Со традиционалното палење на поетскиот оган се отворија „Струшките вечери на поезија“ - Канал 5

Со традиционалното палење на поетскиот оган се отворија „Струшките вечери на поезија“

Со музичко перформанс во изведба на култниот македонски музичар Џијан Емин, традиционалното палење на поетскиот оган и спектакуларен огномет вечерва свечено се отвори 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“.

Со традиционалното палење на поетскиот оган се отворија „Струшките вечери на поезија“

Манифестацијата се одржа на платото пред Домот за култура „Браќа Миладиновци“ во присуство на бројни странски и домашни поети, како и на владини претставници и љубители на пишаниот збор.

Поетската порака ја испрати македонскиот поет Милован Стефановски, која потенцираше дека Струга е светска престолнина на поезијата.

- Ако само за миг замислиме, а имагинацијата е непрегледно бескраен небесен океан, дека е можно овде, во една ваква августовска вечер, одеднаш да бидат присутни сите што доаѓале во изминатата повеќе од шестдецениска традиција на СВП, сигурно дека би добиле население колку за уште една Струга. Би добиле неверојатно преклопување на стапките по тротоарите и патеките од двете страни на Дрим на многу познати и признати светски поетски имиња и стожерни великани (Рафаел Алберти, Лу Јуан, Андреј Вознесенски, Ежен Гилвик). Нивните стапки се преклопуваат со стапките на нашите македонски поетски гордости (Блаже Конески, Ацо Шопов, Матеја Матевски, Анте Поповски), но и на поетските перјаници на блиските соседни народи (Десанка Максимовиќ, Фатос Арапи, Љубомир Левчев, Јанис Рицос). Тоа е една само навидум невидлива, но живо присутна мрежа со поетска плетка што ја варди Струга и во исто време во нераскинлива традиција ги поврзува поетите со сите вљубеници и поклоници на убавиот поетски збор. Таа поетска плетка како во огледало има одраз на ѕвезденото небо над Струга - истакна Стефановски.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва, на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, го отвори 62-то издание на „Струшките вечери на поезијата“. Таа во своето обраќање рече дека ехото на Миладиновци е присутно и денес и дека од година во година е сè погласно, посочувајќи дека нашата Струга е посебно место, каде на Мостовите на поезијата се сретнуваат и Истокот и Западот и место каде што сè уште боли „Т ́га за југ“.

- Продолжи тоа ехо благодарение и на Струшките вечери на поезијата, создадени по промислата на величествените македонски современи автори чија визија нè крепи и по децении од нивното заминување – додаде министерката.

Министерката Костадиновска-Стојчевска кажа дека Струга во својот полн сјај сведочи за визијата на големите македонски автори, кои со децении ја збогатуваат нашата култура, а „Струшките вечери на поезијата“ не се само славење на зборовите, туку и поетско рандеву кое е потврда на душата на човештвото.

– Македонскиот современ литературен јазик има збор за секоја песна, за секој стих, на сите поети од светот, за сè што е неизречено. Го има и изразот „вештачка интелигенција“, која можеби ќе напише и поема, ама никогаш нема да допре до длабоката тишина – посочи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

За нејзиниот говор главна инспирација беа зборовите на лауреатот, годинашниот венценосец, академик Влада Урошевиќ, според кој „поетот не му е должен никому ништо, освен на јазикот на кој ги создава своите дела“, со кој се согласува и министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, посочувајќи дека човештвото не може да и без поезија.

Годинашното фестивалско издание се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“ со намера да се потенцира аспектот на поезијата и на поетскиот јазик како јазик творен, односно создаден од чувства, но и како јазик што создава чувства, во своето автентично издание.

На „Струшките вечери на поезијата“, еден од најстарите и најзначајни светски поетски фестивали кој ќе се одржува од 24 до 28 август, годинава поетски читања ќе имаат над 25 странски поети, како и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација.

Дел од фестивалот ќе биде и специјалниот настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „Версополис“, проект поддржан од Европската комисија во кој културната манифестација „Струшки вечери на поезијата“ учествуваат од 2014 година.

Од изданијата на Струшките вечери, покрај „Монографијата“ за добитникот на „Златен венец“; „Зборникот“ на фестивалот, кој годинава ќе биде во проширено издание, а ќе има и електронско издание; тријазичното издание на минатогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“; изданието на добитникот на наградата „Мостови“; во чест на јубилејот 60 години од востановувањето на наградата „Браќа Миладиновци“, ќе биде издадена и Антологија за поезијата и флората „Меѓу дрвјата“, чиј приредувач е нашиот истакнат македонски поет, универзитетски професор и филозоф Иван Џепароски.

По повод јубилејот „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“, во соработка со Амбасадата на Унгарија, на овогодишното издание на „Струшките вечери на поезијата“ ќе биде отворена изложба за животот и делото на овој славен унгарски поет.

Музичарот Џијан Емин ја изведе нумерата „King Of Sopiste“, додека девојките од балетското студио „БАХ“ го запалија традиционалниот оган.

Вечерта продолжи со поетското читање Меридијани, на кое настапија повеќмина автори од земјава и од странство.

Во следните фестивалски дена на „Струшките вечери на поезијата“ ќе можат да се чујат околу 25 поети од странство и 40-тина од државата.

Манифестацијата, која ќе трае до 28 август, се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“.

Во текот на утрешниот ден поетите ќе го посетат манастирскиот комплекс во Калишта, каде што ќе се одржат повеќе читања, а во текот на денот ќе бидат промовирани и неколку поети од „Версополис“, како и антологијата „Меѓу дрвјата (флората и фауната)“ и Антологијата на најмладата македонска поезија. Ќе бидат презентирани и портретите на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“, соопштија од Министерството за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото.

Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници.

Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел .

Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци.

Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви.

Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти.

Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат.

Обид за пробивање на полицискиот кордон

Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат.

Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници.

На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење.

На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата.

Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти.

Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам.

Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам.

Најавен е европски штрајк на младите

Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување.

На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци.

Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин.

Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски министер: Наследникот на Хуанг треба да биде надвор од „Nvidia“

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, во неделата изјави дека „Nvidia“ треба да бара нов извршен директор надвор од компанијата. Неговата изјава доаѓа откако основачот Јенсен Хуанг поднесе оставка минатата недела. 

Американски министер: Наследникот на Хуанг  треба да биде надвор од „Nvidia“

„Одборот на директори треба да гледа надвор од компанијата кога бара ново раководство. Со оглед на сè што се случи, потребни се фундаментални промени“, изјави Бесент за „Fox News“.

По заминувањето на Хуанг, американскиот претседател Доналд Трамп го препорача Тим Кук, за нов извршен директор на американскиот производител на чипови.

Регулаторни пропусти

Бесент го пофали Хуанг како иноватор, но нагласи дека технолошкото водство не може да биде изговор за непочитување на прописите. Тој, исто така, истакна дека федералните регулатори од Канцеларијата на контролорот на валутата (OCC), која ги надгледува националните банки, ќе ги отстранат директорите во финансискиот сектор без одлагање поради слични пропусти во надзорот.

Министерот праша дали „Nvidia“ ги игнорира предупредувањата поврзани со фиктивните компании во Сингапур. Тој истакна дека компанијата престанала да објавува одредени регионални бројки за продажба откако приходите во Кина паднаа, додека продажбата во Сингапур нагло се зголеми. Тој цитираше извештаи дека само 1 процент од чиповите што се продаваат во земјата останале таму.

Позадина на оставката

Јенсен Хуанг поднесе оставка на 12 ноември откако ја водеше „Nvidia“ повеќе од три децении. На неговата оставка ѝ претходеше признание за вонбрачна афера со Алис Хуанг. Таа е поранешна извршна директорка на сингапурската компанија „Megaspeed“ и медиумите ја поврзуваат со кинеската разузнавачка служба.

Бесент ги отфрли шпекулациите за шпионажа како „измислици“. Тој рече дека негова примарна загриженост е дали корпоративната култура на „Nvidia“ охрабрува „очигледно нелегална продажба“ за вештачко зголемување на профитот. Тој побара од одборот и надворешниот правен советник да му дадат одговори во рок од 10 дена.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали САД се подготвуваат за нов напад? Трет носач на авиони пристигнува на Блискиот Исток

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“ пристигнува на Блискиот Исток во следните 24 часа, каде што ќе им се придружи на двете веќе присутни ударни групи.

Дали САД се подготвуваат за нов напад? Трет носач на авиони пристигнува на Блискиот Исток

Со неговото пристигнување, вкупно три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени во регионот. Веста ја објави „Њујорк тајмс“ и ја потврди американски воен претставник.

Распоредувањето на силите следеше по нападот со беспилотни летала на Иран врз Бахреин, втор таков напад за само три дена. Со ова заврши двомесечното затишје во непријателствата, додека мировните преговори со Вашингтон остануваат блокирани. На нападот во неделата му претходеше инцидент во петокот, кога американските сили пресретнаа два ирански беспилотни летала испукани кон државата од Персискиот Залив.

Пентагон и Централната команда на САД (CENTCOM), одговорни за воените операции на Блискиот Исток, сè уште официјално не го потврдија точниот датум на пристигнување на носачот.

Дипломатски прекин и зголемено воено присуство

Обновените судири се случуваат во контекст на целосен дипломатски застој и зголемено американско воено присуство во регионот. Тие се дел од поширок конфликт со Иран, кој започна кон крајот на февруари со координирани напади на САД и Израел.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, неодамна го исклучи потпретседателот Џ.Д. Венс од мировниот процес и на социјалните мрежи изјави дека на Вашингтон повеќе не му е потребен договорот со Техеран.

Иако дополнителен носач на авиони пристигнува во регионот, американската војска неодамна ги негираше извештаите во израелските медиуми дека се прават подготовки за евентуално продолжување на операциите против Иран. Тие ги опишаа тврдењата за промени во распоредувањето на регионалните сили како „чиста шпекулација“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер