ЛиДеМ: Владата го почитува Законот само кога ѝ одговара – студентите секој ден ја плаќаат инфлацијата од сопствен џеб
1ЛиДеМ: Владата го почитува Законот само кога ѝ одговара – студентите секој ден ја плаќаат инфлацијата од сопствен џеб
Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
1Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
3Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
МакедонијаСо вкрстено испитување на секретарот на Пливачката федерација продолжи судењето за „спортски ваучери“Отворена била нова покрај блокираната сметка на Федерацијата.Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Спортски ваучери“, во кој 12 лица се обвинети за злоупотреба на службена положба и несовесно работење поврзани со распределбата на средства од државната програма за поддршка на спортот. Меѓу обвинетите се поранешните директори на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски, претседателот на Македонски олимписки комитет Даниел Димевски и уште неколку лица поврзани со спортски федерации и институции. На денешното рочиште беше вкрстено испитуван генерален секретар на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ). Одбраната најголем дел од прашањата ги насочи кон статусот на жиро-сметката на Федерацијата, која, според наводите во судницата била блокирана подолг период, како и кон отворањето на нова сметка на која биле насочувани средства од спортски ваучери. Адвокатите прашуваа дали во периодот кога Федерацијата доставувала дописи до Агенцијата, во Централниот регистар било впишано друго лице како претседател. Сведокот не се согласи со тврдењето дека во најголемиот дел од тој период фигурирало друго име. Одбраната проблематизираше и дали ваучери биле издавани на новоотворена сметка, паралелна на блокираната сметка на Федерацијата, и дали таа сметка била на друго правно лице, што, според формулацијата на прашањата, како што велат, би можело да претставува кривично дело. Сведокот во одговорите посочи дека станува збор за сметка поврзана со член на Федерацијата и дека средствата се користеле во рамки на нејзината дејност. Во текот на испитувањето беа споменати и гаранти поврзани со финансиските трансакции, меѓу кои и лицето Александар Филипчев. Одбраната укажа и на промени во уписите во Централниот регистар, наведувајќи дека во 2021 година како овластено лице бил запишан Александар Маленко, додека друго лице со слично име било избришано од таа позиција. Сведокот беше прашан и за мотивите за барање средства преку системот на спортски ваучери, односно дали целта била подмирување на претходно доспеани обврски поради блокираната сметка, на што сведокот одговори негативно. Во завршниот дел од вкрстеното испитување, исто така, одбраната го отвори прашањето дали, согласно закон, средствата добиени по основ на спортски ваучери можат да се користат исклучиво наменски. Предметот во јавноста познат како „спортски ваучери“ се однесува на наводни неправилности при доделувањето и користењето на средствата преку системот на ваучери од Агенцијата за млади и спорт. Според обвинението, проценетата штета надминува пет милиони евра. Судскиот процес продолжува со вкрстено испитување на уште двајца сведоци, меѓу кои и поранешниот претседател на Пливачката федерација на Македонија Александар Маленко. Тагови: Пливачката федерација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Шоу бизФото: Брук Шилдс и на 62 годишна возраст нема проблем да се соблече во бикини „Девојко, јас сум Брук, а ти која си?“ Една од најубавите актерки во Холивуд, ѕвездата на славниот хит филм „Сина лагуна“ Брук Шилдс ја покажа својата прекрасна фигура на 62-годишна возраст за време на престојот во Хрватска, која ја посети во рамките на својот одмор во Европа, а фотографиите предизвикаа бројни реакции. Убавата Брук на Инстаграм објави серија фотографии на кои ужива со пријателите, но и позира во едноделен костим за капење без прерамки, со кој привлече огромно внимание поради својата витка фигура. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаЛиДеМ: Владата го почитува Законот само кога ѝ одговара – студентите секој ден ја плаќаат инфлацијата од сопствен џебДодека цените на храната растат, студентскиот оброк останува замрзнат на 140 денари дневно. И тоа не е прашање на добра волја на Владата, туку на законска обврска. Член 2 од Законот за субвенциониран студентски оброк јасно предвидува дека износот треба да се усогласува согласно инфлациската стапка по секоја фискална година, пред донесувањето на Буџетот за следната година. Последното зголемување беше уште во 2023 година – од 120 на 140 денари. Оттогаш цените продолжија да растат, а студентскиот оброк остана ист. Во превод: државата ја признава инфлацијата кога собира повеќе пари преку даноци и повисоки цени, но ја заборава кога треба да им даде повеќе на студентите. Денес со 140 денари студент треба да обезбеди пристоен оброк, додека секој што влегол во маркет, пекара или менза знае колку реално вредат тие пари. Не може Владата да зборува за „младите како иднина“, а истовремено да штеди токму на нивниот оброк. Инфлацијата не смее да се пресметува само на каса – мора да се пресметува и во студентската поддршка. Либерално-демократската младина ќе ги искористи расположливите правни и институционални механизми за да побара одговор зошто законската одредба за усогласување не се спроведува доследно и кој ќе понесе одговорност за тоа. Ова не е борба за неколку десетици денари. Ова е прашање дали во Македонија законот важи и за Владата. Студентите не бараат луксуз. Бараат она што им следува по закон и оброк што одговара на реалните цени во 2026 година. Ако растат цените – мора да расте и студентскиот оброк. Либерално-демократска младинаТагови: ЛиДеМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп оптимист за тајната мисија на шефот на ЦИА во МоскваАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби ќе произлезе нешто“ од посетата на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Русија.Трамп ова го истакна во интервју за емисијата „Глен Бек програм“ на телевизијата „Блејз“, по информациите во американските медиуми дека ретклиф вчера пристигнал во Москва на разговор со руски претставници за војните во Украина и Иран. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска потврди за тасс дека рускиот претседател Владимир Путин бил детално информиран за резултатите од контактите на руските специјални служби со ретклиф. Песков притоа појасни дека директорот на циа немал директна средба со путин.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook