Дачиќ – Министер за внатрешни работи на Р. Србија.

Меѓу уапсените во Србија беше и Иван Драгниќ, српски државјанин, но и косопственик на фирма во Македонија за одгледување на медицински канабис, со уште тројца Срби. Македонското МВР во февруари поднесе кривична пријава против 10 лица а обвинителството отвори истрага за шестмина. И министерот Панче Тошковски очекува резултат од истрагата.

-Мислам дека треба да оставиме обвинителството да си ја сработи работата во надлежноста што ја има согласно закон. Знаете дека МВР за дел од групата поднесе кривична пријава. Дел од учесниците во рамки на овој кривично правен настан се обезбедени, лишени од слобода и за нив се определени најствоги мерки согласно ЗКП,- изјави– Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

Како 5 тони марихуана ја поминаа македонско српската граница беше едно од прашањата што се отвори откако беше запленета дрогата. Дачиќ, кој денеска со Тошковски на граничниот премин Табановце ја започнаа првата заедничка превентивна кампања „Вози одморен“, уверува дека без разлика на која функција биле сите инволвирани ќе одговараат.

Обвинителството ја води таа истрага но сите оние кои се вклучени во овој процес ќе бидат процесуирани без оглед на која функција се наоѓаат,- изјава – Ивица Дачиќ – Министер за внатрешни работи на Р. Србија.

Истрагата за овој случај ја води ОЈО ГОКК каде предметот се уште е во фаза на истрага.

За конкретниот транспорт, предметот во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е во истрага и активно се постапува против шест лица, од кои двајца се во притвор.

...велат од ова обвинителство за Канал 5.

Тие се осомничени за кривичното дело „неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“, а во истрагата се вклучи и Албанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер