Средба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
2Средба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
КултураСо помош на ласер , археолозите го откриле најголемиот и најстар комплекс на древните Маи (ВИДЕО)Археолозите откриле монументален комплекс на Маите во јужниот дел на Мексико користејќи ласерско скенирање.Тие се надеваат дека ова спектакуларно откритие ќе обезбеди дополнителен увид во обичаите и културата на заедницата што живеела таму пред 3.000 години. Многумина веќе се запознати со импресивните пирамиди и градовите од древната култура на Маите, како што е „Тикал“ во Гватемала, но многу други монументални градби, куќи, патишта и објекти, аквадукти и тераси сè уште лежат скриени во густите шуми на областа, пишува ДВ. Од 2017 година експертите прелетуваат преку граничната област на Мексико и Гватемала и го скенираат теренот со ласери, со цел систематски да ги испитаат сите потенцијални места. За да се добие подобар увид во животот на древната цивилизација на Маја, тие користат технологија LiDAR, односно оптички мерен инструмент што испушта ласерски зраци. Научниците од Универзитетот во Аризона го откриле најголемиот и најстар познат монументален комплекс на Маите во мексиканската држава Табаско со помош на оваа технологија. Откриле дека 21 церемонијални предмети се кријат под површината. Зградите имаат слични структури, но се разликуваат во димензии. Комплексот, наречен Агуада Феникс, зафаќа правоаголна површина долга 1400 метри и со ширина од 400 метри, а најстарите градби би можеле датираат од пред 3200 години. Различен е од другите структури на Маите, како што се пирамидалните градби од класичните и доцните класични периоди. Експертите исто така посочија дека досега не ги забележале скулптурите на поединци кои можеби имаат повисок статус од другите локални жители и затоа претпоставуваат дека културата на Маите во нејзините најрани фази била општество без класи. "Во подоцнежните периоди се појавија моќни владетели и административни системи во кои на луѓето им беше наредено да вршат одредена работа. Но, во овој постар локалитет не гледаме докази за присуство на моќни елити. Веруваме дека комплексот настанал како резултат на комунална работа", изјави археологот Такеши Иномата, водач на истражувањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУкраинец уапсен во Пула поради подводна саботажа на Руски текУкраинец вчера е уапсен во Пула поради најголемата модерна подводна саботажа.Володимир Журављов, украински државјанин уапсен вчера во Пула врз основа на европски налог за апсење, денеска е изведен пред судот во Пула, судот спроведува постапка за утврдување на идентитетот и одлучува за неговата екстрадиција во Германија. Журављов е донесен во судот со лисици на рацете. Вчерашното апсење на еден украински државјанин во Пула повторно го сврте вниманието на јавноста кон најголемата подводна саботажа во поновата историја. Станува збор за операцијата за уништување на гасоводот „Северен тек“ (кој ги поврзува Русија и Германија) во септември 2022 година; уапсениот е поврзан со Володимир Журављов (во германските медиуми спомнуван и како Володимир З. или Wolodymyr Schurawljow), украински инструктор по нуркање за кого Сојузниот суд во Карлсруе имаше издадено европски налог за апсење. Полициската управа на Истра вчера за хрватски „Индекс“ потврди дека уапсила маж во туристички објект во областа на Пула, постапувајќи по налог издаден од германските правосудни органи. Според неофицијални информации претходно објавени од странски медиуми, Журављов е 44-годишен професионален инструктор за техничко нуркање и нуркање на големи длабочини. Германското сојузно обвинителство го товари за саботажа против уставниот поредок и предизвикување разорна експлозија, а го сомничи дека е еден од поединците кои директно поставиле експлозив на гасоводите на дното на Балтичкото Море; сепак, германските правосудни органи нагласуваат дека важи претпоставката за невиност сè до донесувањето на правосилна пресуда. Според заедничката истрага на германските медиуми ARD, „Зидојче цајтунг“ (Süddeutsche Zeitung) и „Ди цајт“ (Die Zeit), Журављов бил дел од тим што испловил од германското пристаниште Росток во почетокот на септември 2022 година, на изнајмената едрилица „Андромеда“. Истражителите се сомневаат дека нуркачи се спуштиле на длабочина од околу 80 метри во близина на данскиот остров Борнхолм за да постават експлозивни направи што содржеле хексоген и октоген на челичниот цевковод; овие направи ги разнеле три од четирите цевки во системите „Северен тек 1“ и „2“ на 26 септември 2022 година.Тагови: руски гас Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правотоПретседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Ана Павловска-Данева остварија средба со министерот за правда проф. д-р Јетон Шасивари. Во фокусот на средбата беа повеќе актуелни прашања од областа на уставноста, законитоста и функционирањето на уставно- правниот систем. На средбата беше истакнато значењето на отворениот и континуиран институционален дијалог, особено за прашања кои се од заеднички интерес и кои се однесуваат на унапредувањето на владеењето на правото и правната сигурност. Меѓу темите за кои се разговараше беа извршувањето на одлуките на Уставниот суд, законските механизми поврзани со нивното извршување, како и решенијата што се разгледуваат во рамки на подготовката на новиот закон за Судски совет и Кривичен законик. Соговорниците разменија мислења и за актуелните правни и реформски процеси, при што беше нагласена потребата од јасни законски решенија, почитување на уставните надлежности и координирана институционална комуникација за прашања кои имаат пошироко значење за правниот поредок. На средбата беше изразена подготвеност ваквиот институционален дијалог да продолжи и во иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАларм: Северна Кореја лансирала балистичка ракета?Јапонската влада денес објави дека Северна Кореја лансирала проектил за кој се верува дека е балистичка ракета, објави „Кјодо“.Јужнокорејските медиуми, исто така, објавија, повикувајќи се на војската на земјата, дека Северна Кореја лансирала неидентификуван проектил во морето источно од Корејскиот Полуостров. Јужнокорејската војска пред една недела соопшти дека детектирала лансирање балистичка ракета од областа на градот Вонсан на источниот брег на Северна Кореја. Ракетата прелетала повеќе од 700 километри, а Здружениот штаб на јужнокорејската армија соопшти дека анализата на нејзините карактеристики сè уште е во тек. North Korea fires possible ballistic missile over Sea of Japan https://t.co/LcpQDo0bxD — The Right News, Right Now. (@BradPorcellato) August 20, 2026 Тагови: ракета Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter