3Левица: Гостивар не се соочува со обичен дефект, туку со сомнение за свесно загрозување на јавното здравје
ЖивотСо стареењето коските стануваат кршливи, а мускулната маса опаѓа – Овие 4 намирници може да го одржат вашето тело витално! Храната во прилог на борбата против стареењето. Стареењето е природен процес кој доведува до различни промени во телото, а една од клучните манифестации на тој процес е губење на мускулната маса и чувството на слабост. Сепак, едни неодамнешни истражувања покажале дека одредени видови храна и пијалоци богати со одредени природни соединенија можат да го забават овој процес и да го одржат телото здраво и силно. Тригонелин - клучна состојка Едно од клучните наоди доаѓа од студијата спроведена на Националниот универзитет во Сингапур и Истражувачкиот центар Нестле во Швајцарија, а се однесува на соединението тригонелин. Истражувачите тврдат дека тригонелинот може да го забави атрофирањето на мускулите што е карактеристично за стареењето. Забележано е дека нивоата на тригонелин се пониски кај постарите луѓе со саркопенија, состојба која се карактеризира со губење на мускулната маса и силата. Тригонелин во исхраната Истражувачите истакнуваат дека саркопенијата е сложена болест и дека исхраната не е доволна за целосно да се реши. Меѓутоа, тригонелинот може да биде важен дел од тој процес. Намирници богати со тригонелин се кафето, грашокот, овесот и семките од коријандер, а неодамнешните студии исто така го поврзуваат семето од коријандер со намалување на нивото на шеќер во крвта, намалување на крвниот притисок и губење на тежината. Тригонелин како нов NAD+ Еден од важните фактори во процесот на губењето на мускулната маса поврзан со стареењето е намалувањето на нивото на никотинамид аденин динуклеотид, познат како NAD+, кој игра клучна улога во хемиските реакции во нашите клетки кои создаваат енергија и нè одржуваат во живот. Сепак, истражувањата покажаа дека тригонелинот е способен да ги зголеми нивоата на NAD+, а тоа може да го намали атрофирањето на мускулите со текот на времето. Британски Сан пишува дека овие истражувања сè уште доволно не ги потврдиле придобивките од тригонелинот, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди дали суплементите со тригонелин може да го забават, па дури и да го вратат процесот на стареењето на мускулите. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен кошаркарот на Србија, Урош Плавшиќ ! Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, српскиот репрезенативец Урош Плавшиќ, е уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград под сомнение за напад врз обезбедувач на Военомедицинската академија (ВМА).Како што пренесува „Спортињо“, инцидентот се случил во текот на ноќта меѓу 16 и 17 јули, кога Плавшиќ наводно ја прескокнал оградата на ВМА и стигнал до шалтерот за прием бр. 2, каде што физички нападнал воено лице кое било на должност. Обезбедувањето успеало да го совлада напаѓачот и веднаш ја известило Воената полиција за инцидентот. Потоа, припадниците на Воената полиција го предале Плавшиќ на патрола на Министерството за внатрешни работи. Во инцидентот, припадникот на обезбедувањето се здобил со полесни повреди на главата и раката. На Плавшиќ му е одреден притвор во траење до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело напад врз воено лице при вршење воена служба, а за понатамошните чекори ќе одлучи надлежното обвинителство. Инаку, како штпо пренесуваат дел од српските медиуми само неколку часа пред апсењето, Плавшиќ и неговата сопруга, инфлуенсерката Јована Томиќ, организирале голема црковна венчавка и прослава за семејството и пријателите. Двојката претходно стапила во граѓански брак пред една година, на интимна церемонија. Плавшиќ неодамна стана играч на романскиот клуб Клуж.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСилен земјотрес регистриран во источниот дел на ТурцијаЗемјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди источниот дел на Турција. Потресите беа почувствувани во неколку провинции, а засега нема извештаи за жртви или материјална штета. Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната турска провинција Малатија рано утринава, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случи во 6:20 часот по локално време, со епицентар во областа Баталгази, на длабочина од 15,59 километри, се наведува во соопштението на АФАД. A 5.0-magnitude earthquake strikes southeastern Turkey. pic.twitter.com/UC9pmvkK3o — Beirut Wire (@beirutwire) July 18, 2026 Потресот се почувствувал и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа. АФАД соопшти дека засега нема извештаи за материјална штета или жртви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалТухел: „Виновен сум, но не жалам“ Селекторот на Англија, Германецот, Томас Тухел, ги бранеше своите тактички одлуки по поразот од Аргентина (2:1) во полуфиналето на Светското првенство.Германецот изјави дека не жали за ниту една измена и дека ја презема целосната одговорност врз себе. На прес-конференцијата пред натпреварот за третото место против Франција во Мајами, германскиот стручњак призна дека неговиот тим станал премногу пасивен кон крајот на натпреварот, но нагласи дека не смета оти одлуките биле погрешни. „Ако некој треба да биде виновен, тоа сум јас. Јас сум тренер и ја преземам одговорноста. Не жалам за моите одлуки; ги донесов врз основа на искуство, инстинкт и желба да му помогнам на тимот да победи. За жал, резултатот не беше таков каков што посакувавме“, рече Тухел. Англија водеше со 1:0 сè до 85-тата минута, но Аргентина, предводена од Лионел Меси, успеа да направи пресврт и да се пласира во финалето. Тухел објасни дека одлуката неговиот тим да премине на формација со петмина во одбраната била донесена за да се запрат нападите на Аргентина. „По нашиот гол, Аргентина заигра со многу поголем ритам. Не успеавме да ги спречиме нафрлувањата ниту влегувањето на нивните играчи во шеснаесетникот. Затоа преминавме на систем со петмина во одбраната за да ги затвориме крилните позиции. Сепак, станавме премногу пасивни, додека Аргентина го подигна нивото на играта“, објасни тренерот.Тагови: Англија СП2026 Тухел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter