КошаркаСо спорт и заедништво одбележани 100 дена до почетокот на ЕМОФ Скопје 2025Настанот понуди богата програма со активности за сите генерации. Со силна поддршка од јавноста, спортски дух и позитивна енергија, зад трговскиот центар Ист Гејт Мол се одржа настанот „100 дена до ЕМОФ“, со кој симболично започна финалното одбројување до стартот на ЕМОФ и беше означен влезот во финалната фаза на подготовките за Европскиот младински олимписки фестивал - ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули. Настанот понуди богата програма со активности за сите генерации. Посетителите имаа можност да учествуваат во спортски предизвици како турнири во 3x3 баскет, натпревари во забивање, шутирање од далечина и интерактивни демонстрации на олимписките вредности. Покрај спортскиот дел, вниманието го привлекоа и информативните пунктови каде граѓаните можеа да се информираат како да се вклучат како волонтери или поддржувачи на претстојниот фестивал. Преку ангажманот на млади спортисти, ентузијасти и волонтери, настанот претставуваше вистинска увертира за тоа што не очекува ова лето. „100 дена до ЕМОФ“ доби и хуманитарна димензија - дел од програмата беше посветен на собирање средства за семејствата погодени од неодамнешната трагедија во Кочани. На овој начин, организаторите уште еднаш ја истакнаа општествената одговорност и солидарноста на спортската заедница, испраќајќи силна порака за заедништво, поддршка и човечност. Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, Даниел Димевски ја истакна важноста на овој настан, потенцирајќи ја улогата на спортот како обединувачка сила. „Овој настан претставува вистинска увертира за она што не очекува ова лето. Тој е повеќе од симболично одбројување и го одразува ентузијазмот, подготвеноста и сплотеноста на македонската спортска заедница. ЕМОФ Скопје 2025 ќе биде настан кој нема да ги слави само спортските достигнувања, туку и вредностите на толеранција, пријателство и солидарност. Нашата цел е да испратиме силна порака дека Македонија е подготвена да биде достоен домаќин на еден од најзначајните младински спортски фестивали во Европа. Им благодариме на сите граѓани, волонтери и поддржувачи кои беа дел од оваа убава приказна – заедно одбројуваме до нешто големо и значајно.“, нагласи Димевски. Со одлична посетеност и позитивни реакции од јавноста, настанот ја загреа атмосферата во пресрет на најголемиот спортски собир во земјава. Организаторите најавуваат дека во следните 100 дена ќе следат уште многу активности насочени кон ангажирање на младите, промоција на олимписките вредности и мобилизирање на локалните заедници. Ова лето, повеќе од 4.000 учесници, вклучувајќи 900 волонтери, ќе бидат дел од ЕМОФ Скопје 2025. Натпреварите ќе се одржат во 15 спортови: атлетика, бадминтон, кошарка, баскет 3х3, кану слалом, велосипедизам, ракомет, џудо, пливање, стрелаштво, пинг понг, теквондо, одбојка, планински велосипедизам и гимнастика. За време на фестивалот, Скопје ќе биде домаќин на најголемиот дел од натпреварите, додека Куманово ќе ги пречека велосипедистите и кошаркарите. Уникатниот спортски амбиент ќе биде дополнет со уметничката гимнастика, која ќе се одржи во Осиек, создавајќи вистинска олимписка атмосфера низ различни локации. ЕМОФ Скопје 2025 ќе биде простор каде младите ќе го почувствуваат олимпискиот дух, ќе се натпреваруваат, но и ќе создаваат пријателства кои траат цел живот. Дел од атмосферата од настанот „100 дена до ЕМОФ“ можете да погледнете на следниот линк: https://www.facebook.com/share/r/15A1krydhS/ Доколку сакате да се приклучите на овој спортски спектакл како волонтер повеќе информации можете да најдете на: https://skopje2025.sporteurope.org/skopje-volunteers/Тагови: Даниел Димевски ЕМОФ МОК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобилиРуските сили го погодија Северниот мост во Киев со дрон, оштетувајќи го патот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Коловозот на Северниот мост е погоден. Службите за итни случаи се упатуваат кон местото на настанот“, рече Кличко. Снимки од нападот на мостот, кој е преполн со автомобили, се појавија на социјалните мрежи. Постојат стравувања дека може да има жртви. Several videos now circulating on Ukrainian telegram channels showing the Russian drone strike shortly ago on Kyiv’s North Bridge, confirmed by Mayor Klitschko. pic.twitter.com/E27CNMP5u1 — Christopher Miller (@ChristopherJM) October 4, 2026 Русија отвори сосема нова фаза од својата воздушна војна против Киев оваа недела. Таа започна систематски да ги таргетира стратешките мостови преку реката Днепар што ги поврзуваат источните и западните делови на украинскиот главен град.Тагови: Киев мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаOJO: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрагаПри претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од члњн 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба „М75“ со имплементирани метални кугли со дијаметар од околу 2мм со шрапнелско дејство, вкупно 240 куршуми со различен калибар, пиштол марка Црвена Застава со калибар 7.65 mm, со една рамка со седум куршуми, пиштол марка Берета, со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана. Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство. Бидејќи постојат околности што укажуваат дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судот поднесе и предлог за определување на најстрогата мерка. Притоа, јавниот обвинител ја истакна опасноста за бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела, како основ за определување на притворската мерка.Тагови: OJO Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветТрамп ја менува „играта“: „Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун“Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека се сложува „многу добро“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.Трамп ја нагласи важноста на одржувањето добри односи со лидерите на земјите што поседуваат нуклеарно оружје. Трамп ги даде овие забелешки на предизборен митинг во Охајо пред изборите за Конгресот, зборувајќи за својот однос со кинескиот претседател Си Џинпинг и бранејќи ги своите врски со лидерите на големите сили. „Не е ли одлично да се сложувам со лидерите на големите земји, големите нуклеарни сили? Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун од Северна Кореја“, рече Трамп. Тој додаде дека е добро да се има договор со некој што има „112 нуклеарни ракети“. Тој се сретнал со севернокорејскиот лидер три пати Трамп потврди во август дека се надева дека ќе се сретне со Ким подоцна оваа година, што дополнително ги разгоре шпекулациите дека можеби ќе се обиде да ја обнови нивната лична дипломатија, што досега резултираше со три билатерални средби: првата во Сингапур во јуни 2018 година, втората во Ханој во февруари 2019 година и најновата во селото Панмунџом на меѓукорејската граница во јуни 2019 година. Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, во петокот изјави дека Трамп не ги смета разговорите со Северна Кореја за „отстапка“ и е подготвен да разговара со Пјонгјанг ако тоа е во интерес на САД. Најновите изјави на Трамп доаѓаат во време кога Северна Кореја продолжува да ги отфрла повиците за денуклеаризација и инсистира дека нејзиниот статус како нуклеарна држава е „неповратен“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter