Со субвенции од интервентниот фонд ќе се амортизира ударот од високите цени на ѓубривата - Канал 5

Со субвенции од интервентниот фонд ќе се амортизира ударот од високите цени на ѓубривата

Според последната владина одлука секој што ќе употреби најмалку 4 вреќи односно 200 килограми минерално ѓубриво на хектар ќе добие по 2500 денари дополнителна субвенција.

Со субвенции од интервентниот фонд ќе се амортизира ударот од високите цени на ѓубривата

Вчерашната одлука на владата да воведе субвенција за оние земјоделци кои ќе купат вештачки ѓубрива за посевите дел од земјоделците ја оценија како задоцнета додека други сметаат дека со ова ќе се намали ценовниот шок од превисоките давачки на земјоделците.

Според последната владина одлука секој што ќе употреби најмалку 4 вреќи односно 200 килограми минерално ѓубриво на хектар ќе добие по 2500 денари дополнителна субвенција за што се предвидени 2 милиони евра или половина од парите од интервентниот фонд. Според пресметкте на министерството ова значи дека на на употребени 4 вреќи ѓубре едната ја плаќа државата но според земјоделците проблем е што ваквата мерка требаше да се донесе порано за да знаеа трговците да увезат ѓубриво кое веќе многу тешко се наоѓа дури и по повисока цена.

Според науката голем дел од посевите под лебно жито и јачмен се гладни заради не употребата на ѓубривата чии цени се неколку кратно зголемени што ќе се одрази во приносите и снабденоста на овие стратешки производи.

На вчерашната седница покрај субвенцијата за ѓубривата се донесе и одлука за субвенција од 400 денари за јагне кое ќе заврши во кланичен капацитет како и по 1500 денари за свињарските фарми чии гоеници ќе завршат во регистрирани клачнични капацитети.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ вечерта на „Охридско лето“ го носи концертот „Последната роза на летото“

„Последна роза на летото“ е насловот на програмата што вечерва ќе биде изведена на  Вечерта на Европската унија која традиционално се одржува секоја година како дел од  фестивалот „Охридско лето“.

ЕУ вечерта на „Охридско лето“  го носи концертот „Последната роза  на летото“

Во црквата „Света Софија“ од 21 часот концерт ќе имаат ирскиот виолинист Дејвид Тобин, пијанистот Фингин Колинс, исто така од Ирска, како и унгарско-ирската флејтистка Јохана Кезеи.

На програмата ќе бидат изведени: Соната за виолина и пијано e-moll оп. 82 од Едвард Елгар, Соната „Ундине“ за виолина и пијано од Карл Рајнеке, Ноктурно бр. 18 „Пладне“ за соло пијано од ирскиот композитор Џон Филд, Арија на Ленски од операта „Евгениј Онегин“ за флејта и пијано од Петар Илич Чајковски и Фантазија и варијации на тема „Последна роза на летото“ за виолина и пијано од композиторот Вилијам Винсент Волас

Вечерта на Европската унија деветнаесетта година по ред се организира на фестивалот „Охридско лето“ со поддршка на Делегацијата на Европската унија во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Готик Војсис“ со рафинирана изведба на средновековна музика

Рафинираност, висок квалитет и спиритуалност  во изведбата на средновековна музика покажаа  членовите на ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија кои синоќа настапија во црквата „Света Софија“ во рамки на „Охридско лето“.

„Готик Војсис“ со рафинирана изведба на средновековна музика

Извонредните гласови на мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли донесоа дела од Џоан Меткалф, Џон Данстапл, Ричард Смерт, Арво Перт, Леонел Пауер, композиции од непознати автори од 13-от, 14-от и 15-от век, како и грегоријанскиот напев Gaude, Maria virgo.

-Програмата со која настапивме беше мешавина од современа и раносредновековна музика. Кога ја креиравме, сфативме дека тие се вклопуваат совршено. Централно дело на концертот беше делото на Ендру Смит кој е норвешки композитор и е со текст на Stong wel, moder, песна од 14-от век. Сето тоа е базирано на легендата за Богородица и различните аспекти на нејзината пресветост. Сите тие аспекти совршено се вклопија во нашата програма, истакна тенорот Џулијан Поџер.

Во своето 46-годишно постоење, ансамблот има снимено 30 носачи на звук за издавачките куќи „Хиперион“ и „Ави“, а за три од нив се добитници на престижната награда „Издание на годината“ од страна на музичкиот магазин „Грамофон“. Нивниот прв албум „Пердув на здивот Божји – химни и секвенци од Хлидегард од Бинген“ до денес е еден од најпродаваните албуми на средновековна музика на сите времиња, додека пак новите албуми „Непознат љубовник“ и „Лаурел за Ландини“ продолжуваат да се закитуваат со одлични критики.

Во Велика Британија ансамблот „Готик Војсис“ редовно настапува на фестивалите во Алдебург и Честер, на фестивалите за рана музика во Јорк и Бирмингем, а честопати гостуваат на меѓународните фестивали во Единбург и Челтнам. Нивните европски турнеи ги носат на фестивалите во Фландерс, Утрехт, Вормс, Штутгарт и Келн, како и на фестивалот „Вестфолд“ во Норвешка. Имаат остварено настапи во Израел, во САД и Јужна Америка.

Покрај нивниот репертоар посветен на средновековната и рана музика, „Готик Војсис“ исто така исполнуваат и современа музика, особено дела кои во себе содржат некаква средновековна асоцијација. Голем број од композиторите на денешницата се инспирирани или врз нив влијае средновековната музика, па така честопати ансамблот прави необични и експериментални програми во кои се вметнати нови дела наспроти традиционалните програмски определби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Ново Село го извади на површина талогот на СДС кој Филипче ги нарекува деца

Тоа се возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Ново Село го извади на површина талогот на СДС кој Филипче ги нарекува деца

Случајот во Ново Село, каде што приврзаници на предавниците Венко Филипче и Зоран Заев, насила сакаа да предизвикаат инцидент, го извади на површина целиот талог на СДС.

Луѓето кои Филипче сака да ги продаде како „деца“, а ни помалку ни повеќе на Македонија, всушност се возрасни лица, блиски и верни на Заев, осудени за насилство и трговија со дрога.

Тоа е иднината која предавничката СДС и Венко Филипче им ја нуди на граѓаните, насилство, криминал и лица корисници на наркотични средства, какви што има во највисоките партиски редови.

Внукот на Заев, Христијан Ефтимов и неговиот другар Илија Стојанов се условно осудени на казна затвор од една година и шест месеци поради насилство врз странски државјани во Струмица. А, тоа и сами го потврдија со секојдневните изјави.

Овие лица не можат да се претстават како жртви, тие се производ на талогот на СДС, кои сметајќи дека се деца на Заеви можат да прават што сакаат, кога и да сакаат без за тоа да одговараат.

Кога политичари како Филипче застануваат зад вакви лица и се обидуваат да ги претстават како жртви, јавноста има право да праша, каква порака им испраќаат на младите и какви вредности сакаат да наметнат како модел на однесување?

Со такви ликови не се гради држава и таква иднина на Македонија и на македонската младина не им треба.

Граѓаните не сакаат политика во која блискоста со моќни политички семејства создава чувство на недопирливост, не сакаат релативизирање на насилството, не сакаат двојни стандарди и, што е најважно, не сакаат враќање на политиките од времето на СДС и Зоран Заев.

Талогот на СДС не може да биде вредносна норма и нема место во новата политичка и општествена реалност.

На талогот од СДС местото им е далеку од политика и граѓаните, како на неколкуте последователни избори, така и на следните, кога и да се случат, ќе ги испрати не само во уште подлабока опозиција, туку во политичка историја.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер