Со средствата од договорот за партнерство со В. Британија ќе се обновува коридорот 10 - Канал 5

Со средствата од договорот за партнерство со В. Британија ќе се обновува коридорот 10

Прво изградба на сосем нов железнички колосек, па реконструкција на постојната траса од Коридорот 10, од Табановце до Гевгелија, предвидува проектот кој ќе се гради со парите договорени со Стратешкото партнерство со Обединетот Кралство.

Со средствата од договорот за партнерство со В. Британија ќе се обновува коридорот 10

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски кажа дека се очекува изградбата да започне за девет месеци, а рокот за изградба ќе биде пет години, по што Македонија же има два колосека брза железница.

-Ќе се изврши комплетна обнова на постојната траса, со зголемување на брзината над 160 километри на час за патничкиот и до 120 километри на час за товарниот сообраќај. Изведувачот истовремено ќе ја проектира и ќе ја гради железничката линија. Прво ќе се гради новата траса, која ќе биде паралелна со постојната, а потоа ќе се реконструира веќе постоечката железничка линија од Табановце до Гевгелија. Пругата ќе биде целосно електрифицирана со современи системи за сигнализација и контрола на сообраќајот по стандардот ETCS (European Train control system ) со особен акцент на безбедноста на патниците и на патните премини долж коридорот 10, за кои што ќе се трудиме сериозно да го намалиме нивниот број,- - Синиша Ивановски- директор на МЖ Инфраструктура.

Паралелно, од есенва Ивановски најави и реконструкција на железничката пруга од Драчево до Илинден и од Зелениково до Скопје за решвање на актуелниот проблем кој граѓаните го имаат со железничкиот сообраќај.. Се планира и пуштање на железнички сообраќај од аеродромот Петровец до желзничката станица во Скопје, која исто така ќе биде реконструкриана..

-Со градежните работи ќе биде опфатена и пругата со која ќе се поврзе железничката станица во Скопје со аеродромот во Петровец. Наесен ќе започне целосна реконструкција на делот од железничката пруга од Драчево до Илинден, како и делот од Зелениково до Скопје, кој ќе биде дел од градскиот воз,- - Синиша Ивановски- директор на МЖ Инфраструктура.

Ивановски рече дека не се откажуваат ниту од Коридорот 8.. На втората делница од пругата кон Бугарија од Бељаковце до Крива Паланка досега има прогрес од околу 30 отсто, но третиот дел од Крива Паланка до граница со Бугарија се уште е предмет на дискусии и ќе се гради дури откако ќе се псотигне согласност со Софија. За делот од пругата кон Албанија пак посочи дека поголем проблем е насоката што се чека од УНЕСКО за Охридското Езеро, за што заедно со Албанија добиоле грант од еден милион евра за изнаоѓање техничко решение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво

Премиерот  Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот.

Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво

Премиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот, но и разговори со финансиски институции и компании за конкретни проекти во енергетиката, високата технологија и воената индустрија.

Мицкоски со владината делегација прво оди во Вашингтон, а потоа оттаму ќе заминат во Њујорк каде ќе учествуваат на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации.

Премиерот најави дека една од средбите во главниот град на САД ќе биде со претставници на финансиската инстутиција ДФЦ, која, потсети, е веќе присутна во земјава преку инвестицијата во проектот „Крстовдол“, кој во јавноста е познат како „Амтимон“.

Според него, оваа институција пројавила интерес и за други проекти во енергетиката и напредната технологија.Прашан во вечерашното интервју дали на агендата е можеби и состанок со бугарската делегација, премиерот одговори дека до овој момент таква средба немаат во план.на дополнително прашање дали има информации за носење уставни измени со одложено дејство со цел одблокирање на интегративниот процес, тој рече дека не може да сподели такви информации во јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. 

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд

Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер.

аместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град.

Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а од среда ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќај по суви коловози и без поголеми задржувања на граничните премини.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.

Сообраќај по суви коловози и без поголеми задржувања на граничните премини.

Умерена фреквенција на патиштата надвор од градовите, а на граничните премини нема подолги чекања. Охрид–Ресен преку Галичица е отворен за возила до 3,5 тона.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.

Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид–Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер