Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
ЗабаваСо програмата „Паралели“ почнува 20. Танц-фест Скопје 2024 Со изведба на програмата „Паралели“ во Националната опера и балет вечер во 20 часот почнува јубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц-фест Скопје 2024. Фествалското мото е „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“. Програмата „Паралели“ ја означува соработката на фестивалот и Националната опера и балет и опфаќа три современи кореографии на домашни автори. - „Паралели“ претставува една парабола која го поврзува Националниот балет со современата танцова сцена. Таа е од големо значење и преставува сведоштво за имплементирање на модерниот израз во балетот врзан исклучиво за македонски кореографи. Развојот на македонските кореографи обединет во едно, се годинешниве „Паралели“, вели уметничкиот раководител на Националниот балет, кореографката Олга Панго, чија претстава, современиот балет „Госпоѓиците од Авињон вечер ќе го отвори фестивалот. -Претставата е една од најзабележителните продукции на рецентната македонска балетска сцена, чии автори се Калиопи (музика), Олга Панго (кореографија), Сашо Димоски (либрето), Валентин Светозарев (сценографија) и Раде Василев (костимографија), ја имаше својата премиера на 9.3.2021 година, а покрај редовните изведби на репертоарот на НОБ, во изминативе неколку години претставата гостувала во Народно Позориште Белград, Пловдивската опера, Софискиот музикален театар, Народно позориште Сараево, била изведена на фестивалот „Охридско лето“, како и на сцените во Велес, Куманово и Битола. Покрај исклучителната авторска екипа, во балетската деконструкција/коментар на познатата слика на Пабло Пикасо учествуваат балетските уметници од НОБ: Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова, Саша Евтимова, Ивана Коцевска, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаш Лочеј, Ендру Кук и Агим Бафтии, информира прес-службата на Танц-Фест Скопје. На програмата „Паралели“ во рамки на фестивалот Танц Фест Скопје 2024 следуваат претставите „Сага“ на кореографката Рисима Рисимкин, со музика на Тони Китановски, сценографија на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, а на 23 април на сцената на НОБ ќе биде изведен балетскиот триптих, чиј идеен творец е костимографот Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џеперавоска, а кореографиите се на Ивана Коцевска, музика на Дарија Андоновска, Адријана Данчевска, Александар Гроздановски, Саша Ефтимова и Александар Пејовски. Фестивалот ќе има одбележување на јубилејот на 30 април на сцената на МНТ, а се затвора со светската кореографска ѕвезда Мурад Мерзуки на 17 мај на сцената на Македонскиот народен театар. Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Австриската амбасада во Скопје и приватни фирми, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ и Националната галерија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Супа од тикваВо понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.Состојки за денешниот рецепт: 1 помека тиква 2 главици кромид 2 моркови 4 чешниња лук 1 парче сирење 400 гр. шманд или кисела павлака 100 гр. печени семки 100 мл. маслиново масло 2 големи лажици сув зачин 2 големи лажици куркума Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter