НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
1НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
МакедонијаСо сослушување сведок и вешти лица продолжи судењето во Велес за опожарената куќа во КапиновоСо сослушување сведок и вешти лица, денеска продолжи судењето во Велес за опожарена куќа во село Капиново, општина Чашка.Седумдесет и петгодишниот сведок Божидар Арсовски од село Нежилово, општина Чашка, рече дека еден од обвинетите го познава. Се враќал од болница во Скопје и си одел накај Нежилово, кога видел дека чади куќата. Рече дека го познавал таткото на оштетениот Давид Јорданов, а него, не толку добро. -Контактирав преку телефон со луѓе од село Нежилово и дојдов до сознание дека човекот е жив. Мислам на Игор Јорданов. Прашав некој од присутните дали е пријавено во полиција, ми рекоа дека не е пријавено и како граѓанин пријавив во полиција. Им кажав дека куќата е изгорена и не е потребно противпожарно возило, сведочеше Арсовски. Вештото лице во областа на градежништвото, Стојан Србиноски, од Скопје, изјави дека по наредба на јавен обвинител од негова страна било спроведено вештачење во врска со градежната вредност на опожарената куќа. Сведочеше и вештото лице Јордан Ставревски, од Велес кој кажа дека по наредба на јавен обвинител спровел вештачење за да се утврди економската вредност на предметите што биле во опожарениот објект. На предлог на јавната обвинителка Славица Темелковски, што беше прифатен од одбраната, Судот донесе решение во својство на сведок на главната расправа да биде сослушан Сашо Муневски од Прилеп. Муневски во раздвоена постапка е осуден со правосилна пресуда на овој суд, на седум години затвор и во моментов извршува казна затвор во КПУ Затвор - Прилеп. Јавната обвинителка Темелковски во воведниот говор во судницата на првото рочиште кажа дека на 10 мај 2025 година, оштетениот Давид, околу 10 часот, добил повик од татко си и дознал дека во пожар е сосема уништена куќата во која тие вложиле средства за изградба и за опремување. -Обвинетите се овде за да објаснат од кои причини решиле на некого, да му го уништат она, во што вложил дел од себеси. Едноставно, тие тројца се договориле да дојдат и да го предизвикаат пожарот што ќе ја уништи целокупната куќа. Муневски и Димески дошле од Прилеп во Ореше, за да го земат оттаму Ѓоре и продолжиле кон село Нежилово, поточно во место викано Капиново. Ниту Сашо, ниту Даниел, знаеле каде одат, Ѓоре бил тука за да им го покаже патот и за да им ја покаже куќата што, според нив, требало да биде опожарена. Сашо и Даниел влегуваат во дворот од куќата навалувајќи ја плетената жичана и декорирана со трски ограда. Влегуваат во куќата, Сашо со запалива течност во туба, прска по подот на куќата и со запалка ја запалува. Тие веднаш бегаат од местото на настанот, одат до возилото каде што ги чека обвинетиот Ѓоре заедно со таксистот и како ништо да не се случило, продолжуваат дома, појасни Темелковски тогаш. Обвинетиот Муневски изјави дека чувствува вина и дека се кае за стореното и се извини на оштетениот за запалената куќа во село Капиново. Другите дваца обвинети Ѓоре Петровски и Даниел Димески рекоа дека разбрале за што се обвинети, но, оти не се чувствуваат виновни. Претходно, полномошникот на оштетениот, адвокатката Стојковска Палевска, во судница рече да се има предвид дека не е изгорена само куќа, туку и изгорен и уништен е дом на едно семејство. Нешто, што, освен материјална, има и сериозна емотивна вредност. Наредното рочиште е закажано за 2 март. Тагови: пожар Капиново Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаНБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонесиНародната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката. Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа. Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРепубликанците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец. Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски. Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива. Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаПродолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим БајрамиДенеска продолжува рочиштето за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали. Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра. Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра. На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.Тагови: Државна лотарија Артан Груби Основен кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook