Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
2Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
3Најпознатиот Јутјубер им понуди 250.000 долари на двојка- условот е пред свадбата да ослабат 68 килограми (ВИДЕО)
ЖивотСо забраната, американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари За жителите на САД денеска стапи во сила забраната на „Тик-ток“, што претставува проблем за „инфлуенсерите“ кои практично ја изградиле својата кариера на оваа платформа, заработувајќи илјадници и милиони долари. Меѓу најпопуларните американски „тиктокерки“ се сестрите Чарли и Дикси Д'Амелио, па нивниот татко Марк го осуди затворањето на оваа профитабилна платформа, како потег на американската Влада. - Толку е не-американско нашата Влада да забрани нешто што беше суштински дел од животот на просечниот американски граѓанин - да има платформа за слободно изразување и заштита на нашите права според Првиот амандман, рече Марк за „Тајмс“. - Ние сме на „Тик-ток“ речиси пет години, а почнавме кога тоа сè уште беше во своите рани фази, па така успеавме да ги искористиме сите позитивни работи што ги добивме од него на други платформи. Тој истакнува дека ова ќе биде голем удар за многу нови луѓе во оваа област, и може да го изгубат својот бизнис и голем број постојни и идни следачи. - Ние сме благословени и среќни што имавме можност да бидеме поврзани пет години на „Тик-ток“. Повеќе сум загрижен за луѓето кои се нови и ја користеле оваа платформа за да ги развијат своите мали бизниси, јас сум загрижен и за малите креатори чиј приход зависи од „Тик-ток“, додаде тој. - Ако Владата сака да нѐ заштити, дали ќе нѐ штитат и од другите платформи коишто можат да ни сервираат информации? Тогаш, треба да се забранат сите социјални мрежи, а не само „Тик-ток“, заклучи тој. Инаку, според „Форбс“ Чарли Д'Амелио, која важи за „најследената“ Американка на „Тик-ток“ - со 156 милиони фанови, заработила дури 4 милиони долари само од 2019. до 2020 година. Лани, таа беше четврта на листата на „Форбс“ за најдобри креатори (и прва меѓу жените-креаторки на листата), со вкупна заработка од 23,5 милиони долари. За потсетување, кинески „Тик-ток“ денеска е укинат за корисниците во САД. Популарната социјална мрежа се потпира на поддршката на Доналд Трамп, кој може да ја врати и да ја одржи легална во САД. Иако новиот претседател на САД претходно ја поддржа забраната на, неговиот став сега е поумерен. Трамп рече дека „Тик-ток“ игра важна улога во обраќањето до помладите луѓе и изрази надеж дека апликацијата ќе остане достапна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаИдентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во ШтипПо преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник .По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник од штипско во присуство на негов родител. На објавеното видео се гледа како тој управува мотоцикл на едно тркало со што го загрозил безбедното одвивање на сообраќајот. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – вознемирена мајка се јавила во полицијаВчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, И.А. пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник, соопшти МВР. Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, И.А. пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаМакедонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасадаСлучајот со Ива Михаилова продолжува да ги влошува односите меѓу Македонија и Бугарија...Само неколку дена откако бугарскиот амбасадор во Скопје, Радуков беше повикан во МНР за да му се изрази незадоволство од начинот на кој постапува официјална Софија, сега и самиот тој стана проблем.... МНР сега реагира за неговите изјави, како и за изјавите на бугарскиот министер за внатрешни работи... Деталите ги има Михаило Донев.. Михаило, што точно МНР им забележува на Радуков и Демерџиев? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook