Со просење заработува 50 000 фунти годишно и живее во стан вреден 300 000 фунти! - Канал 5

Со просење заработува 50 000 фунти годишно и живее во стан вреден 300 000 фунти!

Ова е Сајмон Рајт, човек кој се претставувал како бездомник и успевал да испроси пари од луѓето во имотното предградие на Лондон до таа мерка, што годишната сума надминала 50 000 фунти!

Со просење заработува 50 000 фунти годишно и живее во стан вреден 300 000 фунти!
YouTube video


Она што луѓето кои му давале пари не го знаеле за Сајмон е дека живее во стан вреден 300 000 фунти во кој деноноќно се опива, пушта гласна музика и се кара со соседите ако се побунат. Станот го добил во рамките на акцијата на градоначалникот на Лондон бездомниците да се тргнат од улица.

Сајмон секојдневно проси по 8 часа, со натпис “бездомник и гладен“ , а дневната „заработка“ му е од 250 до 350 евра!

Откако се открила приказната на Сајмон судот му забранил да проси 2 години, а доколку ја прекрши забраната ќе оди во затвор на 5 години.

Тој потекнува од добро семејство од каде избегал во тинејџерските години. Неговата мајка вели дека со него била особено блиска, но потоа почнал со дрога и алкохол. таа сепак нема да му го одземе правото на наследство. Кога и ја покажале скликата од Сајмон, најмногу се изненадила од неговиот пропаднат изглед. Тој има смао 37 години, но не изгледа така!








Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласи Нетанјаху: Израел потврди ликвидирање на висок функционер на Хамас

Израелската војска (ИДФ) и безбедносната служба Шин Бет го убија Наим Абу Нахел, шефот на внатрешната безбедносна служба на Хамас во Појасот Газа, потврдија во вторник израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац.

Се огласи Нетанјаху: Израел потврди ликвидирање на висок функционер на Хамас

Убиството на Нахел се случува три месеци откако израелските сили го заробија неговиот претходник во операција што Нетанјаху и Кац ја опишаа како смел потег.

Двајцата ги пофалија безбедносните сили на Израел за спроведувањето на офанзивната политика на владата против терористичките организации.

„Ја пофалуваме израелската војска и Шин Бет за спроведувањето на офанзивната политика на нашата влада“, рекоа Нетанјаху и Кац.

„Ниеден терорист нема да избега од долгата рака на Државата Израел“, додадоа тие.

Израелската армија и Шин Бет ги напаѓаат високите команданти на Хамас во Газа

Минатата недела, израелската армија и Шин Бет објавија дека во воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа е убиен Самир Махмуд Хасан Абу Јунис, командант на бригадата Рафа на Хамас.

Тој беше на функцијата само два месеци, откако неговиот претходник, Наел Абу Убаид, беше убиен во септември.

Три дена претходно, израелската армија и Шин Бет извршија напад врз Халед Сулејман Абу Анза, ​​командант на бригадата Кан Јунис на Хамас, во комплексот на болницата Насер во Кан Јунис.

Според разузнавачките информации што доведоа до нападот, Хамас го користел болничкиот комплекс како штаб за планирање и извршување терористички напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бизнис од 41 милијарда долари: Француски фармацевтски гигант презема американски производител на лекови

Француската фармацевтска компанија „Санофи“соопшти дека постигнала договор за купување на американската биотехнолошка компанија „Инсмед“ за 41 милијарда долари.

Бизнис од 41 милијарда долари: Француски фармацевтски гигант презема американски производител на лекови

Француската фармацевтска компанија „Санофи“соопшти дека постигнала договор за купување на американската биотехнолошка компанија „Инсмед“ за 41 милијарда долари, што е нејзино најголемо аквизиција во последните две децении и клучен дел од нејзината стратегија за наоѓање нови извори на раст.

„Санофи“ понуди 175 долари по акција за „Инсмед“, премија од околу 17,5 проценти во однос на последната цена на затворање на берзата на компанијата пред објавувањето на понудата, објави „Ројтерс“.

Француската компанија планира да ја финансира трансакцијата со комбинација од долг и готовина.

„Инсмед“ е специјализирана за лекови за лекување на респираторни заболувања, проширувајќи го присуството на „Санофи“ во нови терапии.

Аквизицијата е голем потег на новиот извршен директор на „Санофи“, Белен Гарихо, која ја презеде функцијата во мај и е задолжена да ја зајакне нејзината програма за развој на лекови и да го запре падот на цената на акциите на компанијата.

Откако ја презеде функцијата во „Санофи“, „Гарихо“ започна стратешки преглед на бизнисот, го промени составот на извршниот одбор и ја прошири соработката со американската компанија „Реџенерон“, вклучително и договор за решавање на претходни судски спорови.

Аквизицијата на Инсмед претставува најголем чекор досега во нејзините напори да го промени правецот на француската фармацевтска група.

Инвеститорите реагираа позитивно на објавата за аквизицијата, а акциите на Санофи денес пораснаа за околу шест проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тоти низ солзи си ја отвори душата- сопругата го оставила, Рома го издала, татко му починал (ВИДЕО)

Легендарниот Франческо Тоти се претстави во верзија каква што публиката никогаш порано немала можност да ја види, низ разговор исполнет со иронија и длабоки емоции, искрени солзи и смеа, откри бројни непознати детали за себе.

Тоти низ солзи си ја отвори душата- сопругата го оставила, Рома го издала, татко му починал (ВИДЕО)

Во емисијата „Белве“, која се емитува вечерва, 24 ноември, на каналот Раи 2, Франческа Фанџани разговара со легендата на Рома за различни периоди од неговиот приватен и професионален живот.

Тоти зборуваше за болниот крај на неговата врска со Илари Бласи, неговата нова љубов со Ноеми Боки и можните идни одлуки со неа, неговото семејство, неговиот комплициран однос со неговите деца, емотивните спомени од неговиот татко, разочарувањата и неговото збогување со фудбалот.

- Кога ќе се осврнете денес, дали мислите дека некој ја искористил вашата позиција кога бевте на врвот на вашата кариера? - го праша водителот.

- Луѓе од кои никогаш не би го очекувале тоа, членови на семејството, пријатели, роднини... Многумина ме искористија. Со текот на времето, патиштата се разделуваат и сфаќате што навистина се случило. Да можев да го вратам времето, не би ги повторувал истите работи - откри Тоти.

Емотивен за својот татко и неговиот однос со децата

Тоти се сети на својот татко на особено емотивен начин, признавајќи дека никогаш не му кажал колку го сака.

- Никогаш не му кажав: Те сакам - рече тој со солзи во очите.

- Што ти недостига најмногу? - го праша Фанџани.

- Прегратка. Постојат работи што не ги правиш, а кога ќе ги изгубиш луѓето кои се центар на сè, се чувствуваш изгубено и осамено. Без него, сè е поинаку. Денес си велам дека бев глупав што не го направив тоа. За жал, ја правам истата грешка со моите деца. Знам дека грешам - искрено рече легендарниот фудбалер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер