Со победа против Чиле, Македонија се пласира во втората фаза на СП - Канал 5

Со победа против Чиле, Македонија се пласира во втората фаза на СП

Македонската ракометна репрезентација запиша победа против Чиле и се пласира во втората фаза од светското првенство во Египет.

Со победа против Чиле, Македонија се пласира во втората фаза на СП

Сениорите со победа против Чиле (рез. 32:29) се пласираа во главната групна фаза на СП.

Сениорите ќе бидат дел од групата 4, а противници ќе им бидат репрезентациите на Словенија, Русија и Белорусија.

Датумите за одигрување на овие натпревари се 20, 22 и 24 јануари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе има ли предвремени парламентарни избори догодина?

Владата е за редовни избори, но ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и за предвремени парламентари- вели премиерот Христијан Мицкоски, кој смета дека се можни сите сценарија, кога веќе е поминат половина од мандатот на Владата. 

Ќе има ли предвремени парламентарни избори догодина?

Ако опозицијата побара, уверува дека ќе излезат на изборно соочување на кое е убеден дека повторно ќе победат.

-Јас само сакам да констатирам факт дека ние влегуваме во втората половина на мандатот, и политички умно е кога ќе влезете во втората половина од мандатот да бидете подготвени на секакви сценарија. Ние сме кажале дека опција која ја преферираме како Влада е редовни избори во 2028 година, но сме подготвени секогаш како политичка партија, доколку тоа опозицијата го бара, да излеземе на терен и повторно да победиме.Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Од оппозициската СДСМ реагираат дека премиерот го менувал својот став за изборите. „ Ова не е прв пат Мицкоски да ја менува приказната според моменталната потреба. Има двајца Христијан Мицкоски. Додека имаше пари и можност да се задолжува, Мицкоски тврдеше дека избори нема да има. Сега, им снемува пари, не може да ја задолжува државата и граѓаните колку што сака, одеднаш изборите вели дека се „многу скоро“. – пишува во соопштението на СДСМ.

Во меѓувреме, од следната недела, коалициските партнери Мицкоски, Касами, Меџити и Димитриевски ќе кројат планови за владината реконструција. Од кого премиерот е незадоволен и кој се ќе биде опфатен се уште нема официјални информации. На брифинг со новинарите министерот за здравство Азир Алиу кажа дека не очекува тој да е еден од министрите кои ќе ја напуштат позицијата и изјави дека за него било најважно што сработил, а не колку време бил на функцијата.

-Секој министер или вредноста на министерот не се цени со колку време он бил министер на една функција, туку колку работел или имал чест да раководи со таа функција. Исто е и денеска, јас и да бидам уште еден ден министер, уште една недела или уште една година или две години, тоа воопшто не ми значи ништо. А ми значи колку сум работел, колку позитивни процеси во здравството имало.Азир Алиу – министер за здравство

Сите дилеми околу реконструкцијата според најавите треба да расчистат до крајот на овој месец. Единствено се знае дека треба да се назначи вицепремиер за добро владеење, по оставката на Арбен Фетаи, кој според копретседателот на Вреди, Изет Меџити, ќе добие нова функција во Брисел како специјален претставник на македонската Влада.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Армијата домаќин на Втората конференција за заедничка обука за „Страјкер“

Во период од  9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје, се одржа  Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила „Страјкер“.

Армијата домаќин на Втората конференција за заедничка обука за „Страјкер“

На конференцијата учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави, (Националната гарда на Вашингтон, Армијата на САД за Европа и Африка, 7. Aрмиска команда за обука и 2. Коњички полк), претставници од Република Бугарија, Американската воена група во Република Македонија и Канцеларијата на одбранбеното аташе на САД.

Конференцијата ја отвори директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Орце Јордев, кој ја истакна посветеноста на Армијата во развојот на способностите поврзани со употребата на возилата „Страјкер“ и нејзината улога како кредибилен НАТО-сојузник.

Во текот на работните сесии беа разгледани националните програми за обука, можностите за унапредување на заедничката рамка за обука, предизвиците поврзани со одржувањето и одржливоста на системите, како и оперативните искуства од употребата на возилата „Страјкер“. Учесниците имаа можност и непосредно да се запознаат со капацитетите на Армијата за обука и одржување на овие борбени возила, како и со плановите за нивен понатамошен развој.

По завршувањето на конференцијата беа усвоени и потпишани заедничките заклучоци, со кои се утврдени насоките за идната соработка и заедничките активности во областа на обуката, одржувањето и развојот на способностите поврзани со „Страјкер“.

Во рамки на конференцијата, началникот на Генералштабот на Армијата,генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари средба со бригадниот генерал Пол Селерс од Националната гарда на државата Вашингтон, на која беше потврдена заедничката заложба за понатамошно унапредување на билатералната воена соработка, размена на професионални искуства и развој на способностите за употреба и одржување на возилата „Страјкер“.

Одржувањето на оваа конференција претставува значаен придонес кон зајакнувањето на интероперабилноста меѓу сојузниците, размената на експертиза и развојот на заедничките способности во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување материјални докази од Обвинителството продолжи судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување материјални докази од обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. 

Со изведување материјални докази од Обвинителството продолжи судењето за пожарот во „Пулс“

Обвинителството презентираше докази за агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушнс“, кои се однесуваат на околностите поврзани со обезбедувањето на објектот, планот за надзор и на преземени и непреземени обврски.

Во судницата беа презентирани и дозволата за работа на „Рубикон“ и листата на вработени, како и фотодокументација и докази обезбедени од претресот на канцеларијата на „Рубикон“. Во пожарот во Пулс загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер