Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
2Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
КултураСо премиера на „Орестија" вечер ќе почне 18. ИФАД „Стоби"По двегодишна пауза, од вечерва до 17 август ќе се одржи 18. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби". Фестивалот ќе биде свечено отворен во 21 часот во Теодосијанската палата во Стоби со премиера на тричасовната претстава „Орестија" – копродукција меѓу велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот" и Националната опера и балет. Првпат на сцената во земјава се поставува „Орестија" на Есхил. Претставата ја потготвуваа четворица режисери, двајца кореографи, тројца композитори. Како што информира Сашо Димоски, селектор на фестивалот и в.д директор на велешкиот театар, претставата е изградена од четири претстави, оригиналните три трагедии, кои ја сочинуваат трилогијата, заедно со сатирската игра која била загубена. – За потребите на оваа продукција е реконструирана. Ја обновивме според нацртите кои ги имавме и таа е некој вид сврзно ткиво, кое ги поврзува трите трагедии во една целина, информира Димоски. Во претставата учествува и дел од хорот, дел од балетскиот ансамбл на НОБ, како и дел од актерите на велешки театар. Евица Тасеска-Каранфилова, програмски директор на НОБ, посочи дека се вклучиле во проектот иако драмата не им е основна форма на изразување. -Сепак, решивме да влеземе во експеримент и заедно со велешки театар да создадеме маркантно уметничко дело. Втора причина зошто учествуваме е да бидеме лидер во создавање меѓуинституционални соработки, за вака комплексни дела да бидат изведени и кај нас, појасни Тасесла-Каранфилова. „Орестија" ќе се одигра во локалитетот Стоби, на просторот од Теодосијанската палата, со присуство на 200 гледачи. Амфитеатарот и оваа година се реконструира, па поради безбедноста на гледачите, пронајден е алтернативен простор за претставата. Првиот дел на „Орестија" – „Агамемнон" е во режија на Александар Ивановски, музиката е на Калиопи Букле, вториот дел „Надгробно жртвување" е во режија на Ненад Витанов, музиката е на Енес Беговски, кореограф е Олга Панго. Третиот дел од трилогијата „Фури" е во режија на Софија Ристевска Петрушева, драматург е Билјана Крајчевска, кореограф Саша Ефтимова, избор на музика на Сашко Костов. Сатирската игра која ги поврзува трите трагедии е во режија на Дејан Дамјановски, драматург е Катерина Момева, кореограф Саша Ефтимова, изведувач на музиката во живо е Сашко Костов. Костимограф на сите четири дела е Раде Василев. Фестивалската програма на 18 ИФАД „Стоби 2021" предвидува двананесет настани кои ќе бидат реализирни на неколку локации. Официјалната селекција, под мотото „Нови ритуали", обединува шест претстави: освен вечерашната премиера на „Орестија" има и „Орестија 1/4″, дел од проектот „Chorus", продукција на МКЦ Скопје, „Протеј, парче сеќавање кое недостасува", исто така дел од меѓународниот проект „Chorus”, продукција на Театар Ам Ленд од Грац, Австрија, „Бахки, краток преглед на распадот" – продукција на НТ Битола, „Исмена", техничка копродукција на НТ „Џинот" од Велес; „Едип: коментари" – премиера на НУЦК „Ацо Шопов" од Штип. Фестивалот ќе биде затворен со претставата „Отело", копродукција меѓу „Перипетија", МНТ и НП Зеница која ќе биде изведена во чест на лауреатите. Селектор на годинешното издание на фестивалот е Сашо Димоски, директор на театарот „Ј.Х.К. Џинот". Гостите од Народно позориште од Бања Лука (БиХ) со претставата „Дервишот и смртта", го откажале во последен момент учеството поради ковид-состојбата. Покрај официјалната селекција, во рамки на годинашното издание на ИФАД „Стоби" ќе биде промовирана и фестивалската публикација „Нова античка драма", издание на „Полица", ќе биде поставена изложбата „Вита" од Филип Петковски, а во соработка со Кинотека на Македонија на паркингот кај велешкиот театарна отворено ќе биде прикажан циклус филмови на Бранко Гапо. Програмата на ИФАД „Стоби" годинава ќе се реализира на археолошкиот локалитет Стоби, во театарот „Ј.Х.К Џинот" во Велес и во „Шато Сопот". Интернационалниот фестивал на античка драма Стоби е дел од годишната програма за работа на Народниот театар Јордан Хаџи Константинов – Џинот, а покрај Министерството за култура и Општина Велес, фестивалот е помогнат и од компании. За разлика од досега, наградите за режија, претстава во целина и за машка и женска ролја нема да биде статуетка „Менада", туку по еден дијамант од „Божиновски" . За наградите ќе решава жири во состав: Васил Зафирчев, Кети Борисока – актери и Розе Трајчевска – костимограф. Билететите за изведбите на фестивалот се веќе во продажба на билетарницата на театрот по цена од 200 денари, а годинава нема организиран бесплатен автобуски превоз од Велес за Стоби и назад. Фестивалот е подржан од Министерството за култура и Општина Велес која годинава организацијата на фестивалот, со одлука на Советот, му ја даде на велешкиот народен театар. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПрекин во работата на „Revolut“„Revolut“, една од најпознатите дигитални банки, денес се соочува со сериозни технички проблеми, поради што корисниците во бројни земји имаат потешкотии при пристапот до своите сметки или при вршењето трансакции.Пријавени се проблеми со отворањето на апликацијата, најавувањето на корисничките сметки и плаќањето со картички. Од „Revolut“ потврдија дека постои прекин кој влијае на неколку нивни услуги и наведоа дека нивните инженери работат на решавање на проблемите. Причината за проблемот сè уште не е официјално потврдена, а нема ниту проценка за тоа кога сите услуги ќе се вратат во нормално функционирање. „Revolut“: Средствата и податоците на корисниците се безбедни „Моментално се соочуваме со прекин кој влијае на неколку услуги. Можеме да потврдиме дека средствата и податоците на сите наши корисници се безбедни. Работиме на решавање на проблемот уште од моментот кога беше откриен утрово и им се извинуваме на сите погодени корисници за предизвиканите непријатности“, објавија од „Revolut“ на социјалната мрежа „X“. We are currently experiencing a service disruption affecting multiple services. We can confirm that all our customers’ money and data are safe. We’ve been working to fix the issue since it was identified this morning and apologise to anyone affected and for any inconvenience caused. — Revolut (@Revolut) October 20, 2026 Корисниците пријавуваат дека при обид за најавување во апликацијата добиваат порака за грешка со насока да се обидат повторно подоцна. Некои корисници наведоа дека нивните картички биле одбиени при плаќање во продавници, иако на сметките имале доволно средства.Тагови: Revolut Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
СветНеочекуван потег на Венс: Одбива да му даде поддршка на кандидатот претпочитан од ТрампАмериканскиот потпретседател Џ. Д. Венс во понеделникот одби да каже дали го поддржува реизборот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, иако претседателот Доналд Трамп неодамна јавно му даде поддршка на израелскиот лидер.„Јас ги поддржувам американските кандидати, а во моментов сум фокусиран на изборите во средината на мандатот. Нема да се мешам во израелските избори“, изјави Венс во интервју за новинарот Марк Халперин, додека се наоѓаше во авионот „Ер форс ту“ . Сепак, претходно оваа година, Венс отпатува во Будимпешта за да му даде поддршка на Виктор Орбан – кого исто така го поддржа Трамп – пред изборите во Унгарија. Долгогодишниот унгарски премиер ги загуби тие избори. Венс изјави дека не е ниту „за“ ниту „против“ давањето поддршка за Нетанјаху. „Не сум против тоа да го поддржам. Но, не сум ниту ’за‘. Нема да се мешам во израелските избори“, изјави Венс. И Трамп претходно избегнуваше да му даде поддршка на Нетанјаху. „Веќе не се мешам во израелската политика“, изјави Трамп за списанието „Тајм“ претходно овој месец. Сепак, во саботата, Трамп отворено го поддржа Нетанјаху, нарекувајќи го „премиер-голем воин“ во објава на социјалните мрежи. Очигледното дистанцирање на Венс од Трамп – кое се манифестира преку неговото одбивање да го поддржи израелскиот премиер – доаѓа само неколку дена пред изборите во Израел. Во меѓувреме, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет пристигна во земјата во ненајавена посета, според два извори запознаени со ситуацијата и еден американски функционер. Во понеделникот вечерта, Хегсет се сретна со Нетанјаху и со израелскиот министер за одбрана Израел Кац, што го потврдија еден израелски извор запознаен со деталите од средбата, како и уште еден извор запознаен со разговорите. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Џеј Ди Венс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
ЕвропаГерманија има милијарди, но нема кој да работиГерманија планира големи инвестиции во инфраструктурата, одбраната и дигитализацијата. Сепак, студија на Германскиот институт за економија предупредува дека веќе постои недостиг од околу 148.000 квалификувани работници потребни за реализација на овие проекти, пренесува „Дојче веле“. Германија располага со огромна сума од половина трилион евра во посебен фонд за модернизација на инфраструктурата, но недостигот на квалификувана работна сила го попречува трошењето на овие средства. Парите сами по себе не се доволни, се наведува во студијата на Германскиот институт за економија (IW) со седиште во Келн, објавена во понеделникот, 19 октомври. Недостигот е најизразен во техничките професии „Успехот на овие проекти во голема мера зависи од тоа дали ќе има доволно квалификувани стручњаци за нивно планирање, изградба и управување“, се вели во извештајот. Токму тука се појавуваат неизвесности, особено во однос на занимањата во областите на инфраструктурата, енергетската транзиција и дигитализацијата. „Ако занимањата што се преклопуваат се бројат само еднаш, во периодот од јули 2025 до јуни 2026 година постои просечен недостиг од 148.047 квалификувани работници, кои се потребни за спроведување на инвестициската програма. Овие три групи на занимања сочинуваат 44 отсто од вкупниот недостиг на квалификувана работна сила.“ Особено голема е побарувачката за електричари, машински техничари и монтери Според истражувачите од Келн, најголем недостиг има во техничките професии. „Тука спаѓаат електричните инсталации во градежништвото, санитарните системи, греењето и климатизацијата, електротехниката за индустриски објекти, како и машинството и одржувањето на постројки.“ Авторите на студијата истакнуваат дека постои особено акутен недостиг на работници со стручни квалификации. Тие предвидуваат дека огромните инвестиции дополнително ќе го влошат недостигот на работна сила, бидејќи потребните кадри нема едноставно да се појават сами од себе, освен ако државата не преземе соодветни мерки. Германија очекува економски раст поттикнат од државни инвестиции Владата – заедно со водечките економисти и Меѓународниот монетарен фонд – неодамна значително ги зголеми своите прогнози за растот на германската економија. Ова се должи на зајакнувањето на извозот, но првенствено на обемните државни инвестиции во инфраструктурата и одбраната, кои во текот на наредните години ќе достигнат вкупна вредност од еден трилион евра. Се предвидува дека БДП ќе порасне за 1,3 отсто оваа година и за 1,1 отсто во 2027 година. До 2028 година, се очекува растот да забави на 0,6 отсто. Стареењето на населението дополнително го усложнува проблемот Недостигот на работна сила е последица на стареењето на населението и недостигот од помлади генерации – јаз што може само делумно да се надомести преку имиграција. Германскиот институт за економија (IW) го смета ова за еден од најзначајните структурни предизвици за Германија. „На краток рок, непополнетите работни места значат изгубено создавање вредност, на долг рок, тие доведуваат до послаб иновациски потенцијал и побавен економски раст“, се наведува во анализата. Минатата година, 54.000 места за стручна обука во различни професии останаа непополнети, додека речиси 40.000 кандидати не успеаја да обезбедат место за обука во областа што ја посакуваа. Приватниот сектор заостанува со инвестициите „Сосема е соодветно државата да го надомести недостигот од инвестиции“, вели Михаел Гремлинг, раководител на одделот за истражување на економските трендови при Германскиот институт за економија (IW). „Сепак, јавната потрошувачка не може да ги замени приватните инвестиции кои се неопходни за одржлив раст.“ Според него, владиниот самит за инвестиции – кој започна во понеделникот – претставува чекор во вистинската насока, бидејќи има за цел да привлече приватен капитал во Германија. Според друго истражување на „IW“, подготвеноста на приватниот сектор за инвестирање е слаба во последните години. Истражувањето покажува дека, од почетокот на 2020 година, германската економија се соочува со недостиг од инвестиции во вредност од стотици милијарди евра, предизвикан од пандемијата на коронавирусот, војната во Украина и конфликтите на Блискиот Исток. Германија се соочува со инвестициски јаз од 420 милијарди евра Компаниите инвестирале приближно 470 милијарди евра помалку отколку што би можело да се очекува врз основа на долгорочните трендови. За разлика од нив, државата инвестирала околу 50 милијарди евра повеќе. Сè на сè, ова резултира со проценет недостиг на инвестиции од околу 420 милијарди евра. Во вториот квартал од оваа година, приватните инвестиции останаа за повеќе од десет отсто под годишниот просек забележан во 2019 година. Јавните инвестиции, пак, беа за околу 20 отсто поголеми отколку тогаш. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook