Со претставата ,,Вистина или лага" се врати драмскиот аматеризам во Делчево - Канал 5

Со претставата ,,Вистина или лага" се врати драмскиот аматеризам во Делчево

Со изведба на театарската претстава „Вистина или лага", се „врати" драмскиот аматеризам во Делчево. 

Со претставата ,,Вистина или лага" се врати драмскиот аматеризам во Делчево

Претставата како што истакна директорот на делчевскиот центар за култура Методи Толевски, после подолг период е поддржана од Министерството за култура.

-Сигурно има седум до осум години откако публиката имаше можност да види театарска претстава подготвена од актери аматери. Министерството за култура ни излезе во пресрет и можам да кажам дека сум пресреќен, што на мала врата го враќаме драмскиот аматеризам во Делчево, рече Толевски.

Режисерот Маријана Стоименовска, додаде дека претставата била наменета за лицата со попреченост од Делчево.

-Во ова време невреме, сакавме малку да им дадеме силна насмевка на овие деца, како и на сите деца, бидејќи сите училишта на подолг период беа затворени и конкретно актерите кои се ученици имаа желба да направат нешто со своите активности, кои ги нарекуваме вон-наставни активности. Во договор со Центарот за култура кој ни излезе во пресрет, ова беше можност децата да покажат колку знаат и умеат, рече Стоименовска.

За учесниците во драмата, беше задоволство да се настапи пред делчевската публика.

-Јас ја глумев Ула, а со оваа претстава сакавме да покажеме колку треба да ја почитуваме традицијата, треба да бидеме и модерни, но секогаш да го почитуваме тоа што било пред нас, истакна Искра Ѓеоргиевска.

Драмската претстава „Вистина или лага" според планираното ќе биде прикажана и во Берово, Пехчево, Виница, Кочани и Македонска Каменица. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер, активни пожари има на осум места

Состојбата со пожари на отворен простор денеска е подобра во однос на вчера, но повторно досега има дваесетина пожари, од кои 8 се активни во овој момент, соопшти попладнево директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер, активни пожари има на осум места

Како најкомплексен пожар за гаснење останува пожарот во Студеничани, над селото Рамни Габер. Цел ден дејствуваат етракторите, значително е намален поголем дел од горните краци, но потребно е уште многу работа за истиот да биде изгаснат – вели Ангелов.

Пожар попладнево избил и во атарот на село Борино и село Житоше, во Крушево. Ангелов вели дека се работи за тешко пристапен терен и таму ќе биде упатен еден полициски хеликоптер кој набргу треба да започне со дејство, бидејќи во близина има непосреден извор за полнење на вода.

Сериозен пожар попладневo избил и во велешко – во селото Салм. Ангелов вели дека пожарникарите водат битка да го заштитат селото, но посочи дека верува во нив и очекува уште денеска да биде изгаснат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 21 век - Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална

Во Гостивар денеска видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица. Пијат вода пред камери. Велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“.

СДСМ: 21 век -  Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална

А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Над 5.000 заболени.Повеќе од 2.000 хоспитализирани луѓе.

Болницата во Гостивар е нефункционална.Пациенти се префрлани во Тетово.

И сега, кога конечно рекоа дека водата е чиста, наместо одговорност - циркус.

Наместо извинување - здравица. Наместо одговорност - ПР спектакл.

Во 21 век во европска држава политичари пијат вода пред камери за да докажат дека повеќе не е отруена. Тоа не е успех. Тоа е срам.

Гостивар не требаше да чека еден месец. Гостивар не требаше да добие три цистерни за цел град.

Гостивар не требаше да гледа како функционери се фалат со „вкусна вода“ откако илјадници луѓе завршија во болница.

Оваа Влада и Мицкоски го претворија здравствениот и хуманитарен скандал во театар.

Граѓаните не бараат здравица. Бараат одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај, заштита од пожари на отворено, заштита од кражби и измами и за спречување на семејно насилство

За време на активноста на граѓаните им беше укажано кога ги напуштаат своите возила да не оставаат вредни предмети на видно место за да не бидат цел на криминалците кои вршат тешки кражби од возила, како и да внимаваат на личните предмети кои ги нос

Превентивни активности за безбеден сообраќај, заштита од пожари на отворено, заштита од кражби и измами и за спречување на семејно насилство

Денеска (14.08.2026) во Неготино, Кавадарци, Штип и Кочани беа реализирани превентивни активности за безбеден сообраќај. Во Неготино спроведената активност беше на тема „Не заборавајте, сите сме пешаци“, во рамки на која на возачите им беше укажано да бидат одговорни во сообраќајот, особено да внимаваат пред обележан пешачки премин со цел да ги заштитат пешаците како најранлива категорија на учесници во сообраќајот. Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, пак, реализираа активност на тема „Последици од управување технички неисправно возило“, потенцирајќи им ја на возачите обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. Додека, пак, активностите во Штип и Кочани беа на тема „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. За време на активноста на возачите учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со корисни совети и им беше појаснета законската регулатива околу обврската која ја имаат како возачи возилата да бидат ги паркираат на соодветни одбележани места за да не го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

Во Градско, Делчево и во општина Зелениково, полициските службеници спроведоа превентивни активности за заштита од пожари, во рамки на кои ги советуваа граѓаните да бидат внимателни, со цел избегнување на опасноста од предизвикување на пожари на отворен простор во текот на летниот период и доколку забележат пожар да пријават на телефонскиот број 112.

Денеска, во Штип беше спроведена и превентивна активност на за заштита од кражби и измами. Во непосредни разговори на повозрасните лица-пензионери им беа поделени летоци со совети да внимаваат околу начините за препознавање на измами, како да се заштитат од кражби, а им беа појаснети и законските одредби, односно постапките што можат да се преземат за заштита од овие видови на имотни деликти.

Во Делчево беше реализирана и активност на тема „Не биди нем сведок“ и „Има помош за живот без насилство“. На средбите со граѓаните им беа давани совети за самозаштита и достапни упатства за помош и начините како да се препознае насилството, како и насоки за тоа што можат да сторат доколку се најдат во таква ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Особено беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, пред се точно и брзо пријавување на бројот 112.

Одделението за превенција при СВР Скопје на Меѓуградската автобуска станица во Скопје спроведе и превентивна активност под мотото „Секој може да биде жртва”. Основна цел беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. За време на активноста на граѓаните им беше укажано кога ги напуштаат своите возила да не оставаат вредни предмети на видно место за да не бидат цел на криминалците кои вршат тешки кражби од возила, како и да внимаваат на личните предмети кои ги носат со себе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер