Со премиера на „Падот на Масада“ на Драмски театар се заокружува програмата за 2023 година - Канал 5

Со премиера на „Падот на Масада“ на Драмски театар се заокружува програмата за 2023 година

Со премиерата на претставата „Падот на Масада“ на Драмски театар се заокружува програмата за 2023 година.

Со премиера на „Падот на Масада“ на Драмски театар се заокружува програмата за 2023 година

Драмски театар Скопје со премиерата на претставата „Падот на Масада“ ја заокружува својата продукција од Годишната програма за 2023 година.

Премиерата „Падот на Масада“ ја режираше режисерот Дејан Пројковски, на текст на авторот Венко Андоновски а ќе се изведе во четврток на 28 декември.

ПАДОТ НА МАСАДА“

Автор: Венко Андоновски

Режија: Дејан Пројковски

Асистент на режија: Дамјан Димовски

Сценографија: Валентин Светозарев

Костимографија: Валентин Светозарев

Музика: Горан Трајкоски

Улогите ги толкуваат актерите на ансамблот при Драмски театар Скопје: Јелена Жугиќ, Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Александар Степанулески

Драмски театар Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Центар ве поканува на врвна класична музика со Трио Аперто во Археолошкиот музеј

Со поддршка на Општина Центар, во среда, со почеток во 19 часот, во Националниот археолошки музеј ќе се одржи концерт на класична музика во изведба на Трио Аперто. Влезот е слободен.

Герасимовски: Центар ве поканува  на врвна класична музика со Трио Аперто во Археолошкиот музеј

Публиката ќе има можност да ужива во внимателно одбрана програма со композиции од Шостакович, Форе, Цанев, Дворжак, Светиев, Шнитке и други автори, кои ќе ги изведат тројца истакнати македонски уметници: Марина Трајковска (виолина), Момчило Куфојанакис (виолина) и Весна Ангелова Христов (пијано).

„Ги поканувам сите љубители на класичната музика да бидат дел од оваа музичка вечер исполнета со емоции, виртуозност и врвни музички остварувања. Продолжуваме да ја поддржуваме македонската културна сцена и да реализираме квалитетни културни настани достапни за сите граѓани“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Трио Аперто е една од ретките камерни формации во земјава составена од две виолини и пијано. Ансамблот има богата концертна дејност со бројни настапи низ Македонија и во странство и е препознатлив по своите интерпретации на дела од светската класична музика и современото македонско творештво.

Концертот е дел од програмата на Општина Центар за 2026 година, со кој воедно се одбележуваат 50 години од локалната самоуправа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шок во вооружените сили на Украина: Командант пронајден мртов

Командантот на 154-та посебна механизирана бригада на вооружените сили на Украина, полковник Володимир Олександрович Коноњков, е пронајден мртов со прострелна рана. 

Шок во вооружените сили на Украина: Командант пронајден мртов

Украинските власти започнаа истрага.

Командантот на 154-та Одделна Механизирана Бригада на Вооружените Сили на Украина, полковник Володимир Олександрович Коноников, беше пронајден мртов во неделата, соопштија украинските воени и полициски власти.

Околностите на неговата смрт засега се непознати и се под истрага.

„Во недела, на 28 јуни, командантот на 154-та Одделна Механизирана Бригада, полковник Володимир Олександрович Коноников, беше пронајден мртов. Околностите на смртта на офицерот се предмет на истрага“, се вели во соопштението.

Во истото соопштение се нагласува дека Коноников бил „офицер лојален на Украина и армијата, одговорен командант кој се грижел за своите луѓе и за потребите на единицата“.

Полицијата на Запорожјето потоа објави дека командантот на воена единица е пронајден мртов со прострелна рана. Иако неговото име не е официјално споменато, украински воени извори тврдат дека токму Коников, објавува „Киев Индепендент“.

Украинските власти сè уште не објавија дополнителни информации за околностите на смртта или за евентуалниот мотив. Познато е дека истражителите покренале кривична постапка според член 115 од Кривичниот законик на Украина, кој се однесува на убиство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.06.2026 до 26.06.2026 зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер