Со поддршка од ЕУ подобрен е туристичкиот потенцијал во општините Дојран и Конче - Канал 5

Со поддршка од ЕУ подобрен е туристичкиот потенцијал во општините Дојран и Конче

Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), финансиран од Европската Унија, денес ги посети општините Дојран и Конче.

Со поддршка од ЕУ подобрен е туристичкиот потенцијал во општините Дојран и Конче

Во Дојран негов домаќин беше градоначалникот Анго Ангов, со кого заедно ја промовираа новата инвестиција поддржана од ЕУ за изградба на зелена рекреативна зона, детски игралишта, парк за миленици во самиот центар на Стар Дојран како и уредување на летната сцена.

"Дојран е атрактивен како за домашните така и за транзитните туристи, а бројките на посети растат од година во година. Со новата инвестиција преку пот-проект „Дојран – туристички бисер вo Југоисточна Македонија", која чини околу 650.000 евра, а е финансиран од Европската Унија, се добива нова рекреативна зона во која туристите и мештаните ќе можат да се опуштат и да уживаат во секој период од годината. Овој простор кој со години беше запуштен и даваше неубава слика за Дојран, сега е урбанизиран и реновиран по најнови европски стандарди. Добивме нови содржини со урбана опрема, нови детски игралишта, игралиште за миленици, летниковци, места за спортување и релаксација, како и ново осветлување кое недостигаше во тој дел. За овој проект добивме многу позитивни реакции, па очекуваме да придонесе привлекување на уште повеќе туристи", изјави градоначалникот Ангов.

"Со новите и реконструирани содржини во општина Дојран, кои се реализирани со финансиска поддршка од Европската Унија, се придонесува за зајакнување на туристичките потенцијали на оваа интересна и автентична езерска општина, која ја карактеризира богата историја и култура, медитеранска клима и добрата храна. Покрај изградбата на паркот, пот-проектот опфати и реконструкција на пристапна улица и санирање на летната музичка сцена со цел да се создаде дополнителен простор за организирање на разни музички и културни настани, но и да се овозможи подобра туристичка понуда за посетителите на ова симпатично гратче покрај Дојранското езеро", изјави пред присутните Евроамбасадорот Гир.

На враќање од Дојран кон Скопје, амбасадорот Гир ја посети и општина Конче - мала рурална општина во централно-источниот дел на Македонија која изобилува со природни убавини и историски локалитети кои вреди да се посетат. Општина каде благодарение на инвестициите спроведени преку Проектот за локална и регионална конкурентност, финансиран од Европска Унија беше овозможен подобар и полесен пристап до езерото Мантово, уредување на овој туристички локалитет како и мапирање и обележување на две пешачки патеки со што значително се подобрија условите за викенд во природа.

Заедно со градоначалникот на О. Конче, Благој Илиев, направија една кратка прошетка околу езерото Мантово, за кое беше информиран дека во лето температурата на водата е над 26ºC, што го прави погодно за капење и практикување на водните спортови, а дека застапеноста на повеќе видови на риби создаваат добри предуслови за спортски риболов. Издолжените вертикални граматни карпи во близина на ридот Габровска Чука кои се идеални за алпинистичко искачување исто така им го привлече вниманието.

„Навистина ми претставува задоволство што денеска имам чест на амбасадорот Гир да му ги претставам резултатите од спроведениот пот-проект финансиски поддржан од Европската Унија во износ од околу 300.000 евра. Создадени се нови можности за пешачење до локалитетот Габрешка чука, уредено е местото викано „Влашки колиби", а воедно е подобрена и патната инфраструктира до Езеро Мантово. Со ова им овозможивме на посетителите подобри услови за прошетки во природа, рекреативни спортски активности околу езерото, пикник со најблиските и уживање во природните убавини. Недопрената природа, чистиот воздух и здравата храна се само мотив повеќе за туристите да го посетат Езерото Мантово и Општина Конче. Очекуваме, спроведените активности да поттикнат дополнителни приватни инвестиции кои ќе ја унапредат туристичката понуда во нашата општина." - изјави градоначалникот Благој Илиев.

Проектот за локална и регионална конкуретност е водечки проект за развој на туризмот во државата преку кој се поддржани 57 потпроекти кои ги спроведуваат општини, микро и мали претпријатија, како и асоцијации кои работат во областа на туризмот во сите 10 туристички дестинации низ земјава. Целта на проектот е да го зголеми учеството на туризмот во локалниот економски развој преку подобрување на инфраструктурата, унапредување на капацитетите за сместување и угостителство, збогатување на туристичката понуда и зголемување на конкурентноста на туристичкиот сектор.

Проектот за локална и регионална конкурентост е финансиран од Европската Унија и Владата , се администрира од страна на Светска Банка, а се спроведува од страна на Кабинет на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.

Што значи ова за граѓаните? Ако уплатата во вториот столб не се уреди со друга одредба во овој или во друг закон, сите придонеси би останале во првиот столб, во Фондот за ПИОМ.

Ако остане вака, ова значи дефинитивно рушење на вториот пензиски столб.

Криминалната власт ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои членуваат во вториот пензиски столб.

Фондот за ПИОМ е доведен во сериозно тешка финансиска состојба. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра. Во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се тие пари, власта не даде одговор.

Ова се пари на работниците. Ги заработиле со својот труд и секој месец ги издвојуваат од своите плати за идните пензии.

Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори.

Зошто се предлага бришење на членот 120? Каде ќе одат придонесите што сега се уплаќаат во вториот столб?

Кој ќе одговара што ПИОМ со месеци нема префрлено 50 милиони евра иако му се законска обврска?

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

YouTube video

Скопје, 22.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Регистриран земјотрес во Србија

Земјотрес со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди околината на Горњи Милановац рано утринава, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија. 

Регистриран земјотрес во Србија

Според Заводот, земјотресот се случил околу 5 часот и 25 минути, на длабочина од 12 километри.

Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат поголема материјална штета во епицентралното подрачје.

Сепак, жителите на овој дел од Србија го почувствувале потресот – најверојатно оние што биле најблиску до епицентарот – и го коментирале настанот на социјалните мрежи.

„Има ли некој буден што се разбудил од земјотресот утрово?“, напиша еден корисник. „Јас бев буден, точно во 5:25“, потврди друг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната

На граничниот премин Ќафасан денеска беше промовиран системот „One Stop“ за заедничка гранична контрола меѓу Македонија и Албанија, во присуство на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, и албанскиот премиер, Еди Рама.

Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната

Со воведувањето на овој систем се заокружува процесот на воспоставување заеднички гранични контроли со соседните држави кои не се дел од Шенген-зоната, по успешната имплементација на моделот „One Stop“ со Република Србија и Република Косово.

Станува збор за значаен чекор во модернизацијата на граничното управување, кој овозможува поедноставени процедури, побрз проток на патници и возила и намалување на времето на чекање на граничните премини, без притоа да се намалат безбедносните стандарди и контролите.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека воспоставувањето на системот „One Stop“ со Албанија претставува исполнување на уште еден важен приоритет на Министерството за внатрешни работи, насочен кон олеснување на движењето на граѓаните и унапредување на регионалната поврзаност.

„Со воведувањето на системот 'One Stop' со Република Албанија го заокружуваме она што го започнавме со Србија и Косово – воспоставување современ модел на заеднички гранични контроли со сите наши соседи надвор од Шенген-зоната. Нашата цел е едноставна: граѓаните да поминуваат побрзо, да нема непотребни задржувања, а граничните служби да работат поефикасно и покоординирано. Границите треба да бидат безбедни, но истовремено и функционални, особено во време кога мобилноста на граѓаните, туризмот и економската соработка постојано се зголемуваат“, истакна Тошковски.

Дека ваквиот модел дава конкретни резултати покажува и досегашното искуство со Република Србија. На граничниот премин Табановце, каде што системот „One Stop“ беше воведен во јули 2025 година, времето на чекање во одредени периоди е намалено од неколку часа на околу 30 минути, и покрај зголемувањето на бројот на патници за 15 до 20 проценти.

Позитивните искуства од заедничките контроли со Србија, како и од граничните премини Блаце – Хани и Елезит и Јажинце – Глобочица со Република Косово, претставуваат основа за натамошно унапредување на граничното управување и со Република Албанија.

Со новиот систем на Ќафасан се овозможува координирано спроведување на граничните проверки на едно место, со што се избегнува непотребното повторување на процедурите и се создаваат услови за побрз и поефикасен премин на границата.

Ова е особено значајно за граѓаните на двете држави, за туристите и за превозниците, имајќи го предвид интензивниот сообраќај на овој граничен премин, особено во летната туристичка сезона. Покрај олеснувањето на патувањето, системот придонесува и за подобра координација меѓу граничните служби, поефикасна размена на информации и зајакнување на прекуграничната соработка.

Министерството за внатрешни работи продолжува со активности за модернизација на граничните премини, дигитализација на процедурите и унапредување на соработката со соседните држави, со цел обезбедување побрз проток на патници и стоки, повисоко ниво на безбедност и подобри услуги за граѓаните.

Воведувањето на „One Stop“ со Албанија е уште еден конкретен резултат на регионалната соработка и потврда дека со заеднички решенија границите можат да станат побрзи, поефикасни и побезбедни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер