Со распит на градежните вештаци продолжи судењето за пожарот во „Пулс“ - Канал 5

Со распит на градежните вештаци продолжи судењето за пожарот во „Пулс“

На местото каде што функционираше дискотеката „Пулс“ во Кочани никогаш не била дозволена пренамена од индустриски во угостителски објект, истакна денеска вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ во судницата во затворот „Идризово“.

Со распит на градежните вештаци продолжи судењето за пожарот во „Пулс“

На местото каде што функционираше дискотеката „Пулс“ во Кочани никогаш не била дозволена пренамена од индустриски во угостителски објект, истакна денеска вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ во судницата во затворот „Идризово“, во рамки на судењето за трагичниот пожар во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Според градежното вештачење, зоната Г10 во Кочани уште од 1998 година е исклучиво наменета за лесна индустрија и мало стопанство. Во урбанистичко-планската документација на Градот Кочани и согласно Законот за градење, на таа локација не е предвидено вршење угостителска дејност.

-Според Урбанистичкиот план од 2013 година, на таа локација не била предвидена намената Б3 за големи угостителски објекти. Легалниот пат бил инвеститорот да побара измена на ДУП или да изработи проект за пренамена со сите технички и безбедносни услови. Наместо да избере една од овие две легални можности, инвеститорот се одлучува да изврши нелегална пренамена на дел од објектот, постапувајќи спротивно на ДУП-от и регулативата, рече Трпчевска Ангелковиќ.

Според изнесените детали од вештачењето, објектот каде што била сместена дискотеката се состои од две згради, првата изградена во 1998 година со соодветно одобрение за деловно-производно-продажен објект и втората изградена без одобрение за градење, а легализирана во 2011 година за лесна и незагадувачка индустрија.

Иако во 2012 година објектот се користел согласно намената од Деталниот урбанистички план (ДУП), истата година инвеститорот почнал дел од просторот неовластено да го користи како дискотека/кабаре.

На прашањето за одговорноста на општинските служби, вештакот нагласи дека градежната инспекција имала законска обврска и овластување да интервенира, без разлика дали за објектот била издадена лиценца за работа.

-Реакцијата би била преку надлежните служби. Тоа се инспекциските служби, кои доколку констатираат дека на некој објект е извршена нелегална пренамена имаат право на сопственикот да му наложат да го врати објектот во првобитната состојба, појасни вештакот- Душица Трпчевска Ангелковиќ.

.На минатото рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, изјави дека градежното вештачење недвосмислено покажало дека во „Пулс", системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале и не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите.

Со сослушувањето на вештакот завршува изведувањето на доказите од страна на Обвинителството во овој судски процес, кој го води судијката Дијана Груевска-Илиевска со тим од 15 јавни обвинители.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише.

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумите

Белата куќаго отвори својот онлајн стриминг канал „Трамп ТВ“ откако ескалираше нејзиниот спор со главните американски медиумски куќи.

Белата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумите

Каналот започна да се емитува синоќа, првично емитувајќи говори на Трамп и снимки од американски воени вежби.

„Емитувањето ќе оди 24 часа на ден, со минати моменти, најави и со најновите и најдобри информации од администрацијата, сè на едно место“, соопшти Белата куќа.

Лансирањето на „Трамп ТВ“ следува откако Трамп во петокот објави дека им забранува пристап до Белата Куќа на новинарите од телевизиите „Си-Ен-Ен“ и „Ем-Ес Нау“ и од сајтот „Политико“. Тој ги обвини медиумите за ширење лажни вести, но и дека не известуваат доволно за неговите постигнувања.

Трите медиуми вчера поднесоа тужба против администрацијата, велејќи дека нејзините постапки ги загрозуваат слободата на медиумите и правото на јавноста на независно новинарство. Други големи американски ТВ-мрежи и весници одговорија со намалување на нивното известување за претседателот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Победата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за закана

Израелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, предупреди на непосредна егзистенцијална закана за еврејската заедница во Берлин откако крајнолевичарската партија Левица победи на регионалните избори во германскиот главен град.

Победата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за закана

Тој кажа дека Левица, наследничка на комунистичката партија што владееше со поранешна источна Германија, покажала „апсолутно неконтролиран антисемитизам“.

„ За еврејската заедница во Берлин, теоретската закана станува конкретна и непосредна егзистенцијална опасност“, рече Просор.

Со победата на Левица, нејзината водечка кандидатка, 45-годишната Елиф Ералп, би можела да стане првата градоначалничка на Берлин од редовите на оваа партија и прва со турско потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер