Со вело тура ИПА Охрид побара изградба на велосипедски патеки во охридско-струшкиот регион

Членови на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА)-регион Охрид и граѓани на Охрид и Струга, денеска ја реализираа велосипедската рекреативна тура Охрид-Струга-Радожда.

Со денешната вело-тура, според претседателот на ИПА Охрид Стефан Димоски, сакаат повторно да ја реафирмираат идејата за велосипедско поврзување, пред се, на двата крајезерски града-Охрид и Струга, но и со туристичките населби, Радожда, Свети Стефан и Пештани, со современо уредена, функционална и безбедна велосипедска патека.

– Со ова вело возење, (ИПА) -регион Охрид заедно со граѓаните-вљубеници во велосипедизмот, сакаме повторно да ги поттикнеме двата крајезерски града-идеални места за велосипедизам, конечно и сериозно да пристапат кон проект за меѓусебно велосипедско поврзување со современо уредена, безбедна и функционална велосипедска патека означена со хоризонтална и вертикална сообраќајна велосипедска сигнализација рече Димоски.

Упати апел до локалните самоуправи и другите релевантни институции, повеќе да се заложат, велосипедското поврзување Охрид-Струга, да стане реалност.

– Охрид и Струга како туристички центри во Македонија, треба многу повеќе да направат за ширење на мрежата на велосипедски патеки што силно ќе ги подигне на балканските и светските вело туристичките мапи, ќе се збогати туристичката понуда, ќе се привлечат многу повеќе туристи што е и огромен бенефит за охриѓани, стружани, за хотелско-туристичките работници, за рент а бајк агенциите, но и туристите од Македонија и светот, додаде Димоски.

Во време кога државите градат велосипедски автопати, нагласи, редно е и во охридско-струшкиот регион, да имаме безбедни вело патеки, а не, да возиме покрај автомобилите, автобусите и камионите, ставајќи се во сериозна и опасна ситуација како ранлива категорија учесници во сообраќајот.

Проектот за велоспиедско поврзување на Охрид и Струга во 2016 година беше инициран од тогашниот Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот (ОСБСП) Охрид. /МИА

Паника во британско село: Среде бара се појави голем крокодил

Приказните како оваа обично не доаѓаат од Велика Британија, особено не од руралните места како Челсбери во Бакингемшир.

По поплавите, мештаните ја алармирале полицијата и пријавиле неверојатна работа - крокодил демне во езерцето!

На местото на настанот веднаш пристигнале патроли и затекнале необична глетка, пренесува Метро.

Главата на опасен предатор ѕиркала од водата, но тоа била пластична играчка! Навистина, изгледала крајно реално, па не е чудно што владеела паника кај локалното население.

Детската играчка (во природна големина) била отстранета од езерцето, а останува мистерија кој и зошто ја оставил таму. Може да е нечија шега...

Надлежните го објавија необичниот случај.

„Не секој ден добиваме пријава за крокодил во поплавениот Челсбери. Не грижете се, Кроко е со нас во полициската станица“.

ДИК: Да се почитува правото на глас, да се прашаат гласачите за кои избори ќе гласаат

На прес конференција , потпретседателката на Државната комисија, Дитмире Шеху,  ги замоли членовите на изборните органи да се придржуваат кон сите правила и членови од Изборниот законик.

Од ДИК ги опоменуваат членовите на гласачките одбори задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач.

Во спротивно се соочуваат со три години затвор.

Русија му се закани на НАТО

Испраќање трупи на НАТО во Украина би било „исклучително опасно“, соопшти Кремљ, додавајќи дека Москва внимателно ја следи украинската петиција со која се повикува на таква интервенција.

Во петицијата, објавена на веб-страницата на украинскиот претседател, се наведува дека Украина треба да побара од САД, Велика Британија и други земји да испратат војници за Украина да се бори против руската инвазија.

„Режимот во Киев е прилично непредвидлив“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Многу пати кажавме дека директната интервенција на армиите на земјите од НАТО во овој конфликт потенцијално претставува огромна опасност и сметаме дека тоа е ништо помалку од исклучително сериозна провокација и, се разбира, внимателно ја следиме“, додаде Песков. .

Засега не е познато дали петицијата ќе го собере потребниот број од 25.000 гласови, што ќе го обврзе претседателот Володимир Зеленски да одговори со одобрување или отфрлање. До денеска наутро биле собрани 1.594 гласови.

НАТО ѝ помага на Украина со испраќање повеќе оружје, вклучувајќи тенкови и ракети со долг дострел, но воздржувајќи се од директна интервенција со војници на теренот. И американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин предупредија дека тоа може да доведе до Трета светска војна.

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека прашањето за испраќање западни војници во Украина „легитимно“ би се поставило доколку Русија ги пробие украинските одбранбени линии и ако тоа го побара Киев.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека доколку Макрон испрати француски војници во Украина, тие ќе бидат легитимна цел на руската војска. „Ако Французите се појават во зоната на конфликтот, тие неизбежно ќе станат цел на руските вооружени сили“, рече Захарова.

притисни ентер