Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
1Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
КултураСо праизведба на „Мачкина глава“ Драмски ја одбележува 80-годишнината на театаротНУ Драмски театар Скопје во осумте децении театарско творење е добитник на сите релевантни награди, признанија и одликувања во областа на културата и театарската уметност, како во бившата СФРЈ, така и во Република Македонија. „Пред точно 80 години, на 21 април 1946 година, по формирањето на Куклената сцена, во тогашниот Македонски народен театар изведена е премиерата на куклената претстава „Силјан Штркот“ работена по мотивите на Марко Цепенков, а во адаптација и режија на Петре Прличко“ – рече директорот Роберт Вељановски на денешната прес-конференција по повод 80-годишнината на Драмскиот театар. Фактографските податоци за денешната НУ Драмски театар Скопје говорат дека корените на своето формирање институцијата ги влече токму од оваа премиерна изведба и овој датум го чествува како датум на своето формирање. До 1949 година театарот опстојува како Куклена сцена при МНТ, а во 1949 година прераснува во самостојна установа со називот Градски куклен театар со простории во тогашната Женска гимназија. Една од клучните години за формирањето на Драмскиот театар е 1958 година. Тогаш се направени сериозни концептуални исчекори и наместо кукли, на сцената се појавуваат живи актери. Овој нов концепт го отворил патот за создавање на алтернатива во театарското творештво во Скопје, дотогаш базирано само на работата на Македонскиот народен театар, но и пошироко, во Македонија. Истата година променет е називот на установата од Градски куклен театар во Младинско-детски театар. „На 4 март 1965 година Театарот се вселува во новата театарска зграда во населбата Карпош II. Тоа е последната и круцијална фаза од формирањето на установата која денес го носи називот НУ Драмски театар Скопје. Со додавката ДРАМСКИ, пред името на постоечката установа, се наговестува суштинска промена во ориентацијата на театарот, кој пред себе има поставено цел да стане нов, актуелен и современ театар, пандан на театрите во другите главни градови на Републиките од тогашната федерација. Во 1967 година установата го менува називот во Драмски театар. Успесите на Драмскиот театар на ниво на југословенската федерација, го устоличуваат овој театар како најрелевантна театарска установа во Републиката“ ̶ појаснува Вељановски. НУ Драмски театар Скопје во осумте децении театарско творење е добитник на сите релевантни награди, признанија и одликувања во областа на културата и театарската уметност, како во бившата СФРЈ, така и во Република Македонија. НУ Драмски театар е одликувана од двајца претседатели: во 1976 година претседателот на СФРЈ, Н.Е. Јосип Броз го одликува Драмски театар со Орден заслуги за народ со златна ѕвезда, а во 2016 година претседателот на Република Македонија, Н.Е. проф. д-р Ѓорѓе Иванов ја одликува НУ Драмски театар со Орден за заслуги за Македонија. Денешниот голем јубилеј Драмски ќе го одбележи со праизведбата на „Мачкина глава“ од авторот Венко Андоновски во режија на Дејан Пројковски. Вечерашнава премиера во аналите на театарот ќе биде забележана како 461. премиерна изведба на Драмски. Проф. д-р Венко Андоновски, македонскиот романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар, теоретичар на литературата и културата на денешната прес-конференција изрази големо задоволство што ја добил довербата и честа неговиот текст во режија на Дејан Пројковски да биде одбран токму за прославата на 80-годишнината на Драмскиот театар Скопје. Тој оддаде признание не само на актерскиот и уметничкиот тим што ја работел последната претстава туку тој потсети и на илјадниците други автори, режисери, сценаристи, костимографи, творци на музиката, скулптурите, идејните решенија, шивачите, шминкерите и сите останати чинители, замислувајќи ги како „еден мал град“ што неуморно твори во процесот на подготовките на претставите во изминатите 80 години. За текстот на „Мачкина глава“ Андоновски ја добил наградата на ЕУРОДРАМ ̶ за најдобри драми во Европа во 2022 година. Авторот денес ја сподели помислата дека: „Се прашував дали е возможно денес да се напише ‘Диво месо’ од Горан Стефановски. Ги задржав контурите на ‘Диво месо’ и во ‘Мачкина глава’ се обидов да го искажам крикот на денешниот свет. Свет на војни и цивилизациски неразумности на релација Исток ̶ Запад во кој ние како општество, цивилизација и култура сме на граничникот“. Режисерот Пројковски кажа дека текстот е интересен и податлив за работа: „Тој нуди одлична матрица за градење на ликовите во претставата“. Режисерот очекува одлична претстава која ќе биде резултат на нивните средби, размена на енергии и светогледи. „Форматот на текстот има широчина во светската и домашната политика и промовира вредности.“ Претставата е работена како постмодерна базирана на два пола, традицијата и катарзата во која се преклопуваат личната среќа и љубовта, страсти, желби и соништа на „малиот човек“ ̶ појасни режисерот Пројковски. Во уметничкиот дел од тимот што ја подготвува праизведбата на претставата „Мачкина глава“, режисерот соработуваше со сценографот Валентин Светозарев, костимографката Марија Пупучевска, асистентка на костимографката е Марија Ѓоргиевска, а музиката во претставата ја компонираше Горан Трајкоски. Скулптор е Ангел Петровски, а фотограф Драган Гајиќ. Инспициент во претставата е Жарко Намичев, а суфлерка е Милка Анчевска. Ликовите во претставата „Мачкина глава“ и актерска екипа се: Спиридон - Рубенс Муратовски, Марија - Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Ѕвездан - Филип Трајковиќ, Симон - Александар Степанулески, Сара - Сара Климоска, Џорџ - Игор Ангелов, Мериен - Сања Арсовска, Штерјо - Златко Митрески и Панзо - Предраг Павловски. Премиерата на претставата „Мачкина глава“ е втора претстава од Годишната програма за работа на театарот, поддржана од Министерството за култура и туризам за 2026 година. По денешнава праизведба, претставата „Мачкина глава“ ќе биде на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје веќе на 25 и 30 април. Драмски театар СкопјеТагови: Драмскиот театар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика БританијаЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области. Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството. На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави. Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаСДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистинатаПратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. „Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Други спортовиЕвропско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент. Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.Тагови: кикбокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16