3ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
МакедонијаСо забрзана динамика се гради автопатот Кичево - Охрид-Имаме огромна офанзива која очекувам да резултира со конечно завршување и заокружување на автопатската патна инфраструктура во Македонија, рече премиерот Мицкоски.Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски денеска направија увид во текот на градежните активности на терен долж трасата на автопатот во изградба Охрид – Кичево. Притоа беше најавено дека се става во употреба надвозникот на клучката кај село Подмолје, со што ќе се олесни сообраќајот на тој дел од магистралните патни правци Охрид – Кичево и Охрид – Струга, а истовремено ќе овозможи и асфалтирање на втората коловозна лента на тој дел од трасата. Премиерот посочи дека интензивно се работи на делови од патот каде има свлечишта, а истовремено се изработуваат и проекти за стабилизирање на земјиштето што е мошне важно за завршување на целата траса. - Станува збор за неколку километри кај селото Ботун, но и оние делови каде се поврзува тунелот кај Пресека...Кај Кичево има десеттина свлечишта, ваму има шест, така што очекувам од есенва да се работат теренски активности со што целата секција од Кичево до Охрид ќе биде стабилизирана и безбедна, рече Мицкоски. Тој изрази задоволство од сегашната динамика на активностите на терен, со нагласок дека со несмалена динамика се работи на уште три автопатски делници и тоа Тетово – Гостивар, Гостивар - Букојчани и Прилеп – Битола, а ги посочи и покренатите јавни повици и тендерски процедури и за патните делници Блаце – Скопје и Букојчани – Кичево. -Имаме огромна офанзива која очекувам да резултира со конечно завршување и заокружување на автопатската патна инфраструктура во Македонија, рече премиерот Мицкоски. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски, од своја страна истакна дека токму клучката кај Подмолје е само уште еден од наследените проблеми на кој погрешно се работело. - Клучката била урната без да биде спроведена експропријација на земјиштето и без можност да биде изградена. Со доаѓањето на новата Влада решени се сите имотно-правни односи, ги решивме сите други административни проблеми, така што таа од денеска е функционална...рече тој. Николовски во оваа прилика истакна дека приоритет на активностите во делот на автопатот во долниот дел на Дебрца на потегот од Климештани до Охрид се пристапните патишта. - Овој пат беше испроектиран без ниту еден излез...Автопат на кој не беше предвиден ниту еден потпатник, а сега се работи на 16. Со потпатниците и натпатниците на кои се работи се решаваат сите населени места, така што нема да има село или населено место што нема да биде споено или директно на автопатот или до најблиската точка на спојување со автопатот...рече Николовски. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, пред медиумите даде извештај за тоа што моментално се работи на трасата. - На потегот од Климештани па се до Охрид значи активно се работи скоро на секој метар. Има многу механизација, многу изведувачи, многу подизведувачи. Сите заедно сме сплотени за да може оваа делница да ја пуштиме што поскоро. Се работи исто така на патот кај „Свети Еразмо“, веќе таму почна да се асфалтира. Се работи исто така на натпатникот овде кај Подмоље, каде веќе се бетонираат гредите од натпатникот за поврзување на Подмолје со регионалниот пат. Се работи и на пристапните патишта на Подмоље, Оровник и на Горенци каде без пристапни патишта не може да се пушти во употреба автопатот. Сите тие ќе се вклучуваат и исклучуваат на клучката кај аеродромот. Исто така, имаме уште еден дел на којшто интензивно се работи, а тоа гледано од Кичево кон Охрид, некаде после бензиската „Еко Петрол“ на левата страна. За среќа се заврши пред некој ден се бетонираше потпатнкот што долго време се работеше, и активно сега таму се асфалтира. Очекуваме дека за неколку дена и тој еден и пол километар, ќе бидат асфалтирани, со што левата лента од Климештани до Охрид, ќе биде целосоно затворена со асфалт и ќе може да се вози по неа, рече тој. Трајановски уште посочи дека се поставува еластичната ограда на средишниот и на страничните делови на автопатот, на дислокација на кабли од двете страни на трасата, на поставува и на жичната ограда, согласно стандардите за модерен автопат. Тагови: асфалтирање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАвион нагло загуби височина поради турбуленции- патниците во паника, има повредени (ВИДЕО)Најмалку осум лица се повредени откако силни турбуленции го погодија авионот што леташе за Њујорк, принудувајќи го да направи итно слетување.Авионот на „Авијанка“ полета од Меделин, Колумбија, во четврток во 22:40 часот по локално време кон аеродромот ЏФК, но беше принуден да го промени курсот и да слета во Мајами само три часа по почетокот на летот, објави Ен-Би-Си. Авионот „Ербас А320“ се искачи на околу 35.000 стапки додека леташе над Јамајка и Куба, упатувајќи се кон север, пред нагло да се спушти околу 2,5 часа по почетокот на летот. Видео од пилотската кабина објавено од американските медиуми по слетувањето на авионот ги покажа луѓето во состојба на шок. Авионот се спушти 25.000 стапки (7.500 метри) за само неколку минути, според податоците на FlightRadar24, пред да слета во Мајами. „Повеќе пациенти се повредени“, изјавија претставници на противпожарната и спасувачка служба во Мајами-Дејд откако авионот слета околу 3:30 часот наутро, а најмалку едно лице е во сериозна состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисЃоковиќ по поразот во Шангај: Беше речиси невозможноНовак Ѓоковиќ не успеа доволно да се опорави од заморот и освојувањето на Пекинг, па загуби од Хуберт Хуркач на првиот тест на Мастерсот во Шангај, но немаше причина за очај.- Пекинг беше одличен, а потоа рана елиминација овде... Но, добро. Имав одлична недела во Пекинг, сега сакам малку да одморам и да се подготвам за затворениот дел од сезоната - изјави Новак, а потоа подетално објасни: - Површината е исклучително брза, сосема поинаква од онаа во Пекинг. Ако изгубите сервис еднаш по сет, може да биде доволно да го изгубите мечот. Токму тоа се случи. Многу е тешко да се врати неговиот сервис, речиси невозможно - сервираше навистина добро. Не се адаптирав, а соочувањето со него веќе на првиот меч овде беше многу тешка ждрепка за мене - изјави Новак, пренесе Телеграф. Потоа го коментираше мечот со Хуркач кој го загуби во два сета каде Полјакот сервираше навистина неверојатно. - Ако претрпите пауза, доволно е да го загубите натпреварот. Еден брејк по сет и тоа се случува. Многу е тешко да се врати на негов сервис, беше речиси невозможно. Не се адаптирав, имав многу тешка ждрепка, особено што морав да играм со него веќе на првиот меч - потенцира Ѓоковиќ. Сега го чека турнирот „Шест кралеви“ во Ријад, но најголема желба му е да обезбеди учество на завршниот Мастерс во Торино, за кој моментално ја држи позицијата, но ќе биде многу тешко да остане таму. - Би сакал да го одиграме завршниот Мастерс во Торино. Се уште планирам да играм во Париз, па да видиме... Се надевам дека таму ќе имам добар резултат - заврши Ѓоковиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
ЖивотКрадци украле 30.000 шишиња вино во вредност од 5 милиони евра во ИталијаНевообичаена кражба во Италија.. Крадци украле 30.000 шишиња вино во вкупна вредност од околу 5 милиони евра од позната италијанска винарија, објави Би-Би-Си.„Марчези Антинори“, една од најголемите семејни винарии во Италија, соопшти дека кражбата во нивниот магацин во Тоскана се случила во саботата, додека компанијата се подготвувала да испрати пратка до клиенти во странство. Се претпоставува дека најмалку седум маскирани мажи ги деактивирале алармите и ги исклучиле камерите пред да натоварат два големи камиони со тоскански црвени Вина Тињанело, Солаја и Гвадо Ал Тасо на компанијата. Извршниот директор котарела изјавил дека ова е најголемата кражба од ваков вид во Италија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35