Со песна за здрав живот, Србија оди на Евросонг 2022 (ВИДЕО) - Канал 5

Со песна за здрав живот, Србија оди на Евросонг 2022 (ВИДЕО)

Ана Ѓуриќ Констракта е овогодинешниот претставник на Србија на Евровизија во Торино, а веднаш по објавувањето на победата пејачката им се обрати на присутните новинари.

Со песна за здрав живот, Србија оди на Евросонг 2022 (ВИДЕО)

„Не очекував победа, ниту толку СМС гласови“, е првото нешто што Констракта им го кажа на насобраните медиуми веднаш по прогласувањето на победникот.

Осврнувајќи се на текстот на нејзината песна „In corpore sano“ и на тоа што во песната споменува дека нема здравствена книшка, претставничката на Србија на Евровизија вели:

„Одам во Италија со приватно здравствено осигурување, немам здравствена книшка, во мојот тим имам лекари од сите области.

Кога станува збор за пораката на песната, Констракта вели:

„Песната не е посветена на починатиот член на „Land of the Grove“, кој почина без здравствено осигурување.

Да потсетиме, годинава на 66. Избор за песна на Евровизија во Италија ќе настапат претставници од 41 земја. Полуфиналните натпревари ќе се одржат на 10 и 12 мај, а големото финале на 14 мај во салата Пала Олимпико во Торино, објави Курир.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно Иран и САД разменија оган, цените на нафтата пораснаа утринава

Иран лансираше „повеќе“ балистички ракети во „обид за ненадеен напад“ врз американските сили на Блискиот Исток, соопшти американската војска, со што се прекина затишјето во борбите.

Повторно Иран и САД разменија оган, цените на нафтата пораснаа утринава

Сите ракети беа „успешно пресретнати“, соопшти централната команда на сад . Иран соопшти дека целта била американска база во јордан.во меѓувреме, американската војска и силите на Саудиска Арабија ги нападнаа „терористите поврзани со Иран“ во Ирак, како одмазда за нападите со беспилотни летала. Новите напади ставија крај на краткиот прекин на непријателствата меѓу САД и Иран, кој имаше за цел да ги врати преговарачите на масата за преговори.

Иранската исламска револуционерна гарда, исто така соопшти дека погодила три танкери за нафта во Ормутскиот теснец, според новинската агенција ТАСНИМ.

Цените на нафтата пораснаа утринава поради загриженоста дека ескалацијата на конфликтот би можела дополнително да го наруши транспортот на енергија низ теснецот.

Во утринското тргување во Азија, глобалната референтна цена на суровата нафта од типот брент порасна за 4,3% на 87,70 долари за барел, додека нафтата што се тргува на американскиот пазар беше повисока за 4,2% на 82,62 долари.

Најновите напади се совпаднаа со посетата на израелскиот премиер Нетанјаху на Вашингтон, каде што се сретна со Трамп во Белата куќа и присуствуваше на погребот на американскиот сенатор Линдзи Греам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со температура до 38 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Сончево и топло со температура до 38 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без вода дел од општина Ѓорче Петров

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:40 часот до завршување на работните активности.

Без вода дел од општина Ѓорче Петров

Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „Ѓорче Петров“ со булевар „Македонска Војска“ прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ѓорче Петров“, булеварот „Македонска Војска“, „Виа Игнатиа“, „Мице Козар“, „Стоби“, „Александар Мутурков“, „Крсте Гермов-Шакир“ и дел од „Шидска“.

притисни ентер