ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
1ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
1Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ЖивотСо рибарска трска во лов на кокаин (видео)Необичен начин да се прошверцува дрога во лондонскиот затвор. Безбедносните камери регистрираа маж, кој со помош на рибарска трска, испружена од затворска ќелија, успеа на затвореници да им достави торба со повеќе намирници. Освен кокаин, канабис и шише вотка, во торбата прицврстена на рибарскиот конец, биле пронајдени и нож, хамбургер и киндер јајце. Полицајците во затворот Вормвуд Скрабс брзо реагирале и го осуетиле планот. Фатен бил и доставувачот, кому му се заканува затвор од една година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 09.11.2026 до 13.11.2026 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 51 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМинистерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“.Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ што се одржа од 13 до 15 ноември во спортската сала „Расадник“ во Скопје во организација на Македонската боксерска федерација со поддршка од Министерството за спорт. Ристовски упати честитки за финалистите и за сите учесници на традиционалниот турнир и ја истакна важноста што има оваа спортска манифестација за македонското борење и за македонскиот спорт во изминатите пет и пол децении. На годинешното јубилејно издание на „Златен гонг“ настапија 89 боксери од 20 земји. Победничкиот пехар на јубилејното 55.издание на „Златен гонг“ му припадна на украинскиот боксер Јуриј Захариев. Во женска конкуренција најуспешна беше Шпанката Лаура Галино Лопез, додека признанието за најдобар македонски боксер го доби Алин Нусуфи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Савески, до каде е кривичната пријава против Славески за Алта банка?Времето поминува а обвинителството молчи за Кривичната пријава поднесена од СДСМ за Алта банка.Обвинителот Ненад Савески има обврска пред граѓаните да одговори: до каде е постапувањето по кривичната пријава против Трајко Славески и другите одговорни лица во Народната банка за Алта банка? Дали е оформен предмет? Дали е определен обвинител што постапува? Кои дејствија се преземени? Кривичната пријава е темелна, опширна и со конкретни правни аспекти и основани сомневања за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување. Трајко Славески е директно одговорен, тој ја даде дозволата и како што самиот призна во координација со Мицкоски ја донесоа пералницата на Вучиќ, криминалната Алта банка во Македонија. Луѓето сега не можат да дојдат до своите пари, пензионерите до своите пензии, загрозен е и банкарскиот систем. Обвинителството мора бргу да реагира за да спречи уништување на докази, заташкување, криење на сметки и трансакции. СДСМ веќе побара да се преземат законски мерки за заштита на доказите и спречување евентуално влијание врз сведоците, вклучително и да се побара привремена забрана за вршење на должноста на Славески. Што е преземено од страна на Обвинителството? Ниту една функција не смее да биде штит од одговорност. Обвинителството не смее да биде последната линија на одбрана на власта. Савески, јавноста очекува одговор: до каде е кривичната пријава за Алта банка? Скопје, 16.13.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook