О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден
2О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден
3Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите
КултураСо претставата „Вујко Вања“ вечер завршува 62. издание на фестивалот „Охридско лето“Со претставата „Вујко Вања“ во изведба на Југословенски драмски театар, а во режија на Егон Савин вечер на сцената на Антички ќе биде спуштена завесата на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“.„Вујко Вања“, како што забележа денеска на прес-конференција селекторката на драмскиот дел од Фестивалската програма Сања Арсовска, е уште едно дело кое зборува за емотивните фрустрации, несреќните љубови и за немоќта да се вратат и поправат работите, кои донеле до некое емотивно мртвило и автодеструкција. – Сведочејќи на целиот емотивен хаос и една колективна хистерија во која владее некако да се има Чехов во тетатрската програма на фестивалот си дојде природно, затоа што Чехов претставува еден вектор кој ја одредува количината на несреќа и квалитетот на болка и никој како него не може да го опише тој жеден мазохист за страдање, кој се наоѓа во нашите мали, бедни и промашени животи, како и оној порив да се направи нешто, да се тргне некаде, а без притоа да се направи ниту еден чекор, истакна Арсовска. За режисерот Егон Савин, Чехов е најсуптилен меѓу писателите за театар. – Чехов од некои причини, е писател за човечката интима и тешко е да се игра на големи сцени и на отворен простор зашто тој во својата природа е камерен писател и неспоредливо е важна импресијата од експресијата. Веруваме дека сме направиле добра претстава и ќе вложиме огромен напор да го совладаме огромниот атрактивен простор на Античкиот театар и да се обидеме да го доловиме тој интимен свет, приказната за малите промашени луѓе кои чувствуваат празнина, рече Савин. Директорката на Југословенскиот народен театар Белград, Тамара Вучковиќ Манојловиќ посочи дека институцијата настанала во 1947 година со идеја да ги собере на едно место најдобрите уметници од целата земја, она што денес го велиме цел регион и тоа е континуитет до денес. Тоа го потврдува работата на повеќе македонски режисери меѓу кои Слободан Унковски, Александар Поповски, Дејан Дуковски, Горан Стефановски, како и бројни други уметници од целиот регион. -Она што беше идеја на Југословенскиот драмски театар има сериозен континуитет во меѓународната соработка, учествува на фестивали ширум светот и разменува претстави со театарски куќи од целиот свет, од Јужна Америка преку Европа, Русија, до Кина. Она што е исто така важно да се каже, е дека Егон Савин е еден од најеминентните режисери кој работи во целиот регион и редовно во Југословенскиот народен театар, истакна Вучковиќ Манојловиќ. Директорката на националната установа „Охридско лето“ изрази задоволство, за, како што рече, уште едно успешно реализирано Фестивалско издание. – Реализиравме фестивалско издание кое ги задоволи вкусовите и на најпребирливата публика. На сцените на Античкиот театар, црквата Св.Софија, Предворјето на Св. Софија, Долни Сарај и Центарот за култура со одржаа 36 концерти, девет театарски претстави и шест настани во дополнителната програма. Настани кои беа проследени од над 20 илјадна публика која уживаше во секоја една вечер, истакна Поповиќ. Низ 40-те Фестивалски денови, додаде, можеше да се видат големи музички ѕвезди, врвни театарски престави, премиери, настани за кои се бараше карта повеќе но и гости од целиот свет. Бевме сцена на која се прикажаа многу новитети во третманот на уметноста, во новите естетики, во новите видувања на уметничките дела. – Позитивната критика и задоволството што го искажаа уметниците за беспрекорната организација не прави горди но и не обврзува секоја следна година да ги подобруваме условите за нивниот настап. Во таа насока веднаш по завршувањето на ова Охридско лето започнуваме со подготовка на програмата за 63-то издание за кое можам да најавам многу новини, многу славни имиња а веќе се договорени и неколку копродукциски проекти. Ваквата соработка ќе овозможи подобро наше претставување на светската културна сцена, забележа директорката. И селекторките на музичкиот и драмскиот дел од програмата Бисера Чадлоска и Сања Арсовска се задоволни од изборот, посетеноста на настаните, но и позитивната критика од публиката и уметниците. – Се радувам што имавме задоволна публика и на одзивот на уметниците, кои беа присутни на Фестивалот. После секој концерт во разговор со нив тие беа импресионирани прво од градот, беа презадоволни од приемот. Тие што доаѓаат прв пат не веруваа дека ќе налетаат на ваква убавина. Тоа само ги инспирираше да направат поубав настап. Пресреќна сум што имавме успешно издание оваа година, нагласи Чадлоска. Нагласи дека е посебно горда на нашите македонски уметници, кои се покажаа во најдобро светло и докажаа дека можат да се носат рамо до рамо со сите светски музичари на ова време, а инпресионирана била и од квалитетот на гудачките квартети, како и пијанистите што настапија на ова фестивалско издание. За драмскиот дел од програмата, селекторката Арсовска, ја радува големата посетеност и како што рече тоа и дава еден порив, желба силна за следната година да имаме уште поголема и подобра програма. Понесени од позитивната критика, директорката и двете селекторки ветија дека веднаш ќе почнат со подготовка на 63. „Охридско лето“, со цел, како што подвлекоа, да се надминат себеси и да направат уште подобро фестивалско издание На 62. издание на фестивалот „Охридско лето“ учествуваа над 1.000 уметници од 25 земји Србија, Чешка, Либан, Италија, Словенија , Полска , Франција, Албанија , Аргентина, Турција, Израел, САД, Унгарија, Украина, Шпанија, Австрија, Црна Гора, Грција, Косово, Велика Британија, Германија, Азербејџан, Кина, Шведска и секако уметници од Република Македонија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРекордни цени на горивото во САД за Денот на благодарностаАмериканците кои патуваат за утрешната прослава на Денот на благодарноста ќе се соочат не само со лоши временски прогнози, туку и со високи цени на горивото – последица од војната во Иран.Проценките на „GasBuddy“ покажуваат дека во текот на петдневниот празничен период, кој завршува во недела, возачите ќе потрошат приближно 980 милиони долари повеќе за гориво отколку минатата година. Како резултат на тоа, овогодинешниот Ден на благодарноста би можел да го надмине рекордот поставен за време на администрацијата на Бајден, станувајќи најскапиот во историјата во однос на трошоците за гориво, пренесува Си-Ен-Ен. Значително повисоки цени на горивото Во вторникот, националната просечна цена за галон обичен бензин изнесуваше 3,62 долари. Ова е значително повисоко од 3,03 долари, колку што беше забележано минатата година, и малку го надминува претходниот рекорд од 3,59 долари, поставен пред четири години по руската инвазија врз Украина. Сепак, има и добри вести: цените на горивото нагло паднаа во последните недели. Анализата на податоците од ААА, спроведена од Си-Ен-Ен, покажува дека просечната цена на бензинот паднала за 56 центи во текот на првите 24 дена од ноември – што претставува најголем пад некогаш забележан за овој период. „Никој сè уште не треба да отвора шампањ“, изјави Патрик Де Хан, раководител за анализа на нафтениот пазар во „GasBuddy“. „Во секоја поединечна сојузна држава, луѓето сè уште трошат повеќе за гориво отколку минатата година – дури и во државите што привремено ги укинаа даноците на горивото.“ Овие невообичаено високи цени можеби ќе одвратат дел од Американците од патување. „ААА“ предвидува дека 72,9 милиони луѓе ќе патуваат со автомобил, што претставува благ пад во споредба со 73,1 милион луѓе минатата година. Во соопштение, „ААА“ објаснува дека овој пад од 200.000 патници делумно се должи на рекордно високите цени на горивото, при што се напоменува дека во текот на август, септември и октомври на бензинските пумпи биле забележани нови месечни рекорди. It’s that time of year: There’s heavy traffic on the 405 Freeway as Southern Californians head to their Thanksgiving destinations. https://t.co/mGWekhVHle — ABC7 Eyewitness News (@ABC7) November 25, 2026 Неодамнешен пад Иако цените остануваат блиску до историски највисоките нивоа, Белата куќа го истакнува неодамнешниот пад како свој успех. „Токму како што предвиде претседателот Доналд Џ. Трамп, цените на горивата паѓаат, а американските семејства добиваат олеснување токму навреме за Денот на благодарноста“, соопшти Белата куќа во вторникот. Ситуацијата навистина е подобра отколку што беше пред неколку месеци. Според проценките на „GasBuddy“, Американците заштедуваат 1,3 милијарди долари на гориво во споредба со минатиот месец. Постојат неколку клучни причини за овој пад. Цените на нафтата паднаа бидејќи конфликтот поврзан со Иран не ескалираше до степенот од кој се стравуваше. Оперативните проблеми во рафинериите, кои се појавија оваа есен, се главно решени, а побарувачката за бензин бележи сезонски пад како што деновите стануваат пократки. Факторот Иран И покрај падот, цените на горивата остануваат многу високи за овој период од годината. Според проценките на Универзитетот „Браун“, Американците потрошиле дополнителни 165 милијарди долари на бензин и дизел откако кон крајот на февруари започна конфликтот поврзан со Иран – што изнесува речиси 1.300 долари по домаќинство. Главната непозната за понатамошниот развој на ситуацијата останува конфликтот во Иран. Трговците со енергенси очекуваа продолжување на отворените конфликти по изборите на средината на мандатот, но тоа досега не се случи. Сепак, „JPMorgan Chase“ во вторникот ги информираше своите клиенти дека воената ескалација е најголемиот ризик на кој треба да се внимава по изборите. Оваа банка од Волстрит предупредува дека ескалација би можела да се случи уште следниот месец, што би предизвикало остар скок на цените на нафтата. Од „JPMorgan“ проценуваат дека овој скок веројатно би бил од краткотраен карактер, но само под услов ескалацијата да не трае долго и во неа да не бидат вклучени копнени сили. Извор: Индекс.хрТагови: Бензин САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Џуд Белингем по сензационалниот погодок против ПСВ: „Ова е најдобриот гол во мојот живот“Љубителите на фудбалот синоќа на дуелот од 5 коло во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСВ видоа гол каков што ретко се гледа и постигнува на терените низ светот. Асот на европскиот великан, Реал Мадрид, Џуд Белингем, ги воодушеви навивачите со спектакуларен гол против ПСВ, со што ја потврди својата врвна форма. Англичанецот уште еднаш покажа дека е врвен играч. Во победата на неговиот тим од 5:1 против ПСВ, тој беше стрелец на вториот гол – еден од најубавите во неговата кариера, со кој му донесе водство на „кралскиот клуб“ во петтото коло од Лигата на шампионите. Џуд Белингем повторно покажа каков потег може да изведе за само неколку секунди. Играчот на Реал Мадрид се најде на вистинското место во вистинско време, а потоа следеше вистинска мајсторија. Топката стигна до него на околу дваесет метри од голот на противникот. Белингем прво ја смири со левата нога, ја префрли на другата, потоа ја крена во воздух и без двоумење шутираше на неочекуван начин – на момент изгледаше како да шутира со врвот на копачката, но всушност го направи тоа со горниот дел од стапалото, малку кон внатрешната страна. Jude Bellingham 🤯 what a goal 🔥🪄 https://t.co/5QGTsdnTCc — 🧱 (@Ah_3ig) November 24, 2026 По натпреварот, Белингем јасно стави до знаење каде го вбројува овој погодок, изјавувајќи: „Мислам дека ова е најдобриот гол во мојот живот“, рече гордо Белингем и додаде: „Обично моите голови се многу поблиску до голот, нели?“, се пошегува играчот на Реал.Тагови: Белингем Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба ИлинденОпштина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за развој на локалната економија. Во рамки на овие активности, заврши асфалтирањето на индустриската улица „Н10“, која се наоѓа во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден, во должина од над 300 метри со коловоз широк 6 метри и тротоар. „Со асфалтирањето на улицата „Н10“ значително се подобрува инфраструктурната поврзаност во економската зона, што е од особено значење за стопанските субјекти кои функционираат на ова подрачје. Новата улица ќе овозможи полесен пристап до деловните објекти, поефикасно одвивање на транспортот и подобри услови за секојдневно работење.“ – истакна градоначалникот Георгиевски, кој изврши увид во асфалтирањето. Реализацијата на овој проект претставува уште една инвестиција во унапредувањето на локалната патна инфраструктура и создавањето услови за понатамошен развој на локалната економија. Општина Илинден продолжува со континуирани вложувања во модерна и функционална инфраструктура, во насока на подобрување на условите за работа и развој на стопанството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter