Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев - Канал 5

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев

Пред Судот беа сослушани двајца оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија на Клиниката за онкологија. 

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.

Пред Судот беа сослушани двајца оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија на Клиниката за онкологија.

Прва беше сослушана мајка на почината пациентка, која се лекувала кај Нино Васев и Мери Пешевска во 2017 година, а починала во 2021 година. Таа бараше да не биде сослушана пред првообвинетиот, по што на барање на Обвинителството Нино Васев беше отстранет од судница.

Нејзината ќерка, како што рече сведокот, била лекувана за паразити, а имала метастази на мозокот, пиела антибиотици и примала терапија ампули Фазлодекс по 500 мл.

- Имавме конфликти и расправии со Нино Васев, за што малку фалеше да дојде до полиција. Еднаш доаѓа неговиот медицински брат и носи кутија со ампули. Требаше две по 250 мл, но фалеше една ампула и јас почнав да викам, се собраа персонал и пациенти и дојде и Нино Васев. Му изнакажав сешто. Од секоја кутија ваделе по една ампула. Од таа кутија уништил уште еден живот. На сите им давале по една. Сите му веруваа, тој беше слаткоречив. По саат и половина ја прими другата ампула. Ова е само еден случај, изјави сведокот.

Друга ситуација, кога нејзината ќерка требала да прима терапија, за која ден претходно телефонски и рекле да дојде, кога дошле, и рекле дека нема ампули.

- Тој тогаш извади една ампула од неговиот ранец. Јас му реков не ја примам, таа којзнае колку е стоена таму, а знаете дека треба да се чува во ладен транспорт. Ми вика, што сакаш повеќе ти, оди жали се кај министерот. Му реков не станувам од овде додека не ми извадите ампула од фрижидерот. Така паднаа некои неубави зборови и од негова и моја страна. И виде, не виде, стана и ми извади ампула од фрижидерот и ја ставив во ладниот транспорт, изјави сведокот.

Во април 2021 ќерка и се пожалила дека и лошо, по што правеле магнетна резонанца. Сите ја убедувале дека се паразити. Резултатите ги дале на повеќе доктори, само еден доктор рече дека се метастази, по што ги пратиле во Турција, каде и рекле дека мора итно да замине на лекување .

Во мај 2021 година била на лекување во Турција, каде и правеле пет зрачења, по што од седум, биле повлечени шест метастази на мозокот. Кога се вратиле нејзината состојба нагло се влошила.

-После неколку дена отидовме кај Нино Васев. Тој ништо не и даде од сета терапија што требаше да ја прима. Зомета требаше да прима пет години, она примаше само една. Примаше само некои апчиња, витаминска терапија. 27 јуни веќе бевме во болница, состојбата многу и се влоши. И направивме крвна анализа на приватно, ми рекоа дека и откажува јетрата, од многу терапија. Јас тоа го кажувам на докторот, по мое барање да дојде да ја види. Ми вика немојте да се секирате, тоа е реакција. И си замина. Нејзината состојба се влоши и на 7 јули си замина. Васев и Мери не дојдоа да ја видат. Таа треба до него да седи, а не таа условно да биде казнета, изјави сведокот.

Сведокот рече дека се приклучува на кривичниот прогон, а за барање за оштета навремено ќе го извести Судот.

Нино Васев, откако му беше прочитан исказот на сведокот, пред Судот рече дека не би сакал да се брани за напад на мајка на пациентка, посочувајќи дека 35 години лекува, и знае дека е тешко и затоа и имам основано психолошка поддршка.

Пациентката, како што рече Васев, дошла на лекување на Клиниката со метастатско лекување, каде успешноста е 10 до 15 проценти.

-Имаме вештачење за пациентот како е лекувана. Со мој потпис на три месеци пред крај на трошок на фондот е пратена на лекување во Турција, зошто тука нема услови за таква терапија. За паразити, јас првпат слушам. Мене ми е жал. Сме се обиделе се дадеме што имаме во моментот и да немало, за млада пациентка за ден два кога ќе дојде ќе дадеме, изјави Васев.

Одбраната на Васев, реагираше дека Судот треба да спречи во иднина вакви сведоци, каде јасно се гледа дека се скарани и имаат нарушени односи.

Вториот сведок, син на пациентка која се лекувала на Клиниката, рече дека на почетокот кога почнала да ја прима терапијата кога и била констатира болеста 2010 година имала многу подобрување, но од 2017 година здравјето почнало да и опаѓа и не се чувствувала добро.

- Нешто да се жали на лекарите, јас не сум знаел. Нешто посебни да се жали мајка ми од Онкологија не, изјави сведокот.

Сведокот рече дека не бара отштета и не се приклучува на кривичен прогон.

Судењето го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска.

Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и продолжува на 22 јануари со сослушување на сведоци.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, заедно со уште двајца онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката започна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина пред Судот, по што Судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба. Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер