Николоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработка
ВМРО-ДПМНЕ: Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушално
1Николоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработка
2ВМРО-ДПМНЕ: Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушално
ЗабаваСобирала ѓубре од контејнер, а потоа животот ѝ се променил за момент (видео)Оваа старица има 75 години и нејзината приказна ќе ве остави без зборови!Дебра Ропопорт инспирација наоѓа на улиците на Њујорк, а материјалите што ги користи за своите креации се незамисливи. Секој уметник ја препознава убавината во нешто што му е блиско и секој сака да биде познат и да остави зад себе некаков белег. Во денешно време тоа е многу тешко, но не и невозможно доколку имате фантазија. Доказ за тоа е уникатната уметница од Америка, Дебра Рапопорт, која во средината на минатиот век инспирацијата ја пронашла во својата околина, а тоа се суровините што најчесто се наоѓаат во ѓубрето. Дебра Рапопорт (75) наоѓа убавина во сè, од користени кесички чај до картонски пакувања, искината ткаенина и метални остатоци. Таа вешто и радосно своите пронајдени „богатства“ во контејнерите и на улиците на Њујорк, ги користи за да направи шапки, облека и додатоци што го дефинираат нејзиниот уникатен и колоритен стил. - Сакам бои. Бојата е енергија, исто како нас. Мораме да бидеме опкружени со бои и тоа е моето мото - вели Дебра. Дебра е авангардна уметница која дипломирала текстилна уметност на универзитет во Беркли. Таа предавала на различни универзитети и водела работилници за тоа како рециклираните материјали да се претворат во креативни и модни парчиња, а себеси се нарекува „Смет Смет“(„Debris Debris“) или „Отпадоци Рапопорт“ („Residue Rapoport“). Кариерата ја започнала во 1960-тите, но без финансиска поддршка. Немала доволно средства за предиво, но била доволно имагинативна и креативна, па решила да користи суровини од околината. - Кога почнував, не можев да си дозволам да купам предиво, па отидов во локалната ТВ станица и им побарав стари видео ленти и филм, и од нив направив парчиња што може да се носат. Од државните продавници купував вишок старо јаже и го користев за хеклање, плетење и ткаење - се сеќава Дебра. Таа стана сензација на социјалните мрежи и беше прикажана во книгата и документарниот филм на Ари Сет Коен наречени „Напреден стил“. Нејзините уметнички дела се наоѓаат во колекции на музеи ширум светот, на пример„Музејот за уметност Метрополитен“ (NI), „МАД“ (музеј за уметност и дизајн), „Музеј на округот Лос Анџелес“, „Ликовни уметности Хјустон“, „Збирка на Хелен Вилијам Друт“, „Музеј на уметноста во Филаделфија“ и „Музејот за накит Илијас Ланунис“. Оваа веќе призната и популарна уметница вели дека својот стил треба да го збогатите со нешто уникатно по кое сите ќе ве препознаваат. - Не мора да се облекувате како мене, но облечете нешто во кое се чувствувате добро. Бидете иновативни во вашите комбинации, луѓето сигурно ќе го забележат тоа. Знам дека мојот стил на облекување е прилично необичен и впечатлив, но ми дава можност да ја изразам својата индивидуалност, а тоа сум јас – вели Дебра. Во последните пет години таа изработува шапки кои се движат од 250 до 400 долари. - Можам да направам 10 капи од тоалетна хартија и да работам со тој материјал како со ткаенина и влакна. Секој материјал можете да го искористите за дизајн ако сте креативни. Досега не сум наишла на ниту еден негативен коментар, напротив – сите го препознаваат мојот специфичен стил, како и способноста да направам нешто од ништо – додава Дебра. Оваа година модната ревија во Сонома (Калифорнија) наречена „Trashion Fashion Show“ не можеше да помине без феноменалната Дебра. Шоуто се одржува секоја година на Денот на планетата Земја, 22. Април, а уметничките дела и креациите се направени од рециклирани материјали. View this post on Instagram A post shared by Debra Rapoport (@debrarapoport) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработкаЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Подгорица, оствари средба и со министерот за транспорт на Црна Гора, Радош Зечевиќ.На средбата се разговараше за можноста за унапредување на транспортното поврзување меѓу Македонија и Црна Гора, подобар пристап на пристаништата и нови развојни политики за меѓусебна соработка. Николоски и Зечевиќ разговараа и за зголемување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, а беше потенцирана и потребата од подобро регионално поврзување и модернизацијата на транспортната инфраструктура. Вицепремиерот истакна дека Македонија работи на доизградба и модернизација на европските транспортни коридори, со цел подобро поврзување на регионот, олеснување на транспортот и обезбедување подобар пристап до регионалните пристаништа. На средбата беа разменети и искуства и практики во областа на поморскиот сообраќај. Соговорниците се согласија за потребата од унапредување на соработката во областите од заемен интерес, со цел создавање подобри услови за транспорт, трговија, инвестиции и економски развој во регионот.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушалноВнукот на контроверзната Вилма Русковска, поранешна јавна обвинителка, која определен период беше и шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал, се јави да зборува за состојби во Фудбалскиот сојуз на Македонија.Станува збор за претседавачот со Централниот одбор на СДС, Герасим Лазов, до сега познат како личност која само знае да седи и да праќа пораки колку се не чини во државава. Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче затоа не може да коментира паушално. Сега му текна на Лазов да се јави и да критикува за ФФМ, а не гледа кога станува збор за СДС кој со кого е поврзан, како стигнува до функција, како делат функции и пари. На внукот на Русковска, позната како обвинител која гонеше неистомисленици, му порачуваме пред да се појави во јавност, прво да погледне околу себе и каде е тој и што е СДС предводена од Венко Филипче и неговиот учител Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизОдложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција Парни ваљак објави дека ги одложува сите концерти планирани за октомври и ноември. Причина е операцијата на гласните жици на која треба да се подложи пејачот Игор Дрвенкар, по што му треба време да се опорави. Пораката на бендот до публиката Бендот се обрати до публиката преку социјалните мрежи. „Поради оперативната интервенција на гласните жици на која мора да се подложи нашиот Игор и потребното време за закрепнување, принудени сме да влеземе во состојба на мирување во текот на 10-тиот и 11-тиот месец од оваа година и да ги одложиме сите концерти во тој период“, се вели во соопштението. View this post on Instagram A post shared by Parni Valjak (@parnivaljak) „Здравјето на Игор е наш прв приоритет, а сега најважно е што има доволно време за целосно закрепнување. Ви благодариме за разбирањето, поддршката и трпението. Се надеваме дека наскоро сите ќе се вратиме на сцената заедно, веќе во 12-тиот месец, каде што сите сме најсреќни - заедно со вас!“ Дрвенкар: Се надевам дека ќе се вратам во декември Самиот пејач Игор Дрвенкар се обрати до јавноста со својата порака. „Драги мои, за жал, дојде време да престанам засега и да се посветам на моето здравје и целосно закрепнување. Знам колку сите се радувавме на концертите што нè очекуваат и верувајте ми, не ми е лесно што ќе мора да ги одложиме“, напиша тој. „Да бидам на сцената, да пеам и да ги споделувам сите тие моменти со вас е нешто што навистина ме исполнува, и затоа оваа пауза ми е уште потешка. Но, здравјето сепак е на прво место и верувам дека ова е само кратка пауза по која ќе се вратиме уште посилни. Се надевам дека во декември повторно ќе бидеме заедно, ќе пееме со сета сила и ќе надоместиме за сè што пропуштивме. Ви благодарам од дното на срцето за вашето разбирање, поддршката и сите убави зборови. Се гледаме наскоро!“ Информации за билетите Одложените концерти се настапот на 17 октомври во Домжале во Словенија (Спортска сала) и 7 ноември во Цирих (Stadthalle Dietikon). Бендот вели дека за сите информации за претходно купени билети и нови датуми, треба да ги контактирате организаторите.Тагови: Парни ваљак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook