Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата
Превентивни активности за врсничко и сајбер насилство, заштита од кражби, безбеден сообраќај, телефонски измами и зависности
1Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата
2Превентивни активности за врсничко и сајбер насилство, заштита од кражби, безбеден сообраќај, телефонски измами и зависности
3СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи
ЖивотСо своите 213 сантиметри е најниска во семејството „Тешко ми е да си најдам момче повисоко од мене, па излегувам со пониски“ Мери Темара (28) е девојка од Флорида која се бори со стигмата и предрасудите поради својата необична висина. Имено, Мери е висока 213 сантиметри, но е најнизок член во нејзиното семејство. Нејзината мајка има 226 см, а нејзините браќа, 236 и 238 сантиметри. Како и повеќето високи луѓе, Мери Темара се соочила со многу предизвици во животот. Врсничкото насилство и злобните коментари, биле нејзино секојдневие. На училиште била највисока и поинаква од другите деца, што често ја доведувало до непријатни ситуации. Децата ја задевале и ја нарекувале „маж со потпетици“ бидејќи била повисока и потешка од повеќето машки учители. Тоа оставило траен белег на нејзината самодоверба, но и на нејзината интеракција со другите врсници. @marietemara4.0 Replying to @teamtemara ♬ Boy's a liar Pt. 2 - PinkPantheress & Ice Spice Меѓутоа, денес, Мери со гордост ја прифаќа својата висина и облини. Преку нејзината борба со предрасудите, таа научила дека, да се биде различен, е всушност нешто што треба да се слави. Критичарите ѝ велеле дека со таа висина не може да биде женствена, но таа решително им докажува дека грешат. Нејзината висина не ја одредува нејзината женственост. Иако пронаоѓањето соодветен партнер ѝ било голем предизвик, таа денес прифаќа да излезе со мажи со различна висина. Тоа ѝ го олеснило животот и ѝ овозможило да ја прифати својата висина како нешто што ја прави посебна и различна. Иако ѝ е тешко да најде соодветна облека и обувки, Мери не се обесхрабрува и се обидува нештата да ги прилагоди на висината. -Неодамна почнав да излегувам со пониски момци, откако висината престана да ми е важна, ми стана полесно. Признавам дека е исклучително тешко да се најде маж повисок од мене... Едно момче, со кое излегов, преку својот профил ми кажа дека е висок 195 сантиметри, но кога го запознав, беше висок најмногу 180 сантиметри – изјави Мери. Оваа убавица се надева дека нејзиниот пример ќе ги инспирира другите луѓе да ги прифатат своите разлики и да не се срамат од своите физички карактеристики. Исто така, таа сака да ги промени предрасудите кои постојат во однос на висината и запознавањето, бидејќи верува дека високите и ниските луѓе можат успешно да се надополнуваат и да бидат во среќни врски. @marietemara4.0 He can’t lift me, but i can lift him💅💪 would you date a girl that weighs 70lbs more than you?😅 #tallgirl #shortking #strongwomen ♬ original sound - r4bin♥︎ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и ВладатаИзјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски од Општина Кисела Вода.„Добар ден и од мене. Како што вчера најавив, полека, проект по проект ќе ги завршуваме, но и проект по проект оние коишто не се почнати ќе ги отпочнуваме. Како што кажа и градоначалничката, станува збор за проект каде што имаме јасна соработка помеѓу Владата и општината. Целокупниот проект е многу значаен за овој дел на Општина Кисела Вода, затоа што тоа што недостасуваше досега, тоа е водата за пиење. Ќе биде конечно затворен тој проблем. Откако ќе биде завршена оваа подземна инсталација, следен чекор е да го поминеме и патот со нов асфалт. Така што плански се работи, систематски се работи, потребите се јасни, а ние како Влада, нашата задача и цел е да овие потреби одговориме согласно нашите можности и се надевам дека тоа досега го правиме. Сакам да изразам благодарност и до градоначалничката, до советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалничката, до пратениците во македонското Собрание, до колегите од Владата, до Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што кажав, ова е заеднички проект и добро е што оваа синергија функционира и на терен и се прават вакви проекти, а ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да реализираме она што се потреби на граѓаните. Ви благодарам.“ Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за врсничко и сајбер насилство, заштита од кражби, безбеден сообраќај, телефонски измами и зависностиСо учениците од прва и втора година од СУГС „Васил А.Дрен“ на подрачје на ПСОН Кисела Вода реализирана е трибина на тема „СТОП за меѓуврсничко насилство и превенција од зависности“.На 13.11.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција и Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес, за учениците ОСУ „Јовче Тесличков“ во Велес, реализираа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават, при што, на учениците им ги појаснија и потенцираа начините и методите за навремена превенција и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. На подрачје на Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино спроведоа превентивна активност за заштита од кражби, при што преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. Полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одговорно“, со укажување на возачите за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Целта на овие активности е да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајната култура и свеста кај возачите, во насока на зголемување на безбедноста и намалување на бројот на сообраќајните незгоди. Сообраќајни превентивни активности денеска беа реализирани и на подрачје на Велес и Чашка, со акцент на опасноста од управување на возила под дејство на алкохол. При тоа беше нагласена потребата за свесност кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал. На 12/13.11.2026, Одделението за превенција при СВР Скопје, на подрачјето на ПСОН Кисела Вода и ПСОН Бит Пазар, реализираше две едукативни работилници и една трибина. Во ООУ „Хасан Приштина“ и ООУ „7ми Март“ – на подрачје на ПСОН Бит Пазар, со учесници од Клубот за превенција кои ги сочинуваат ученици од шесто до деветто одделение реализирани се две едукативни работилници на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство – Булинг и Сајбер булинг (насилство на социјалните мрежи)“. Исто така со учениците од прва и втора година од СУГС „Васил А.Дрен“ на подрачје на ПСОН Кисела Вода реализирана е трибина на тема „СТОП за меѓуврсничко насилство и превенција од зависности“. На присутните ученици им беа поделени и летоци на кои се испишани едукативни пораки – Стоп за булингот, никој не заслужува да се чувствува безвредно и небезбедно. На 13.11.2026 на градскиот пазар во Штип, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, заедно со полициски службеници од Полициска станица Штип, како и полициски службеници од Полициска станица Пробиштип одржаа неформални средби со повозрасни граѓани, предвидена со планот за проектни активности во областа на превенцијата за превенција од телефонски измами за сообраќајни незгоди. Целта на одржаните средби беше запознавање на пензионерите со безбедносните настани и случувања како постари лица се потенцијална мета на криминалците – измамници, како и давање упатства за постапување во случаи на наидување на такви настани и други кривични дела, забележувања на настани од безбедносен карактер и навремено информирање. На 13.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип и Свети Николе реализираа едукативно предавање во СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип и СОУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе на учениците од прва година на тема „Сообраќајните правила и прописи и одговорност на учениците“, со цел да бидат запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот. На 13.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово во централно градско подрачје реализираа едукативна кампања под мотото „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило“ и „Ако пиеш не вози, ако возиш не пиј“, во непосредна комуникација со граѓаните пред се со возачите. На возачите им беа поделени летоци со корисни совети. Целта е подигнување на јавната свет кај граѓаните за побезбеден сообраќај. На 13.11.2026 полициски службеници од полициска станица Берово во просториите на ОСУ „Ацо Русковски“ Берово реализираа превентивно-едукативна активност наменета за учениците, со цел подигнување на свеста за штетните последици од различните видови зависности. Во рамките на активноста се опфатени теми поврзани со зависноста од алкохол, тутун, наркотични средства, коцкање, како и прекумерна употреба на интернет и мобилни телефони. Посебен акцент беше ставен на влијанието на зависностите врз здравјето, психофизичкиот развој, образованието и социјалниот живот на младите. Вчера 13.11.2026 во централно градско подрачје во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар реализираа едукативна кампања под мотото „Да се заштитиме од измами“. Граѓаните беа советувани за само заштита, од имотни деликти (разбојничка кражба, разбојништво, дрска кражба, џебни кражби, измами и други кривични дела), каде особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатниот телефонски број 112, при што им беа поделени летоци со едукативна содржина.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очиМнозинството на ВМРО во Собранието ги изгласа криминалните измени на Законот за јавните набавки. Наместо поголема транспарентност и заштита на народните пари, власта уште пошироко отвори дополнителен простор за корупција и сомнителни зделки и дилови. Во фокусот секако им се криминалните тендери. Со криминалните измените сами на себе си овозможуваат набавки без тендер на драстично поголема сума до 25.000 евра за стоки и до 120.000 евра за градежни работи. Тоа се повеќе пари за во четири очи, за криминални тендери без контрола и за свои партиски фирми. Така повеќе народни пари ќе се трошат без отворена конкуренција, со поголем ризик договорите да завршуваат кај однапред избраните фирми. Истовремено, се брише обврската воведена во 2019 година за задолжителна согласност од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без објавување оглас. Значи, ги зголемуваат износите за набавки без тендер, а ја отстрануваат контролната пречка за договорите во четири очи. Ова се прави на штета на граѓаните и во интерес на бизнисите на Мицкоски, неговата Организирана криминална група и неговите сателити. Дополнително, многукратно се зголемуваат надоместоците за поднесување жалби. Наместо фирмите да се охрабрат да пријавуваат неправилности, правната заштита им станува поскапа и потешко достапна. Особено се погодени малите компании. Пораката на власта е јасна: функционерите полесно да договараат дилови во четири очи, фирмите потешко да се жалат. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, навреме предупреди дека овие измени отвораат простор за коруоција. Затоа СДСМ се спротивстави со над 2.000 амандмани. Криминалната власт ги протурка криминалните измени на законот. Народните пари за нив се партиска каса на ВМРО. Криминална власт, криминални закони! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00