3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЖивотСо помош на еден трик од Тикток, оваа жена се обиде да изгледа визуелно повисоко (видео)Самодовербата е нешто што нè прави особено привлечни и сигурни во себе, а кога ни недостасува, ја немаме најдобрата слика за себе. Речиси не постои жена која е целосно задоволна со себе, а на сето тоа најмногу влијае модерната технологија која нуди нови трендови за убавина кои многу девојки не можат да си ги дозволат. Лаура Меџиа е тиктокерка која на оваа мрежа ја следат околу 1,8 милиони лица. Таа неодамна сподели видео на кое покажа како својата висина да ја зголемите визуелно со помош на еден трик. Имено, Лаура покажа како меѓу луѓето во Азија станал популарен трендот со лажни папоци, или тетоважи кои визуелно ја издолжуваат вашата фигура. Оваа инфлуенсерка откри дека со поставување на папокот повисоко, вашето торзо изгледа подолго. Иако признава дека тоа е најчудното нешто што го пробала во животот, девојката лажната тетоважа ја притиска на стомакот, а потоа ја попрскува со вода и чека да се залепи. И самата е зачудена од конечниот резултат. - Чувствувам дека изгледам пошироко наместо повисоко, но тоа е затоа што сум луда – почнува да вика оваа девојка и несигурно прашува дали трикот воопшто успеал. Девојката ги прашува своите придружници што мислат за овој трик, а меѓу нив има поделени мислења. Додека некои велат дека тоа воопшто не изгледа „чудно“, други се скептични. - Дали е до мене, или лажниот папок прави да изгледате пониско наместо да ве издолжи? - Мислам дека воопшто не личи на папок. - До мене ли е или оваа изгледа пониско? - Не, никако. - Жал ми е што ти противречам, но тебе ти се допаѓа тој папок – беа дел од коментарите на нејзините придружници. @lauramejiar No se si funciona que dicen uatedes ? #maquillaje #hacks #viral #trending #foryou #parati ♬ original sound - Laura Mejia На многумина, овој трик не им се допаднал, па препорачуваат да се држиме до природниот изглед и да го прифатиме своето тело. Имаше и такви кои ѝ рекле дека тетоважата со „папокот“ ја поставила превисоко и дека овој трик не делува исто кај сите, туку напротив, некои ги прави визуелно пониски или како што самата инфлуенсерка кажа: „прави да изгледаат пошироко“. Овие и слични трикови станаа вирални на социјалните мрежи, па помладите генерации сакајќи на каков било начин да го променат својот изглед, посегнуваат по привремени решенија, но, како што се чини, тоа е контрапродуктивно. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИсламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација Исламскиот младински форум – Скопје ги отфрла обвинувањата во кои се поврзува со организација од Македонија што се најде на египетската листа на терористички организации. Во допис насловен како јавен демант, скопското здружение најави дека ќе поведе судски постапки и ќе бара надомест на штета од оние за кои ќе се утврди одговорност за ширење невистинити и штетни тврдења. „Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата“, се вели во демантот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНовак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст. Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами. Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула... View this post on Instagram A post shared by Aman (@aman) Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаЃорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава. - Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter